Проект: Velomobile

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Читав некаде за тоа полнењето на електричните автомобили. Наводно за полнење му требало од 12-15 минути. :)

Да и тие се некакви полимерни батерии што се 20 000 долари парче :) ?

Ако беа литумски, пак ќе ти требаат 1 саат или 2
 
1) Интерес ќе побудиш кај оние т.н. практични луѓе и кои ја следат новата технологија. Доколку им понудиш електрично возило тие прво што ќе размислат е колку километри ќе поминат со едно полнење и второ колку пари ќе ги кошта за да го наполнат да ги поминат тие километри. Да не зборувам за тоа колку време ќе траат акумулаторите и која е поединечната цена на секој акумулатор. Најефтиниот акумулатор е само 2500 денари. 4 акумулатори да имаш и тие да цркнат се 10 000 денари, што е можеби цел нов кинески бензински мотор или пола :)

2) Како ќе се одвива полнењето? Ќе им речеш „го штекаш на домашната мрежа и чекаш 8 саати да се наполни“. Супер! Ама тие што немаат такви услови? Каде ќе полнат тие? Јас ете немам. И да ми го понудиш за 500 евра јас немам каде да го полнам и паѓа во вода.


Доколку ми дадеш 3 варијанти ќе имам да избирам за мои потреби:

- Бензински мотор
- Бензински + LPG
- Електричен погон

И воала ќе си се најдам себе си во една од трите групи.

Да правиш хибрид, можеби ќе успееш но не ми се верува дека тоа е можно, но и да е биде, ќе биде енормно скапо.

хибридот е добра работа и лесно остварлива во ова возило... СЕ СЕКАВАШ ЛИ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА НА ЕЛЕКТРИЧЕН МОТОР ВО ТРКАЛО? кај е линкот? дај да му го покажеме на човекот ова...
 
Да де, Фердинанд Порше уште во 1903 или 5 година не знам.

Ама скапо ќе биди тоа е то...
 
едит...

го најдов линот ама видеото е тргнато...

доколку не знаеш за која техмологија е ова (не мислев на тебе фолци) тоа беше технологија на вграден електричен мотор во самото тркало. се вградуваа 4 мотори во сите 4 тркала за едно пежо на пример 206 или саксо. и се добиваше мокност да може возилото да иде до 100 на саат. со соодветна електроника и кочењето беше преку истиот мотор, кој воедно е и генератор. значи кога почињаш да успоруваш, залетувањето на возилото беше искористено за враќање на дел од струјата која е потрошена повторно преку тие мотори кои сега произведуваат струја и ги полнат батериите. однсот не потрошено и вратено од 0 до 100 беше 30-70 проценти. значи во суштина возилото на овој начин врака или си го продолжува периодот на работење за уште 30%... многу јака работа, а плус со оваа технлогија, со вграден електро мотор во задното тркало, имаш опција да направиш хибрид кој ке се вози и на бензин (да речеме 150 кубика) и на струја, зашто секое кочење дури се вози на бензин, е уствари полнење на акумулаторите, набашка тоа што ке си го полниш со полнач. значи на секои поминати 100 километри ти ке имаш струја за да возиш уште 30 километри АПСОЛУТНО БЕСПЛАТНО. што да се разбереме не е за фрлање воопшто, би рекол и дека е одлично... само интересна е цената колку би излегло сето тоа... бензински мотор од 150 кубика, да речеме кинеска копија на јамаха е околу 350 евра... тука завршува прикаската со тој дел, освен ако не одлучид да му вметнеш плин, кој би коштал околу 300 евра плус. е прашањето на цената на електро моторот во тркало е веке исходот на цената на возилото....
 

http://en.wikipedia.org/wiki/Wheel_hub_motor

Мислам дека за овој проект не одговара. Технологијата е сеуште скапа, а и бандашот на задното тркало е танок. Мислам дека најсоодветно е мотор со лпг систем. Јас би играл така.
 
Еве означив каде се тркалата.
Прегледај го приврзокот 36484

Сликата е од Paint? :)

2*l/2... (не е еднакво) на l

Визуелно ти фалат некои 8-10mm.
Или по твои пресметки дека седиштето треба да биде поместено поназад. Мислам дека шасијата треба да биде изведена на друг начин, ама најпрво би сакал да седнеме некаде на кааве, да поразговараме како да стигнеш до симулација на динамичка издржливост со програма која можеме да ја набавиме. :smir:
 
Здраво дечки.
Јас сум студент на Машински факултет, отсек Индустриски дизајн и како апсолвент имам изготвено повеќе проекти, а мојот најнов проект е проектот "Velomobile".
Ја отварам оваа тема со цел да слушнам ваши совети критикi и пофалби за мојата идеја.
Исто така потреебно е да направам истражување на пазарот на конкурентност најпрво на нашиот пазар а на второ место следува и странскиот пазар, а сметам дека еден од начините на истражување е и овој начин, преку кратка презентација на најпосетениот форум во државава наша, секако кајгана форумот, и во зависност од коментарите ке можам да дадам одредена оценка за мојот проект.

Која е мојата идеја?
Инспирацијата за овој проект извира од произоводите кои веке се продаваат во С. Америка а и во западна Европа. Го носат истото има како името на мојот проект, Velomobile.
Промената е во тоа што веломобилите се всушност велосипеди на три тркала или поконкретно трицикли кои имаат оклоп за подобрување на аеродинамичноста и совладување на отпорот од ветер, додека мојата идеја е да се даде на производот аеродинамичен изглед но истовремено изглед на автомобил.
Формата е инспирација од облик на некои од морските риби.
Исто така мојот модел не е велосипед, припаѓа во групата на моторцикли, бидејки предвидено е да има вградено моторо со зафатнина од 150cc.
Исто така веломобилите имаат систем за управување со рачки, јас сметам дека подобро би било управувањето да се извршува преку волан односно системот за управување со полжав и летва,
Веломобилот е проектиран за транспорт на една особа.
Овој изглед секако дека не е конечен, ке има одредени промени во изгледот но и во функциите.

Очекувам ваши коментари.
Прегледај го приврзокот 36307Прегледај го приврзокот 36308Прегледај го приврзокот 36309Прегледај го приврзокот 36310Прегледај го приврзокот 36311Прегледај го приврзокот 36312Прегледај го приврзокот 36313Прегледај го приврзокот 36314

Колега секоја чест за идејата се надевам дека ќе ја реализираш. Доколку ти треба помош околу аеродинамиката можеш да се обратиш на ХПА институтот и со помош на CFD да се направи симулација, малце ако има потреба да се подобри дизајнот. Каши ако треба да ти кажам кои професори да ги бараш, додуша и јас се занимавам малце со Cfd али за ова бара силен компјутер а на факс има, па ако сакаат ќе ти помогнат. Тоа би ти дошло како испитување на аеродинамика во воздушен тунел( незнам колку си запознаен со CFD техниката) за ич пари но сепак со мало отстапуванје од реалноста но доволно блику до неа .
 
Колега секоја чест за идејата се надевам дека ќе ја реализираш. Доколку ти треба помош околу аеродинамиката можеш да се обратиш на ХПА институтот и со помош на CFD да се направи симулација, малце ако има потреба да се подобри дизајнот. Каши ако треба да ти кажам кои професори да ги бараш, додуша и јас се занимавам малце со Cfd али за ова бара силен компјутер а на факс има, па ако сакаат ќе ти помогнат. Тоа би ти дошло како испитување на аеродинамика во воздушен тунел( незнам колку си запознаен со CFD техниката) за ич пари но сепак со мало отстапуванје од реалноста но доволно блику до неа .

Има CFD (салам) опрема во Македонија? :D Браво браво...
ХПА Инстутот на машински така?

1) Која компанија денес работи со изработка на плексиглас во Македонија? Порано знам имаше една во Гостивар ама таа се затвори.
2) @darmon: стаклената површина од што ќе се изработува и каде?
 
Ja kolku so znam HPA institut samo na masinski ima :), a za opremata nekoj so znae neka ti kaze
 
Има CFD (салам) опрема во Македонија? :D Браво браво...
ХПА Инстутот на машински така?

1) Која компанија денес работи со изработка на плексиглас во Македонија? Порано знам имаше една во Гостивар ама таа се затвори.
2) @darmon: стаклената површина од што ќе се изработува и каде?

Ja kolku so znam HPA institut samo na masinski ima :), a za opremata nekoj so znae neka ti kaze

Досега не сум видел, ама можам да прашам. Мислење: и да има, примитивна е опремата. :)
 
Од опрема треба само програми и компјутер така да нема примитивност тука. На машински има моќен компјутер па побрзо ке се добиваат решениа не дека неможе да се реши и на обичен комјутер само повеќе време (ништо страшно). Еве јас имам правено симулација на аеропрофил каде се пределува отпорот и узгонот како и на работа на пропелер и на многу други проблеми и одлични резултати добив. Еве едно линкче може да ѕирнете ова јас сум го сработил.
 
Сега имаме предмет, виртуелно моделирање и динамички симулации кај Ѓурков. Моментално правиме симулација на системот за потпирање кај автомобилите, меѓутоа програмирањето го правиме во МатЛаб, и на крај вршиме анализа на вредностите преку графици како и некоиси RMS вредности (некоиси ги нареков бидејки сеуште не ми е доволно јасна материјата).
Работел ли некој од вас во Матлаб, на некој сличен проект?
 
Сум го користел Матлаб во динамика на објекти и процеси, пресметка на динамика на вентил за гас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom