Здраво дечки.
Јас сум студент на Машински факултет, отсек Индустриски дизајн и како апсолвент имам изготвено повеќе проекти, а мојот најнов проект е проектот "Velomobile".
Ја отварам оваа тема со цел да слушнам ваши совети критикi и пофалби за мојата идеја.
Исто така потреебно е да направам истражување на пазарот на конкурентност најпрво на нашиот пазар а на второ место следува и странскиот пазар, а сметам дека еден од начините на истражување е и овој начин, преку кратка презентација на најпосетениот форум во државава наша, секако кајгана форумот, и во зависност од коментарите ке можам да дадам одредена оценка за мојот проект.
Која е мојата идеја?
Инспирацијата за овој проект извира од произоводите кои веке се продаваат во С. Америка а и во западна Европа. Го носат истото има како името на мојот проект, Velomobile.
Промената е во тоа што веломобилите се всушност велосипеди на три тркала или поконкретно трицикли кои имаат оклоп за подобрување на аеродинамичноста и совладување на отпорот од ветер, додека мојата идеја е да се даде на производот аеродинамичен изглед но истовремено изглед на автомобил.
Формата е инспирација од облик на некои од морските риби.
Исто така мојот модел не е велосипед, припаѓа во групата на моторцикли, бидејки предвидено е да има вградено моторо со зафатнина од 150cc.
Исто така веломобилите имаат систем за управување со рачки, јас сметам дека подобро би било управувањето да се извршува преку волан односно системот за управување со полжав и летва,
Веломобилот е проектиран за транспорт на една особа.
Овој изглед секако дека не е конечен, ке има одредени промени во изгледот но и во функциите.
Очекувам ваши коментари.
Прегледај го приврзокот 36307Прегледај го приврзокот 36308Прегледај го приврзокот 36309Прегледај го приврзокот 36310Прегледај го приврзокот 36311Прегледај го приврзокот 36312Прегледај го приврзокот 36313Прегледај го приврзокот 36314