Ти ... си работел со билборди, да видиш дали е лесно?
Не, пошто не ми изгледа на работа - не сум ни имал особена желба да почнам со таа професија... Али затоа сум шетал и сум носел товар.
Можам да замислам како е да ги носиш на грб низ град, а на нив да пишува „0% камата“. Освен што е ми изгледа понижувачки, сигурно е и исцрпувачки.
Не викам дека не е тешко - напротив. Викам дека е тешко. Баш затоа и прашувам дали се исплати да м'кнеш билборд на грб додека копиљаци од страна ти се смеат и те покажуваат со прст.
Луѓето што носат реклами на грб се впрегнати со јарем - во служба на комерцијалноста.
Баш впрегнати. Како магариња. Сето ова ми изгледа нечовечно и за жалење.
Мене ме иритираат креативците зад ова впрегнување, работодавците (ако воопшто може да се нарече ова работа), а не самите луѓе што го "работат" ова.
Ако толку имаш против рекламирањето, тргни се што имаш на Порталот и Форумот.Еквивалентно на тоа би било - .... НА тој начин, си го продаваш домот за пари (доаѓаат луѓе, а ти имаш ставено слики за кои ти плаќа некој, за луѓето што доаѓаат да ги видат). Бизнис, нели?
Компарацијава нема никаква врска, али океј.
Да, работа е. Платена е. Познавам многу момци кои го работат (работеа) тоа. Нив, не им беше гајле дали некој мисли дека тоа е понижувачки. Да. Им се смееа многумина (што не кренале потешко од пеналко). Но, вечерта исмејуваните имаа пари (добра плата) за срамот што го носеа на плеќи.
Пошто велиш дека познаваш такви момци, ме интересира дали тие момци се обиделе во друго поле и неуспеале, или воопшто не се обиделе да најдат друга работа за истите пари?
Ех, ебати општество. Понижувачки е да работиш чесно.
Главна фаца си ако шиткаш трава на кошеви.
Не е подобро да речеш: "Ебати општеството кое создава работни места со носење табли на грб и плеќи"?
За девијантни лузери кои шиткаат трава на кошеви не дискутираме тука, не мешај баби и жаби.