С
сашенко
Гостин
Јас не би го работел тоа.Млад човек денес може да се снајде на секаков начин да дојде до пари и работа.Ама би се чуствувал како неспособен кога би го работел тоа.Како никаде на светов да нема работа која сум способен да ја работам па сум земал билборд на грб сум качил и како куче скитник шетам по улици.Не се срамам од работа и не ме интересираат реакциите на луѓето кога ке ме видат дури и оние кои ги знам ама едноставно и да ме однесат на место каде никого не познавам сигурен сум дека има нешто друго кое би го работел и каде би можел да се покажам да научам нешто и да напредувам.Нешто што секој млад човек треба да си го има во глава.Ако почнуваш со нешто ново за тебе учи и мисли дека можеш да напредуваш во ова.А кој напредок можеш да го направиш во носењето билборд? Од некоја послаба до поголема фирма да рекламираш?
-Еј мила си дојдов..имам изненадување за тебе, ме унапредија..
Од утре ке носам реклама на Кока Кола низ центар.Дали ти се верува човече КОКА КОЛА!!!
-Еј мила си дојдов..имам изненадување за тебе, ме унапредија..
Од утре ке носам реклама на Кока Кола низ центар.Дали ти се верува човече КОКА КОЛА!!!