Добро Ацид, добро. Постојат луѓе кои мислат дека животот е само шега, па носат билборди. Можеме да ги плукаме, да им се смееме, може Слаткар да напише текст за нив. Може се.
Но, кои сме ние, а во случајов кој си ти да кажуваш дали нешто е работа или не, и дали некој треба да го работи истото или не?
Чувството „понижување“ не би постоело ако нема набљудувачи од типот ОБСЕ како тебе. Во случајов, не знам која ти е поентата.
Ете, ги нагрде момците.
Сакаш да покажиш колку си над нив?
Дека работиш ти, а не тие?
Дека не си роб во општеството, а тие се?
Дека имаш повеќе пари од нив?
Дека си попаметен од нив?
Генерализираш?
АКо да, тогаш не си. Барем не од сите!
Не знаеш кој профил на луѓе се. Не знаеш дали изутринава кога се разбудија се закачија на Форум, или пак, пуштија радио кое фаќа една станица. Не знаеш дали воопшто доручкуваа сабајлето. Не знаеш дали го читаат ТОлкен или пак, читаат весници или Портали. Не знаеш дали имаат пари или не. Не знаеш дали имаат партиска книшка или не. Не знаеш дали можат да најдат друга работа или не. Не знаеш дали тоа за нив е понижувачко или не. Не знаеш ништо за РАБОТА, не знаеш ништо за луѓето.
Според тоа ... доста е. Ја сфативме твојата поента и твојата замисла за светот, кој демек, треба да биде поубав. Можеби ќе беше, ако сите гледаа кој што мисли за него. Ако сите гледаа што има на трпеза кај другиот. Ако сите гледаат кој какви патики носи. Ако сите беа Acid