Tаксират 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Абе тибам работата... не ми се иде таму за дубиоза само... а да беше џајко ко лани :) ДА!
 
Дај бе некој збор два за Winner Fest ќе има ли ќе нема ли се ќути како никогаш и да не постоел!
 
Од пре-таксират настаните само дарквуд даб и фери корстен ми праат мерак, а од главната вечер само дубиоза, така да главната вечер ќе ја пропуштам, на фери идам сигурно, а за дарквуддаб ќе видиме. :)
 
Шо настан е воопшто Винер фестот; првпат слушам за него?

Ѕверски фестивал беше тоа на времето. Млади бендови од земјава и странство свиреа во МКЦ недела дена пред главната вечер и се натпреваруваа за настап на главната вечер. Долги години беше познат како Лузер фест, ама бидејќи ги биеше малер бендовите кои победуваа на лузер фестот го прекрстија во Винер фест. На крај поради сплет на околности (претпоставувам дека е поради идиотот кој беше директор на МКЦ) престана да се одржува Винер фестот.

Инаку Дарквуд даб.... топло препорачувам. Се мислам дали да одам. Ми мириса на заглавување на кредитната картичка... само да видам колку длабоко ќе одам.
И најбитното, денес купив карта :wink:
 
Народе, се гледаме на Таксират, Џентлмен и Дубиоза не се пропуштаат за 600 денари! :)
 
Емовци се на почеток од ходникот до крајот на ВеЦе-то веќ 2 годни по ред... еехеехехахаха.
И две години по ред девојчиња ми доаѓаат и ме терат да стегнам бицепс, а еден од секјурити на секое поминување ми вика “поштујем трицепс“.
Не се трпи тоа хахахахахахахахааеееооох X)
 
Кој што има, со тоа се фали. Мене редовно ме тераат да праам хеадбенгинг, многу убо го праам :)
Единствена моја желба пред овој Таксират е Скопски саем да не се педерчат и да уклучат вентилацијата на максимум бидејќи ќе биде вруќо внатре :)
 
Се гледаме таму, вреди за Оникс и Дубиоза да се оди.:)
 
НАРОДЕ, ЧУЈТЕ И ПОЧУЈТЕ :чукањенатапан:

MANU CHAO LA VENTURA на TAKSIRAT 12!


Некој мрчеше дека Таксират оди во надолна линија?! Туку ми мириса и дека барем 2 пати НТШ ќе ме тресат пред да влезам на саем :pos:
За оние помладите, чисто информативно. Концертот на Ману Чао и Радио Бемба саунд систем на Лизгалиште јуни 2002 е еден од најдобрите концерти кои се имаат случено во Македонија на сите времиња, објективно. Доколку некој се обиде да го побие моето мислење му вадам од ракав шатгани со факти и го пукам бре еј :)
Субјективно НАЈДОБАР.

Значи да резимираме. Дубиоза Колектив, моментално еден од најдобрите бендови на балканот. Џентлмен, извонреден во живо. Ману Чао :cuc:
 
Дајте нешто ново му ебам мајката се исти па исти носите...
 
Mans, збориш за артистиве што ги имаш гледано по балканот, претпоставувам. Ја Џентлмен го пропуштив, а Дубиоза сега се во добра форма, и грев е да се пропуштат. Јас лично ќе ги слушам во живо по трет пат, па ќе напраам споредба со претходните настапи. Ману Чао нема да има толку добар настап ко пред 10 години, ама убо е да се чуе пак.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom