Tаксират 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Ама и секој голем фестивал има повеќе бини нели ?.....Не дека е македонското ајде ке мрчиме за се, ама ипак коа не се дише и не можеш да се мрднеш, коа чекаш три сати за у вц па и налет. Нели на грешките треба да се учи и од година во година да се подобрува. А и тоа со правците демек човек да не се ограничувал на еден правец ми е малце без везе. Па кој може подеднакво да слуша рап, транс, рок, метал и така натака. И барем нека се каже редоследот како ќе биде да не идеме за џабе.

Да, секој фестивал има повеќе бини, но главната бина е составена од големи бендови од различни стилови. Али нема везе, и јас мислам дека подобро е во две хали, али тоа е тоа, ова не е ништо ново.
 
Точно.

Замисли човек што може да ужива во музиката на ману Чао, Paradise Lost, Dubioza Kolektiv, Pekinska Patka, Gentleman, Onyx ...

То ни јапанци не можат да измислат сеуште.

Ама добро.
За добра свиња, нема лоша помија ...

Убаво објасни Тончи. Прв бенд ти го погодуваат, оставаш кичма, втор бенд не ти е по мерак, или излагаш на воздух/цигара (мада и внатре ќе се пуши) или шеташ низ хала ќе се најдеш со некој. Сеа да, не викам дека немаше да биде лошо да има да кажеме 2 стејџа, али што е тука тука е.

Очигледно не сме се разбрале за тоа "лош збор за Таксират годинава." Не мислев на стејџови, озвучување, лајт шоу и слично. За тоа неможам да зборам. Зборам за бендовите. Мене лично ми ги погодија оние бендови што од дамна сакам да им отидам на настап. Сеа за кој како, па и неможе на толку народ да им се погоди програмата секоја година. :)
 
Ај малку copy/paste од ФБ профилот на Пасвор продукција:

ТАКСИРАТ 12 го има фестивалот! Таксират подарокот за Вас е интернационалната сензација MANU CHAO LA VENTURA, последниот трио проект на Ману Чао кој ќе настапи на главната вечер на Таксират на 4. декември во Метрополис Арената.

148841_118243231573957_100001648412300_138302_3519837_n.jpg

Ману Чао во Скопје доаѓа со ексклузивен европски настап, специјално за 12тото издание на Таксират. Неговиот нов бенд е Ману Чао Ла Вентура, уште еден состав во неговата импозантна кариера, како и секогаш – талентиран, полн со животна енергија и панк сензибилитет.

Интернационалната сензација Ману Чао создава и пее на повеќе јазици отколку што човек има прсти, но причината поради која неговата музика е толку многу прифатена има подлабока приказна. Неговиот звук и порака е фантастичен микс на шпанска гитара, салса, реге, француска шансона, панк рок и музички влијанија кои Ману Чао неуморно ги црпи со своите обиколувања на светот. Неговата уникатна музика има и македонски влијанија. Дури и да не го разбирате што кажува, навистина не е важно, Ману Чао зборува на универзален јазик.

Ману Чао имаше настап за паметење пред македонската публика во 2002. година на Скопското лизгалиште, концерт кој сеуште се раскажува. 4ти декември во Метрополис Арената е долгоочекуваната осумгодишна средба со Ману Чао.
76967_118243294907284_100001648412300_138303_3767341_n.jpg

“Новата авантура е La Ventura, трио кое дозволува импровизација и поголема слобода во изведбата. Со само три членови, лесно е да се премине од една песна во друга и да се импровизира во истиот момент, да се влезе во опасност, да се излезе од неа. Многу луѓе рекоа: Ти си луд, бенд без бас е невозможен. Ние го направивме тоа и отидовме во Јапонија, Бразил, Сиетл, Портланд, Сан Франциско и навистина добро се забавуваме на сцена”.

Ману Чао
149958_118243384907275_100001648412300_138304_1667639_n.jpg

Поради големиот интерес за 12тото издание на Таксират, влезниците се во ОГРАНИЧЕН БРОЈ и во претпродажба уште денес и утре ќе бидат по стартната цена од 600 денари, а во четврток (18 ноември) стартува претпродажната цена од 800 денари.

Оваа претпродажна цена ќе важи и за наредните 2000 влезници.

Последните 2000 влезници ќе чинат 1000 денари.

Влезницата на самиот ден на фестивалот ќе чини 1000 денари.


Продажните места се:
Скопје: Југотон, Custom Pub, Чакра, Лајка, Ultra Design Shop, Tobacco Exclusive, La Kana, Kamarad Ramstor, Дамар, Цвеќара Розе Веро 2, Круг (Аеродром), Браво, Пинвица Стар град, Café Café (Лептокарија), SuperFly, Хавана, Tobacco Gogi Drachevo, Castro Битола: Loudness music, Hard Rock Штип: Дом на млади Тетово: Амнезија Охрид: ZZ Top Прилеп: Сидро Струга: Калабалак, Café Album Куманово: Агора Радовиш: Стигма Виница: Гала Кочани: Шишко


Влезниците за концертите на Bernays Propaganda (26ти ноември), Darwood Dub (27ми ноември), DJ Premier (30ти ноември) и Мизар (2ри декември) и Ferry Corstein (2ри декември) ќе се најдат во претпродажба од петок, 12ти ноември во Југотон, Чакра, Лајка, La Kana, Дамар, Круг (Аеродром) и Браво.
Цена на влезници:

Bernays Propaganda 200/250 денари
Darkwood Dub 200/250 денари
DJ Premier 350/450 денари (ВИП влезници 600 денари)
Мизар 200/250 денари (ВИП влезници 400 денари)
Ferry Corstein 300 денари


И да не заборавиме... Таксират 11 беше распродаден ден пред фестивалот.
 
само незнам кој знае кој не, Ману не доаѓа со Радио Бемба sound system , туку овој проект му се вика "La ventura" у која има само тапани, акустична и електрична гитара и нормално вокал. Знам дека Ману си е Ману али ипак sound system-от со кој беше на exit e оној вистинскиот ! :D
 
“Новата авантура е La Ventura, трио кое дозволува импровизација и поголема слобода во изведбата. Со само три членови, лесно е да се премине од една песна во друга и да се импровизира во истиот момент, да се влезе во опасност, да се излезе од неа. Многу луѓе рекоа: Ти си луд, бенд без бас е невозможен. Ние го направивме тоа и отидовме во Јапонија, Бразил, Сиетл, Портланд, Сан Франциско и навистина добро се забавуваме на сцена”.

Да, баш вчера на ѕидот на Пецехикс го праевме муабетот :)

Ај, ќе отидеме, па што биде нека биде :)
 
Мизар 200/250 денари (ВИП влезници 400 денари)
Ferry Corstein 300 денари

А ќе може ја да си зеам карта за Мизар, да си влезам уште у 19:00 па после да си останам и на Фери??? :)
 
Додека не дое Ману Чао со Радио Бемба саунд систем, ќе бидам и повеќе од задоволен со Ла Вентура. :)


п.с. купена карта за главна вечер & Примо.
 
Конечно го дочекавме денот кога DJ Premier и Onyx ќе дојдат во Македонија...
Едни од нај легендарните Рап Артисти...
Жалам што почина Гуру ... а да беше сеуште жив ќе дојдеа во полн состав "Gang Starr" што е во секој случај подобро ... нека почива во мир , а во негова меморија и чест да се посети неговиот доскорашен соработник и за мене втор рап продуцент во светот ( јасно после Dr. Dre) ...
За Onyx ...нема што да се коментира... легенди!!!
 
Ок карта купена, ми фали уште нешто друго за гарантиран добар провод на фестивалов :) :)
 
Купив вчера карти. Сега уште се надевам дека нема да ми одложат некој колоквиум за трети декември.
 
Си зедов карта за таксират али веројатно нема да можам да одам... :nesvest: :toe:
Доколку некој сака карта за Таксират 12 =600 ден, нека пиши порака. :turn:
 
Мене ме изгореа 800 денари. За споредба картата пред 2 години беше 300 ден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom