Да се биде дел од „МАШИНАТА“?

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ах...“не постои совршен систем па затоа ова е правата работа“...

Се додека жртвата не сме ние се е ок,а во случај да бидеме жртва или некој близок ќе кукаме и пиштиме till kingdom come за помош,разбирање,човечност,солидарност...spare me the relativity moment please...

Машината не е од вчера...it goes back to Babylon apparently :)...ок митот за Мардук е двосмислен но тоа не прави разлика во датирањето на машината каква што ја дефинираме сега...
Ме чуди што има луѓе што прескокнуваат луѓе на кои еден телефонски позив би им го спасил животот (а не живи лешеви...)
Но не ме чуди веќе што има луѓе кои воопшто не ги чуди што се прескокнуваат луѓе на кои еден телефонски позив би им го спасил животот.
Искрено...не знам веќе што е потажно,умирачката од глад или тоа што сега во 2010 anno domini тоа се смета за прифатливо...

И ете тоа било нормално и ок...само за жал било тажно и непријатно инаку сосема ок,како поправање на заби веројатно...

Уелбек беше во право,машината се движи во насока како кај неговиот лик во “Можноста за еден остров“ каде типот повеќе се нервира што јајцата кои ги пржи во тавата ги пресолил, отколку тоа што син му починал пред неколку минути...

Сигурна си во ова?
Wanna bet?
Апсолутно сум сигурна, посочи ми на систем кој практично (не теоретски) функционира перфектно, без никаква репресија, глад и во кој сите имаа се подеднакво. Нема нели? Теоретската замисла за една Утопија во пракса комплетно ќе колабрира само поради еден фактор, човекот. Сега е лесно, за се е крив капитализмот, уствари криви сме ние, тој не е создаден сам од себе туку од нас. И сега што треба да значи ова, дека немилосрдноста е продукт на капитализмот? Нема логика, некогаш луѓето обожавале да одат на стадиони и да гледаат како други се растргнувани од лавови, или како гладијаторите ги губат своите животи, потоа било забавно да гледаш егзекуции на бесилка или палење вештерки на клада...итн итн. Сума сумарум, секој систем собира жртви, неопходни се , не се може без нив. Сурово но реално.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Колкава жетва на човечки животи е потребна?
Капитализмот ете убива на големо,индустриска кланица,прецизна и пресметана,крвава до коска...иако убива масовно и секојдневно и околку нас,ставката загинал на работно место или инвалиди на трудот ја нема на ниеден медиум,ете да земеме Ирак/Афганистан...таму цифрата забегува накај 2 милиони мртви...
Неопходни се? ЗА ШТО???????????

Прво и основно,типично...морам ова да го потенцирам...
Секогаш кога се зборува за системот познат како капитализам, обожавателите на истиот истапуваат со фрази како “утопија„ “се е подеднакво“ и “перфектно“...во обид да доловат тешка небулоза дека системот бил супер,само ете луѓето не сме чинеле,дека капитализмот е најдобар и нема алтернатива со одење во крајности и нелогичности...
Секако ниеден поклоник пред капитализмот нема да каже дали има почовечен,поадекватен на природата,поиздржан...

Не,не постои таков систем ниту ќе постои.
Откако ова го разјаснивме можеме да одиме понатаму.
Има системи кои не се базираат на експлоатација,стварање на мизерија,очај,страдање и смрт (како капитализмот),корупција до сржта на општеството,гола сила за запазување на структурата на власт и кои не произведуваат карактери на кои им е нормално некој да цркнува од глад на 20м од нив и да прескокнуваат човечко битие на кое еден телефонски позив би му го спасил животот.
И каде што нема глад,а сите параметри на човечкото постоење се подобрени во споредба од времето на капитализмот.
Има системи каде има вертикална хиерархија во која оние кои ги бидува за одредена работа нормално и природно имаат поголемо влијание од некој кој не го бидува за тоа,но го бидува за нешто друго во кое неговиот глас е присутен и има значење.
Рамноправноста и еднаквата шанса на старт не е исто со дека сите ќе се подеднакви.Значи дека сите ќе имаат шанса и можност.
Има системи кои не ја уништуваат екосферата,кои не ги трујат океаните и кои не убиваат милиони само за да некој на крајот на ланецот повраќа во златна шоља откако претерал со кока враќајки се со приватниот џет од друг континент каде ги носел пудлиците на фризер,во паузата меѓу две оргии каде му е лижен чмарот или прстите на нозете од оние кои не би го погледнале кога би немал милијарди на конто...

Но главната работа беше отуѓувањето и десензибилизацијата...

п.с. Сусаро да не ти е брат нешто...:) ?

Еве едно од местата кои денес постојат,а ги има многу...

[video=google;9073157933630784238]http://video.google.com/videoplay?docid=9073157933630784238[/video]

Апсолутно? :)

Да се биде дел од машината е да се биде дел од системот кој ја произвел онака како што во секојдневието ја перцепираме.
Да се работи и троши својот живот во корист на некои кои ниту ги знаеме ниту познаваме,ниту ни значат нешто...на оние кои не поробуваат.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Апсолутно сум сигурна, посочи ми на систем кој практично (не теоретски) функционира перфектно, без никаква репресија, глад и во кој сите имаа се подеднакво. Нема нели? .
Имало имало пред Колумбо да почне со колонизација на американскиот полуостров, сите потреби задоволени и природата незагадена, нема монтарен систем а со тоа нема богати и сиромашни, поглавицата е најмудриот и најхрабриот и таа титула не била наследна и скоро секогаш тоа не бил синот на стариот поглавица.
Има и други примери ама се тотално надвор од оваа планета, па нема да ги разбереш :icon_lol:.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Абе види можам да напишам пост кој нема да се дочитува, а можам и многу кратко и јасно да си ја кажам поентата (макар што се повторувам). Ја не викам дека капитализмот е светост, системите си се надоврзуваат едни на други, доаѓаат едни после други. Ок тебе не ти се допаѓа концептот, ниту пак јас велам дека е идеален. До тука се разбираме.
Тој револт што го имаш за еден телефонски повик што може да спаси живот, е исто што и во време на нашите баби и дедовци да не му викнеш еким на комшијата. Значи тоа е тоа, луѓето си се сурови сами по себе и такви ќе бидат и во системот што ќе следи после капитализмот. Значи не паднал капитализмот од небо, ние сме го создале, човекот е во суштина материјално суштество, барем мнозинството затоа и овој систем уште опстојува. Само една работа му ја "замерувам" така да кажам на капитализмот, што ни ги измеша егзистенцијалните потреби. Ние сега мислиме дека не можеме да живееме без работи без кои реално може да се живее. Освен тоа капитализмот е во суштина многу иновативен систем, ти дава многу можности да бидеш иновативен самиот, нема ограничувања во создавањето. Проблемот лежи во она , тешко е да се снајдеш сам зар не?
Околу она со оттуѓувањето... Кој систем создал братство и единство и рај на земјата. Да беше тоа возможно немаше Југославија да се распадне така крваво. И пак се распадна заради национализам, макар што во позадина секогаш лежат парите. А пази збориме за социјализам. На крај да заклучам, парите не се симбол само за капитализмот, алчноста за богатство ја имало од пред наша ера па до денес , тоа нема да се смени.
 
S

stefi

Гостин
А да пробаш нешо ново? На пример уморен се враќаш од факс/работа и праи нешо креативно иако си уморен, исцрпи го денот до крај, види се со луѓе шо не си ги видел одамна итн.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Освен тоа капитализмот е во суштина многу иновативен систем, ти дава многу можности да бидеш иновативен самиот, нема ограничувања во создавањето. Проблемот лежи во она , тешко е да се снајдеш сам зар не?
И што ако се снајдеш ?
Тоа ли е целта у животот да се снајдеш ?
Не е чудо што го отфрламе животов како безвреден и бараме афтер лајф у рај.
Буда рекол дека животот на земја е страдање.
Он не знаел дека тоа страдање е наметнато , форсирано.
Сега е барем моментот кога треба да се разбудиме , да видиме кои сме .
Ама не барајте од други да ви кажат , самите треба да го "видите" тоа.
Дарвинизмот е готов , капут.
Нема кај човек опстанок на посилниот , тоа е најголема лага одкако човекот е овде на земјава.
Човек е божја инкарнација на земјава , ѕирни длабоко у себе и ке си ја видиш стварната природа.
Ние сме овде да ја чуваме а не да ја уништуваме планетава.
И ова не е утопија , ова е природен начин на живеење на човекот.
Ако можеле индијанците у Америка или абориџините у Австралија може секој.
 
Може да се лажеме до утре сабајле...да се изразам на кратко, самиот систем не дефинира. Се сам ти кажува, и колкава ти е слободата и како и колку можеш да твориш. Да, пријателче да се снајдеш, во секое време и систем се бара тоа од тебе, да се снајдеш.Леб требало да купат и луѓето во античко време и овие денес, никој не ти го дава, ќе се снајдеш и ќе го купиш. Ние имаме друг проблем што го прави овој систем страшен. Тој ти вика ајде единке да видиме што можеш ти, нема да ми се криеш зад грбот на колективот, општеството , државата..
Никаде не пишува дека капитализмот ги измисли парите, потребите, односот купи-продај.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Абе види можам да напишам пост кој нема да се дочитува, а можам и многу кратко и јасно да си ја кажам поентата (макар што се повторувам). Ја не викам дека капитализмот е светост, системите си се надоврзуваат едни на други, доаѓаат едни после други. Ок тебе не ти се допаѓа концептот, ниту пак јас велам дека е идеален. До тука се разбираме.
Тој револт што го имаш за еден телефонски повик што може да спаси живот, е исто што и во време на нашите баби и дедовци да не му викнеш еким на комшијата. Значи тоа е тоа, луѓето си се сурови сами по себе и такви ќе бидат и во системот што ќе следи после капитализмот. Значи не паднал капитализмот од небо, ние сме го создале, човекот е во суштина материјално суштество, барем мнозинството затоа и овој систем уште опстојува. Само една работа му ја "замерувам" така да кажам на капитализмот, што ни ги измеша егзистенцијалните потреби. Ние сега мислиме дека не можеме да живееме без работи без кои реално може да се живее. Освен тоа капитализмот е во суштина многу иновативен систем, ти дава многу можности да бидеш иновативен самиот, нема ограничувања во создавањето. Проблемот лежи во она , тешко е да се снајдеш сам зар не?
Околу она со оттуѓувањето... Кој систем создал братство и единство и рај на земјата. Да беше тоа возможно немаше Југославија да се распадне така крваво. И пак се распадна заради национализам, макар што во позадина секогаш лежат парите. А пази збориме за социјализам. На крај да заклучам, парите не се симбол само за капитализмот, алчноста за богатство ја имало од пред наша ера па до денес , тоа нема да се смени.
Видеото секако не го гледаше.ок,нема ни потреба за некој кој перцепира масовна секојдневна индустриска кланица како нормална...

Џабе е,не можеш да се оддалечиш многу од проста дихотомија - идеален вс. хаос...црно и бело...
Без никакви конкретни информации,без факти...
За екимот,прашај баба дедо ако имаш ќе ти кажат како се живеело некогаш и дали имало такви работи.
Тоа па тоа....

а - луѓето отсекогаш биле исти,се било исто
б- дека ние сме го створиле системот каков што бил и сами си сме криви
в - снајди се па живеј (крајната мудрост,последното спознание,просветлувањето...what a bummer eh?)

овој систем уште опстојува
Уште постои и ракот на дебело црево...маларијата и колерата...

Освен тоа капитализмот е во суштина многу иновативен систем, ти дава многу можности да бидеш иновативен самиот, нема ограничувања во создавањето.
Ова стварно не го очекував...ај прочитај уште еднаш шо напиша...:nesum:

Кој систем создал братство и единство и рај на земјата.
Ниеден,тоа мислам го објаснивме веќе.

да си ја кажам поентата
Стварно не требало да се мачиш многу едноставно напиши си “мене ми ок,снајди се па живеј“ бидејќи друга поента баш и нема,нели....макар да ок...среќата беше во прифаќањето на она шо не можеме да го смениме,или така нешто...are you happy? :vozbud:

Ако можеле индијанците у Америка или абориџините у Австралија може секој.
Остај,ќе следи некоја транзициона мудрост од типот - „не се снашле,па ги истребиле,кој им е крив“ или слично...:pos2:
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Може да се лажеме до утре сабајле...да се изразам на кратко, самиот систем не дефинира. Се сам ти кажува, и колкава ти е слободата и како и колку можеш да твориш. Да, пријателче да се снајдеш, во секое време и систем се бара тоа од тебе, да се снајдеш.Леб требало да купат и луѓето во античко време и овие денес, никој не ти го дава, ќе се снајдеш и ќе го купиш. Ние имаме друг проблем што го прави овој систем страшен. Тој ти вика ајде единке да видиме што можеш ти, нема да ми се криеш зад грбот на колективот, општеството , државата..
Никаде не пишува дека капитализмот ги измисли парите, потребите, односот купи-продај.
Ок желбата за живот у ваков систем сигурно ке ти се исполни.
Ке си живееш среќно у систем кој го сакаш , тука јас немам ништо против.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Може да се лажеме до утре сабајле...да се изразам на кратко, самиот систем не дефинира. Се сам ти кажува, и колкава ти е слободата и како и колку можеш да твориш. Да, пријателче да се снајдеш, во секое време и систем се бара тоа од тебе, да се снајдеш.Леб требало да купат и луѓето во античко време и овие денес, никој не ти го дава, ќе се снајдеш и ќе го купиш. Ние имаме друг проблем што го прави овој систем страшен. Тој ти вика ајде единке да видиме што можеш ти, нема да ми се криеш зад грбот на колективот, општеството , државата..
Никаде не пишува дека капитализмот ги измисли парите, потребите, односот купи-продај.
Не,дефинитвно не ја делиме истата реалност.
Во земја каде 200.000 народ живее НА ТУЃ ГРБ како администрација (веројатно и твоите) некој да ти каже дека работата била “немој да се криеш зад државата“ е смешен тажен,да не употребам погруб збор...
Пола од БНП-то завршува во раце на државата која потоа тоа го рапсределува...шо ве учат на тие факсојте бе амааааааан...........:tapp:

Очигледно тебе те дефинира системот,и ти го дефинираш него.
За жал...
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Остај,ќе следи некоја транзициона мудрост од типот - „не се снашле,па ги истребиле,кој им е крив“ или слично...
:pos2: Не ми текна , требаше да си ќутам сега ќе ме побијат со контра тези кои произлегуваат од учењата на ѓубрињата попут Дарвин и слично.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Може да се лажеме до утре сабајле...да се изразам на кратко, самиот систем не дефинира. Се сам ти кажува, и колкава ти е слободата и како и колку можеш да твориш. Да, пријателче да се снајдеш, во секое време и систем се бара тоа од тебе, да се снајдеш.Леб требало да купат и луѓето во античко време и овие денес, никој не ти го дава, ќе се снајдеш и ќе го купиш. Ние имаме друг проблем што го прави овој систем страшен. Тој ти вика ајде единке да видиме што можеш ти, нема да ми се криеш зад грбот на колективот, општеството , државата..
Никаде не пишува дека капитализмот ги измисли парите, потребите, односот купи-продај.
Парите биле тука ама каматата на нив ја имаат измислено Витезите темплари за кога ќе оди човек во Ерусалим пример тој остава 120 златници а тие му даваат пусулче односно чек на 100 златници кои ќе ги уновчи кај филијалата од темпларите во Ерусалим. Луѓето биле страшни воини невероватно храбри ама тоа што го измислиле денешниот банкарски систем не им требало затоа што на крајот ги има стасано проклетсвото на парите, него доста за нив.

Мене системот не ме дефинира јас сум си слободен и тоа е лично мое право никој не може да ми го одземе или даде....
Јас можам многу работи и системот ми вика ајде да видам, ама јас ако не ми по воља ќе речам само ајде шетај малку систему, немам потреба на никого да се докажувам и готово.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
:pos2: Не ми текна , требаше да си ќутам сега ќе ме побијат со контра тези кои произлегуваат од учењата на ѓубрињата попут Дарвин и слично.
Да не те чуди дека и Мексиканскиот залив,Голфската струја...море и Атлантикот,кој им е крив бе,шо не дигестира нафта...:pos2: не се снашол,има да го нема бе...не еволуирал и не се приспособил на потребите на капитализмот...:pos2:
А и тие ирачаните шо очекуваат,нека се снаоѓаат,не тука ми се рапекмезиле од една касетна бомба или бел фосфор...:pos:

Туку остај,шо е еден Океан према достигнувањата бе...менаџерот на БП сега моча во златна шоља еееј...ербап,способен...ах пуста транзиција кој narrow band го направи хахахха
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Муабетов може да оди од јутра до сутра и пак ќе се вртиме во круг. Како год да свртиме за мене капитализмот е подобар од сите системи до сега, секако не идеален , ама реално и практично подобар од останатите ДО СЕГА.
Бујрум Toecutter бидејќи го земаш за крајно зло, посочи ми кој систем е подобар од него и зошто (теоретски модели не прифаќам, само она што реално било спроведено досега)
П.С Она со 200 000 администрација. Ти Македонија ја земаш како пример за капиталистичка земја? Абе ај...
 
За тебе е најдобар систем.
И ќе си остане.
За милиони други - не е.
Не за друго, убива,уништува,ствара несреќа и очај,ги исцрпува ресурсите до крај,загадува...инаку си е ок во книгите на Адам Смит арно ама тоа е утопија некаква тој шо го пишувал...
Капитализмот е зло.

Има многу места на кои не вирее капитализмот и во денешен ден,нема потреба од враќање во минатото во кое има иљадници примери.
Неможе да се именува тој систем бидејќи не е склон кон категоризација,веројатно најблиску би бил Мутуализмот.Велам најблиску а не копи-пејст верзија.Секое место си има свои специфичности и према нив и се развива алтернативниот систем.
Значи зборуваме за милиони и милиони луѓе кои денес во 2010-та имаат алтернатива на капитализмот и живеат многу подобро отколку во капитализмот.

http://en.wikipedia.org/wiki/Worker_cooperative
http://video.google.com/videoplay?docid=9073157933630784238#
http://www.peterleeson.com/Better_Off_Stateless.pdf
http://www.greenleft.org.au/node/31535
http://permaculturetokyo.blogspot.com/2005/01/geoff-lawton-interview.html
http://off-the-grid-resources.com/
http://www.ecozine.co.uk/Off-gridliving.htm

Македонија е капиталистичка земја.
Секако примерот на Шведска ќе се појави во муабетот, но и таму државата е главен играч на сцената.Иако со различни резултати сепак е државно контролирана економија.

Капитализмот е лицето на машината.
Ви го одзема времето од кое се состои животот.
А за да “успеете“ во него треба да уништите некој друг.
И тоа да ви стане најнормално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom