- Член од
- 28 јули 2010
- Мислења
- 179
- Поени од реакции
- 49
Нели мислите дека дури и да се ослободите од оваа „машина„, од едноличното секојдневие, од сите оние работи што животот ги налага, дури и тогаш повторно ќе западнете во некоја друга? Нели мислите дека всушност се` што правиме е како дел од некоја виртуелна игра, што и да правиме секогаш ќе изгледа како некој друг да ги држи конците? Дури и да заминеш некаде далеку на пуст остров, ослободен од притисокот од работното место, нормите што ги дава општеството...зарем нема пак да западнеш во некоја рутина? Пак ќе се будиш секое утро со помисла што ќе јадам, како да се снабдам со храна, како да преживеам, како да се заштитам од опасностите...? Нема излез од машината, едноставно така функционира светот, сакале или не, дискутирале или дебатирале, светот се уште се врти, правилата се тие.