Апсолутно сум сигурна, посочи ми на систем кој практично (не теоретски) функционира перфектно, без никаква репресија, глад и во кој сите имаа се подеднакво. Нема нели? Теоретската замисла за една Утопија во пракса комплетно ќе колабрира само поради еден фактор, човекот. Сега е лесно, за се е крив капитализмот, уствари криви сме ние, тој не е создаден сам од себе туку од нас. И сега што треба да значи ова, дека немилосрдноста е продукт на капитализмот? Нема логика, некогаш луѓето обожавале да одат на стадиони и да гледаат како други се растргнувани од лавови, или како гладијаторите ги губат своите животи, потоа било забавно да гледаш егзекуции на бесилка или палење вештерки на клада...итн итн. Сума сумарум, секој систем собира жртви, неопходни се , не се може без нив. Сурово но реално.
Колкава жетва на човечки животи е потребна?
Капитализмот ете убива на големо,индустриска кланица,прецизна и пресметана,крвава до коска...иако убива масовно и секојдневно и околку нас,ставката загинал на работно место или инвалиди на трудот ја нема на ниеден медиум,ете да земеме Ирак/Афганистан...таму цифрата забегува накај 2 милиони мртви...
Неопходни се? ЗА ШТО???????????
Прво и основно,типично...морам ова да го потенцирам...
Секогаш кога се зборува за системот познат како капитализам, обожавателите на истиот истапуваат со фрази како “утопија„ “се е подеднакво“ и “перфектно“...во обид да доловат тешка небулоза дека системот бил супер,само ете луѓето не сме чинеле,дека капитализмот е најдобар и нема алтернатива со одење во крајности и нелогичности...
Секако ниеден поклоник пред капитализмот нема да каже дали има почовечен,поадекватен на природата,поиздржан...
Не,не постои таков систем ниту ќе постои.
Откако ова го разјаснивме можеме да одиме понатаму.
Има системи кои не се базираат на експлоатација,стварање на мизерија,очај,страдање и смрт (како капитализмот),корупција до сржта на општеството,гола сила за запазување на структурата на власт и кои не произведуваат карактери на кои им е нормално некој да цркнува од глад на 20м од нив и да прескокнуваат човечко битие на кое еден телефонски позив би му го спасил животот.
И каде што нема глад,а сите параметри на човечкото постоење се подобрени во споредба од времето на капитализмот.
Има системи каде има вертикална хиерархија во која оние кои ги бидува за одредена работа нормално и природно имаат поголемо влијание од некој кој не го бидува за тоа,но го бидува за нешто друго во кое неговиот глас е присутен и има значење.
Рамноправноста и еднаквата шанса на старт не е исто со дека сите ќе се подеднакви.Значи дека сите ќе имаат шанса и можност.
Има системи кои не ја уништуваат екосферата,кои не ги трујат океаните и кои не убиваат милиони само за да некој на крајот на ланецот повраќа во златна шоља откако претерал со кока враќајки се со приватниот џет од друг континент каде ги носел пудлиците на фризер,во паузата меѓу две оргии каде му е лижен чмарот или прстите на нозете од оние кои не би го погледнале кога би немал милијарди на конто...
Но главната работа беше отуѓувањето и десензибилизацијата...
п.с. Сусаро да не ти е брат нешто...
?
Еве едно од местата кои денес постојат,а ги има многу...
[video=google;9073157933630784238]http://video.google.com/videoplay?docid=9073157933630784238[/video]
Апсолутно?
Да се биде дел од машината е да се биде дел од системот кој ја произвел онака како што во секојдневието ја перцепираме.
Да се работи и троши својот живот во корист на некои кои ниту ги знаеме ниту познаваме,ниту ни значат нешто...на оние кои не поробуваат.