Изјава на Федерер по поразот.
Федерер: Би сакал Надал да го добие финалето
Најдобриот тенисер на светот не задржал многу од грациозноста во поразот. Признава дека се чувствува празно.
Федерер признал дека не ги знае причините за поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ју Ес Опен.
"Можеби во прашање е среќата, можеби тој играше добро, можеби не одбранивте добар удар, а противникот го стори тоа." - изјавил Швајцарецот.
Вели и дека се чувствува празно.
"Секогаш е така по пораз. Но, различни порази различно болат. Разочаран сум, но ни одблизу како кога би загубил финале. Ете, тоа е нешто позитивно во целата приказна." - додал Федерер.
Нема да го гледа финалето.
"Не ме интересира нешто особено, иако би сакал Рафа да победи и да ги комплетира титулите на Гренд Слем турнирите. Тој тоа и го заслужи." - се определил Федерер за триумф на Шпанецот.
извор