Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
4 Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.

Кој дел од заповеддта не го разбираш?!?!
:) Секој дел ми е јасен, тебе не ќа да ти е јасно изгледа?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
4 Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.

Кој дел од заповеддта не го разбираш?!?!
Не е лошо Бобан да ти објасни што за него означуваат овие Библиски стихови:

„ Не вршете беззаконија, правејќи си ликови вајани, секаков вид ликови на маж или жена,.... та да им се поклониш и да им послужиш....“

„И така, бидејќи род Божји сме, не треба да мислиме дека Божеството прилега на злато, или сребро, или камена творба што излегла од човечки ум и измислица. “

(со кое право го изобразуваат Бога според нивната фантазија (измислица), кога никогаш не го виделе ниту Отецот, па ниту Духот свети?)
 
O

Omer el Faruk

Гостин
(со кое право го изобразуваат Бога според нивната фантазија (измислица), кога никогаш не го виделе ниту Отецот, па ниту Духот свети?)
...па ниту синот Божји!
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Не е лошо Бобан да ти објасни што за него означуваат овие Библиски стихови:

„ Не вршете беззаконија, правејќи си ликови вајани, секаков вид ликови на маж или жена,.... та да им се поклониш и да им послужиш....“
Епа ете ти самиот си даде одговор

„И така, бидејќи род Божји сме, не треба да мислиме дека Божеството прилега на злато, или сребро, или камена творба што излегла од човечки ум и измислица. “

Бидејки ние не им препишуваме божествени својства/не ги сметаме за богови, иконите значи не се идоли. Исто така таму се вели да не им служиме, на кој начин според вас ние им служиме на иконите. Ние православните заедно со католиците користевме 1500 години икони/статуи во континуитет од првата црква, та вие тогаш да одлучите дека не треба да ги има. Ваше право, но сигурно првата апостолска црква не била грешка 1500 години се додека не дојде Лутер да ја исправи.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Бидејки ние не им препишуваме божествени својства/не ги сметаме за богови, иконите значи не се идоли.
Значи иконите каде што е претставен Отецот, Синот и Духот свет,........... насликаното за вас не е Божество?

Исто така таму се вели да не им служиме, на кој начин според вас ние им служиме на иконите.
...под служење се подразбира: Поклонување, Целивање, Клањање, Палење кандила и свеќи и тн.

Ние православните заедно со католиците користевме 1500 години икони/статуи во континуитет од првата црква, та вие тогаш да одлучите дека не треба да ги има. Ваше право, но сигурно првата апостолска црква не била грешка 1500 години се додека не дојде Лутер да ја исправи.
Е тука момче...си се зезнал. Или не ти е позната историјата кога званично ја озаконивте (оправдавте) својата „ИДОЛАТРИЈА“ или погрешна историја си прочитал!

Се до 787 н.е. (а тоа е 8 век) икони не се користеа во црквите, затоа што тоа е беззаконие во очите на Бога. После оваа година почнавте да си го оправдувате беззаконието, па се до ден денешен. Но што правиме со останатите 8 века без икони?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Овде едноставно се забрануваат идоли. Се забранува одредени предмети, слики или било што да не си ги замислуваме како богови. Никаков предмет да не го изедначуваме со Бога. Во минатото многу народи си имале направено кипови или статуи, за кои што си мислеле дека им се богови. Типичен пример е златното теле. Викале израилците - ти си нашиот бог, ти не избави од Египет итн. Ете тоа е, ништо повеќе (како што си мислат протестантите), ништо помалку.
Бобан, многубоштвото и забраната за измислување и обожавање други богчиња Бог го забранил со првата Божја заповед која вели: „Јас сум Господ (ЈХВХ) твој.. да немаш други богови покрај Мене“ (Излез 20:1, Библијата)
Би било малку нелогично Бог да се повторува во втората заповед повторно забранувајќи многубоштво.
Втората Божја заповед не се однесува на создавањето други богови, зашто тоа е регулирано со првата заповед. Втората Божја заповед се однесува на недозволен приод кон вистинскиот Господ Бог.
Мојсеј толкувајќи ја таа заповед вели: „Бидете цврсто убедени во душите свои...Не вршете беззаконија правеќи си ликови вајани, секаков вид ликови на маж или жена, лик на неке животно...“итн. (Второзаконие 4:15-20) Таа заповед забранува поклонување пред нив, како и служење, односно кадење, палење свеќи (како што паганите им служат на идолите).

И втората Божја заповед не забранува само идоли, туку и слики (на грчки икони) кои ќе служат како сакрални предмети, претстави или претставители при нашето општење со Господ.
„Не прави за себе идол, ниту некаква слика (на грчки: икона)“ (Излез 20:4, Библијата)

Бог е многу јасен и експлицитен во однос на начинот на кој што бара да го обожаваме:
„На Господа, твојот Бог да Му се поклонуваш и само Него да му служиш.!“ (Исус Христос, ев. Матеј 4:10, Библијата).
„Бог е дух, и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат на Таткото со дух и вистина.“(Исус Христос, ев. Јован 4:24, Библијата)
„вистинските поклоници ке Му се поклонуваат на Таткото со дух и вистина“(Исус Христос, ев. Јовaн 4:23, Библијата)

Бог е дух невидлив и неопишлив. И ништо насликано нема да може да ни помогне да мислиме на Него или да се поклонуваме.

Некои православни верници велат: „Да, но Бог дојде во Христовото тело и сега ние и телесно го знаеме Бог и затоа можеме да го насликаме на икона“
Светото Писмо одговара:
„иако Христос Го познаваме и по тело; сега веќе не Го познаваме така.“ (2 Коринтјаните 5:16, Библијата)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто Бог го создал светот ?
Според светоотечките толкувања, Бог го создал Светот:
- за да ја сподели својата добрина и со други битија
- за да ја покаже сета своја слава (способност за неограниечно творење).

Создавањето на човекот пак, се толкува и како надополнување на бројот од отпаднатите ангели, со човечки битија.

--- надополнето ---

христијанин да се нарече со вистински треба да го живее животот целосно според Новиот Завет, целосно според правилата на црквата затоа што таков начин на живот -целосна посветеност со сите правила целосно исполнети е можно единствено во манастирите и кај црковните лица, свештениците.
Зависи што подразбираш под „целосно„.

Бидејќи сите не сме исто скорени, немаме исти особини и дарови, така, невозможно е своите животи „целосно„ да ги прилагодиме на Божјите заповеди и на црковните одредби, но и тоа како можеме да се потрудиме и барем да се приближиме кон тие идеали: почитување на волјата Божја и почитување на одредбите од Црквата.
Колку ми е познато, но и од лично искуство, личното живеење нависитна треба да се уреди и според Божјата волја и поред одредбите од Црквата, но не онака механички и со личен робовски однос кон тие одредби, туку со лична и доброволна одлука за своја промена и прифаќање не на своеглавоста и на својата волја, туку прифаќање на Божја волја и на вероучението, согласно личниот дар или дарови и согласно условите во кои живее секој од нас. Не ми е познато дека некој поединец „целосно„, .т.е. 100%-но го изживеал својот живот согласно вероучението, но ако постојата такви случаи, тоа се сигурно Светиите, кои се приближиле до чистотата Христова и станале свети, т.е. слични, но не и идентични со Христа Богочовекот.

Погледни ја параболата за наемниците и таланите и ќе Ти стане јасно што велам...

--- надополнето ---

Се до 787 н.е. (а тоа е 8 век) икони не се користеа во црквите,
Ауууу чоек, а мор, кај живеиш бе Ти? Икони се користат мнооогу порано од 8-от век, ама си бегал од часови кога на тоа Те учеле.

Имено, седмиот Вселенски Собор, за век и вјеков ја расчисити бласфемијата икононборска-дека иконите НЕ СЕ против втората Божја Заповед, но Ти, се чини, си попаметен од оние 367 Свети Оци од тој собор.

Аирлија и ашколсун нека Ти е!
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Што си ми ги испостирал сите овие еден куп цитати, кога ги знам сите. Уште и цела Библија да ми ја испостираше. Задржи си ги цитатите за некој кој не ги знае, мене не ми требаат ти да ми ги покажеш. Ај сега потсети се каков однос имаа израилците кон златното теле, а каков имаме ние православните кон иконите. Ај кажи ми како може слика/икона од Исус може да биде идол? Освен ако си муслиман, или јудеец. Како може слика од ангел да биде идол, кога и самиот Бог има наложено да ги има во неговиот храм? Дали по твое ковчегот на заветот беше идол? Дали тората кај јудејците е идол, оти тие ја бакнуваат. Дали нивниот ѕид Ерусалимски е идол? ИТН.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Според светоотечките толкувања, Бог го создал Светот:
- за да ја сподели својата добрина и со други битија
Тогаш добрината и лошотијата биле дефинирани пред да постои светот-универзумот(или мултиверзумот, у тоа неможе да бидеме сигурни).
Прашањето е што имало пред настанокот на универзумов?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тогаш добрината и лошотијата биле дефинирани пред да постои светот-универзумот(или мултиверзумот, у тоа неможе да бидеме сигурни).
Можеме 100% да бидеме сигурни дека Бог е добар, оти добар Творец, твори добри нешта, како ова:

„...и виде Бог дека е тоа добро...„ (Битие, 1.10).

--- надополнето ---

Прашањето е што имало пред настанокот на универзумов?
Пред да настане Универзумов, т.е. материјалниов Свет, створен е духновниот Свет, светот од ангелите. Пред да биде створен духовниот Свет, постоел само Бог, Кој Е беспочетен. Он Е причината за сите нешта...
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Можеме 100% да бидеме сигурни дека Бог е добар, оти добар Творец, твори добри нешта, како ова:

„...и виде Бог дека е тоа добро...„ (Битие, 1.10).

--- надополнето ---

Пред да настане Универзумов, т.е. материјалниов Свет, створен е духновниот Свет, светот од ангелите. Пред да биде створен духовниот Свет, постоел само Бог, Кој Е беспочетен. Он Е причината за сите нешта...
Што се мачиш? Некои едноставно немат капацитет да разберат.
Највероватно ќе следи одговор во вид на спот од Youtube или некое копи-пасте за Биг-бенг, за самосоздавање и „еволуција“ на животот итн.
Нема смисла со одговори на некои кои не сакат или не се во состојба да примат.
 
Кај живееле(живеат духовите)..што прават во духовниот свет

Ако постои духовниот свет зошто постои овој-материјалниов свет.

--- надополнето ---

Што се мачиш? Некои едноставно немат капацитет да разберат.
Највероватно ќе следи одговор во вид на спот од Youtube или некое копи-пасте за Биг-бенг, за самосоздавање и „еволуција“ на животот итн.
Нема смисла со одговори на некои кои не сакат или не се во состојба да примат.
Јас не прифаќам одговор од типот рекла казала.
Таа особина ја има сигурно и Бог, па зошто би биле поразлични од него ;)
Замисли да верува на секој што ќе му каже нешто, каша попара ќе биде во рајот.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Можеме 100% да бидеме сигурни дека Бог е добар, оти добар Творец, твори добри нешта, како ова:

„...и виде Бог дека е тоа добро...„ (Битие, 1.10).
100% добар, како не!

29 На полноќ Господ ги погуби сите првороденци во Египетската Земја: од фараоновиот првороденец, кој требаше да седи на престолот, до првороденецот на пленикот во темницата, а така и сите првородени на добитокот.
30 Во ноќта стана фараонот, тој и сите негови дворјани и сите Египетци, зашто страшен лелек се разнесе низ Египет: немаше куќа во која не лежеше мртовец.

Добар, ко лебац!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кај живееле(живеат духовите)..што прават во духовниот свет
Ангелите се битијата во духовниот Свет, и тие непрекидно го слават Бога: „Свет, Свет, Свет Е Господ Саваот„. По промислата Божја, ангелите ја пренесуваат Божјата порака до достојните поединци во овој Свет.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
100% добар, како не!

29 На полноќ Господ ги погуби сите првороденци во Египетската Земја: од фараоновиот првороденец, кој требаше да седи на престолот, до првороденецот на пленикот во темницата, а така и сите првородени на добитокот.
30 Во ноќта стана фараонот, тој и сите негови дворјани и сите Египетци, зашто страшен лелек се разнесе низ Египет: немаше куќа во која не лежеше мртовец.

Добар, ко лебац!
Добро, ти веруваш во Јахве или не? Ако не веруваш, ова не е вистина, и што ти е тебе брига. Седи си и гледај си кееф.
Ако веруваш пак, пеки, коментирај.
Веруваш во Бог Јахве или не?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom