Зошто Бог го создал светот ?
Според светоотечките толкувања, Бог го создал Светот:
- за да ја сподели својата добрина и со други битија
- за да ја покаже сета своја слава (способност за неограниечно творење).
Создавањето на човекот пак, се толкува и како надополнување на бројот од отпаднатите ангели, со човечки битија.
--- надополнето ---
христијанин да се нарече со вистински треба да го живее животот целосно според Новиот Завет, целосно според правилата на црквата затоа што таков начин на живот -целосна посветеност со сите правила целосно исполнети е можно единствено во манастирите и кај црковните лица, свештениците.
Зависи што подразбираш под „целосно„.
Бидејќи сите не сме исто скорени, немаме исти особини и дарови, така, невозможно е своите животи „целосно„ да ги прилагодиме на Божјите заповеди и на црковните одредби, но и тоа како можеме да се потрудиме и барем да се приближиме кон тие идеали: почитување на волјата Божја и почитување на одредбите од Црквата.
Колку ми е познато, но и од лично искуство, личното живеење нависитна треба да се уреди и според Божјата волја и поред одредбите од Црквата, но не онака механички и со личен робовски однос кон тие одредби, туку со лична и доброволна одлука за своја промена и прифаќање не на своеглавоста и на својата волја, туку прифаќање на Божја волја и на вероучението, согласно личниот дар или дарови и согласно условите во кои живее секој од нас. Не ми е познато дека некој поединец „целосно„, .т.е. 100%-но го изживеал својот живот согласно вероучението, но ако постојата такви случаи, тоа се сигурно Светиите, кои се приближиле до чистотата Христова и станале свети, т.е. слични, но не и идентични со Христа Богочовекот.
Погледни ја параболата за наемниците и таланите и ќе Ти стане јасно што велам...
--- надополнето ---
Се до 787 н.е. (а тоа е 8 век) икони не се користеа во црквите,
Ауууу чоек, а мор, кај живеиш бе Ти? Икони се користат мнооогу порано од 8-от век, ама си бегал од часови кога на тоа Те учеле.
Имено, седмиот Вселенски Собор, за век и вјеков ја расчисити бласфемијата икононборска-дека иконите НЕ СЕ против втората Божја Заповед, но Ти, се чини, си попаметен од оние 367 Свети Оци од тој собор.
Аирлија и ашколсун нека Ти е!