DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Изворното христијанство е загубено во пламенот на религиозната хистерија на биготите од 4 и 5 век. Тоа што е останато е длабоко изцензурирано и извонредно наменски митизирано четиво со единствена намера да индоктринира и окова народи во големо неодржливо царство. Не да ослободи и води.Библијата, учењето на Христос и апостолите немаат допирни точки со митарствата (или чистилиштето кај католиците).Тоа се како што и самиот забележуваш подоцнежни додатоци на одредени цркви, но не и дел од изворното библиско христијанство.
Новиот Завет на кој толку горделиво се повикуваш е рашомонијада у 4 верзии, преполна со недоследности, контрадикторни гледишта и произволности додавани според потребите на времето и народите за кои бил наменет.
Новиот, исто како и Стариот Завет се толку анахрони и бесмислени денес што е потребно ФАКУЛТЕТ да учиш за да бидеш во состојба да го положиш испитот пред малолетник кој поставува наједноставни прашања во врска со Вистините на Книгата.
Доволно е двапути да го прочиташ Битие за да сфатиш дека нешто СЕРИОЗНО не е во ред со темелите на овие три доминантни религии на денешницата.
Жално и тажно што сеуште постојат возрасни луѓе на кои може да им се продаде вака очигледно фалична приказна. Како и секогаш, некој прави сериозен кеш на грбот на наивните.