Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Библијата, учењето на Христос и апостолите немаат допирни точки со митарствата (или чистилиштето кај католиците).Тоа се како што и самиот забележуваш подоцнежни додатоци на одредени цркви, но не и дел од изворното библиско христијанство.
Изворното христијанство е загубено во пламенот на религиозната хистерија на биготите од 4 и 5 век. Тоа што е останато е длабоко изцензурирано и извонредно наменски митизирано четиво со единствена намера да индоктринира и окова народи во големо неодржливо царство. Не да ослободи и води.

Новиот Завет на кој толку горделиво се повикуваш е рашомонијада у 4 верзии, преполна со недоследности, контрадикторни гледишта и произволности додавани според потребите на времето и народите за кои бил наменет.

Новиот, исто како и Стариот Завет се толку анахрони и бесмислени денес што е потребно ФАКУЛТЕТ да учиш за да бидеш во состојба да го положиш испитот пред малолетник кој поставува наједноставни прашања во врска со Вистините на Книгата.

Доволно е двапути да го прочиташ Битие за да сфатиш дека нешто СЕРИОЗНО не е во ред со темелите на овие три доминантни религии на денешницата.

Жално и тажно што сеуште постојат возрасни луѓе на кои може да им се продаде вака очигледно фалична приказна. Како и секогаш, некој прави сериозен кеш на грбот на наивните.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444


Дали ова од христијанска гледна точка е патот и покајанието на некој човек, во согласност со Писмото ?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали ова од христијанска гледна точка е патот и покајанието на некој човек, во согласност со Писмото ?
Супер стрипче :) Да, сето тоа е во соглсност со Писмото. Затоа и под секоја слика има стих од Библијата. Протестантска работа :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Доколку некој може да одговори на моиве прашања. Според Библијата, доколку се покаеме нашите гревови ќе ни бидат простени или избришани; „Покајте се и свртете се кон Бога, за да ви бидат избришани гревовите“ (Дела на апостолите 3:19); „Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност“. Е сега постои и црковно учење за постоењето на Митараства. Според опишувањата, кај митарствата демоните се обидуваат да се изборат за нашата душа. Доколку имаме повеќе гревови одколку добри дела, односно не успееме да си ја одкупиме душата со добрите дела, тогаш нашата душа ја превземаат демоните и душата оди во пеколот. Прв пат Митарствата се спомнуваат од страна на св. Атанасиј Александријски во неговото "Житие на св. Антониј Велики" кое е напишано некаде околу 365 г. Е сега моите прашања се: Дали верувате во постоењето на Митарства? Доколку постојат Митаствата, дали ни се суди за гревовите за кои не сме се покајале или генерално за сите гревови, без разлика дали постои покајание? И зошто кај Митарствата демоните се тие кои што и судат на душата?
Да, митарствата навистина постојат, оти така исповеда Црквата, согласно нејзините искуства. Еве дека се најавени:

„...зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината на овој век, против поднебесните духови на злобата...„. (Ефесјнаите, 6.12).

Значи, Апостолот точно го лоцира „местото„ на поединечниот суд за секоја душа, а тоа „место„ е поднебесието, на патот од душата од овој Свет кон Небесата.

Дека секоја душа човекова мора да го помине поединечниот суд, најавено е и овде:

„...И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа-суд,...„ (Евреите, 9.27).

Овде Апостолот јасно укажува дека после смртта, нема временска „луфта„ па вели „...потоа-суд...„ и јасно ни укажува на неизбежоста од судење на душата веднаш после смртта а не само на конечниот и страшен Христов Суд, на Неговото второ пришествие, кога Он ќе и суди и на душата и на телото истовремено, после општото воскресение на родот човечки.

За подетаљно, види во „Голем е Бог„ од монахот Клеопа, кој дава детаљен опис на секое митарство, а види и овде:

http://www.pravoslavni-odgovor.com/Crkva_Hristova/Mitarstva/Mitarstva.htm
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Па ок, но ова се коси со покајанието во Библијата, каде што пишува дека секој кој вистински ќе се покае за своите гревови ќе биде спасен. Затоа и прашав, дали при последниот суд се сметаат само гревовите за кои не сме се покајале и зошто на душата не и суди Господ Бог, туку самите ѓаволи?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па ок, но ова се коси со покајанието во Библијата, каде што пишува дека секој кој вистински ќе се покае за своите гревови ќе биде спасен. Затоа и прашав, дали при последниот суд се сметаат само гревовите за кои не сме се покајале и зошто на душата не и суди Господ Бог, туку самите ѓаволи?
Посочи, како изгледа тоа „вистинско„ покајание, оти така е оставена можноста и за „невистинско/лажно„ покајание?

При последниот Суд, веројатно мислиш на Христовиот страшен Суд, нема поединечен суд за секоја душа засебно, оти тој (поединечен) суд го добива секоја душа веднаш после смртта. По воскресението, кога душата ќе се врати во воскреснатото тело, на второто Христово доаѓање, тогаш ќе нема поединечен суд, туку ќе има конечно раздвојување на оние кои ќе бидат десно или лево од Христа Бога.

На митарствата пак, ангелите ќе ги посочат добрите дела од душата човекова, а спротивно на нив, демоните ќе ги посочат лошите дела од душата, со цел да ја навлечат душата кон пеколот. После поединечниот суд, Христос Е Оној Кој ќе и досуди на душата привремен престој во Рајот или пеколот, каде душата ќе обитува се до Неговото второ доаѓање, а не демоните или ангелите-тие не досудуваат, туку само ја мерат тежината од добрите и лошите дела од душата.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ахам, значи ти не веруваш во покајание?
Напротив: Црквата ја има Светата Тајна исповест/покајание, која е неразделен дел од животот од верникот.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Дали само преку исповеста човек може вистински да се покае? Што доколку некој има направено многу гревови, но решава да се покае и повеќе не ги прави тие гревови, дали тој човек се покајал? И дали гревовите ќе му бидат простени или тие гревови засекогаш ќе си ги носи?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дали само преку исповеста човек може вистински да се покае?
Да, под услов да му биде дел од начинот на живеење. Покајанието е трајна свесност за својата огревовеност, а не само чин на покајание. Нема друг начин на покајание, освен исповеста.

--- надополнето ---

Што доколку некој има направено многу гревови, но решава да се покае и повеќе не ги прави тие гревови, дали тој човек се покајал?
Многуте гревови едноставно, мораат да бидат исповедани. После исповеста, започнува прекинот на гевовнот однесување, односно почнува живеењето во добродетелство, т.е. чинење добри дела. Бидејќи сме грешни, во живото пак ќе направиме некој грев и пак ќе треба да се покаеме/исповедаме. Еднаш направената исповест не е исповест за цел живот,. туку само за неделата сторени во одреден временски период.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Да, под услов да му биде дел од начинот на живеење. Покајанието е трајна свесност за својата огревовеност, а не само чин на покајание. Нема друг начин на покајание, освен исповеста.
Да на ова мислев, доколку човекот не се исповедал но сепак е свесен за своите гревови и престанал да ги прави, дали тогаш се покајал?

--- надополнето ---

Многуте гревови едноставно, мораат да бидат исповедани. После исповеста, започнува прекинот на гевовнот однесување, односно почнува живеењето во добродетелство, т.е. чинење добри дела. Бидејќи сме грешни, во живото пак ќе направиме некој грев и пак ќе треба да се покаеме/исповедаме. Еднаш направената исповест не е исповест за цел живот,. туку само за неделата сторени во одреден временски период.
Хм ретки се луѓето кои се исповедаат
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И дали гревовите ќе му бидат простени или тие гревови засекогаш ќе си ги носи?
Ако исповеста е сторена според редот во Црквата, верникот треба да верува дека исповеданите гревови му се простени, иако тоа не е 100%-на гаранција. Постојат докази за тоа дали исповеданиот грев е простен или не. Грревовите не се забораваат, остануваат во нашето сеќавање, но правилно исповеданиот грев нема да ни биде споменат на поединечниот суд, оти таквиот грев нема да биде запишан во книгите од демоните.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Захарија 13-8 и во целата земја - говори Господ - ќе бидат истребени две третини, а една третина оставена.
Захарија 13-9 Таа третина ќе ја поминам низ оган, ќе ги очистам како што се чисти среброто, ќе ги очистам како што се очистува златото и тие ќе го повикуваат Моето име, а Јас ќе им се одѕвијам; и ќе речам: ‘Тоа е Мој народ!’ а тие ќе речат: ‘Господ е мој Бог!’”

Откровение 9-15 И беа одврзани четирите ангела, приготвени за час, за ден, за месец и за година, да убијат третина од луѓето.
Откровение 9-18 Од овие три зла - од огнот, од димот и од сулфурот, што излегуваа од нивните усти, загина третина од луѓето.
Откровение 9-20 А другите луѓе, кои не загинаа од овие зла, не се покајаа за делата на своите раце, да не им се поклонуваат на бесовите и на златните, сребрените, бронзените, камените и дрвените идоли, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту да одат.

Дали ова значи дека во скоро време измеѓу 2,27 и 4,53 милијарди луѓе на планетава ќе изумрат?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom