Многу едноставно, Он ја повикува дучата на отчет
- ептен едноставно - не е убиство
1. Слободен превод: Курчењето на Господ те става у плавата лента!
2. Нели? Како би се направиле 6.000.000.000 (шест-од-она-што-не-можеш-да-го-појмиш) луѓе за 3-4000 години (Кога ли беше Ное?) ЕПА, МИКИ, НИ-КА-КО!!! Невозможно е.
И уште една „нејаснотија“: Господ го направил потопот, пошто луѓето (ради инцест) станале покварени, валкани, гнасни во душата и Овој решил да ги ресетира. Ги оставил Ное со дребната фамилија. Така... ЗА ОВИЕ ПОСЛЕ
ПАК ДА ПОЧНАТ СО ИНЦЕСТ!!! Абе, КАКО ова има логика?!?!
--- надополнето ---
Едно прашање: Дали Адам и Ева имале папок, како на сликава:
Еве што ми е муабетот, точка по точка:
1. Не постои библиска основа, на која некој истражувач или проценител би дал ваква егзактна бројка за од Бога убиените луѓе. Во Писмото, постојат извесни бореви кои се однесуваат на одредено население (јудеите, на пример), но невозможно е кумулативно пресметување за тоа колку луѓе „убил„ Бог.
А Божјото „убивање„, како веќе реков, нема врска со убивањето. Кога Бог решава да казни одреден колектив/народ или одреден поединец, Бог нема потреба да се симне на Земјава и користејќи одредено оружје, да убие некого, како колектив или поединец. За масовни помори луѓе, Бог ја користи својата моќ-Он заповеда а настанот се случува! И толку! Ако Бог Е гневен кон народот или поединецот, Он не убива, туку заповеда одреден настан (природна непогода, болест и сл.) и преку настанот, Он го скратува постоењето човеково на Земјата, така што душата, која е нематеријална и бесмртна, „оди „ кај Бога на отчет, а телото, кое е материјално и смртно, оди во земјата (се погребува). Сите оние масовни помори од луѓе, кои ги знаеме од Стариот Завет, начелно сеуште се случуваат, и тоа пред нашите очи! Тоа значи дека Бог е гневен на тие народи (или поединци, сеедно) и Он, не трпејќи беззаконие во однос на Неговата волја, ги повикува душите од поединците од тие народи на отчет, затоа што тие народи (или поединец, сеедно...) го предизвикале гневот Божји со нивното однесување! Но! Тоа беззаконие од народите кои и некогаш и сега трпат природни катастрофи, е предизвикано не толку од нив самите, туку од лукавиот!
Па сега:
Лукавиот, бидејќи е дух и е нематријален и нема физички контакт со материјалниов Свет, не е способен самиот да изврши убиство! (затоа е смешна онаа бројка од дури 10 старозаветни фаци кои демонот џоа ги убил! Не, демонот не ги убил! Демонот нема способност да убива лично, но затоа има и тоа каква способност да ме/не наведе на беззаконие, а после тоа сторено беззаконие, демонот ќе ме обвини мене за моето беззакоине, иако демонот ме навел да сторам беззаконие!
Дали е сега појасна логиката од оние смешно-погрешни цифри од убиени?
Значи, демонот предизвикува / принудува на беззаконие, така што постојано ме/не наведува на гревовно живеење, а со тоа гревовно живеење, јас / ние чиниме беззаконие пред очите Божји и со тоа беззаконие, јас/ние, го предизвикувам/е гневот Божји, ради кој (гнев) Он интервенира во мојот / нашиот живот на Земјава, го прекинува моето/нашето беззаконие и ме / не призива да Му поднесеме сметка за нашите животи на Земјава!
Тоа е точната логика: не убива Бог, туку убива демонот, а истиот тој демон Го клевети Бога дека Он Е убиецот! (ѓавол-клеветник!)
2. Можно е: она кое за Тебе не е можно, за Бога (се) е можно!
3. Што се однесува кон приложената слика:
- се работи за некоја ренесансна слика, која го покажува чинот на првиот грев. Не знам кој е авторот на сликата, а се чини дека е дел од поголема слика, но по стилот, лесно се препознава дека е работена од некој ренесансен мајстор. Имено, таа слика (и сличните на неа) претставуваат напуштање на традиционалното црковно сликарство, .т.е. сликање фрески и икони по црковните храмови, изработени од монаси кои имале дар за сликање, но по точно утврдени црковни правила/канони за сликање! Така, во ренесансот, сликите веќе не се дел од црковните храмови, туку тоа се засебни слики/предмети, кои не мора да се дел од црковниот храм. Таков е случајот и со оваа слика (т.е. дел од слика). Сликава не ги почитува црковните композициски правила, туку забегува во реализам, кој е туѓ на традиционалното црковно сликарство. Повеќе е од очигледно и тоа дека сликата не е сликата од верник, уште помалку од монах, оти Тицијан, Тинторето, Ѓото, Рафел, Леонардо енд компани не беа монаси, па така и оваа слика не подлежи на црковни канони туку на натуралистички прикази на одреден настан.
Сликава има не една, туку две грешки: Адам и Ева не се од мајка родени за да имаат папоци, туку се створени, а од друга страна, Библијата никаде не вели дека Ева, па и Адам, јаделе забрането јаболко, туку дека јаделе (плод) од забранетото дрво! На сликата, очигледно е јаболкото, така да авторот од сликата се повел по својот ум, слушајќи ги прикаските за наводното јаболко, но истиот тој автор не се повел по преданието, кое вели дека под забранетото дрво не се подразбира само одредена овошка, туку се подразбира и стекнувањето способност за разликување добро од зло...
Но има трета грешка: Адам и Ева во Рајот биле целосно голи, без користење било каков прекривач преку полните органи.
Да поедноставам: сликава е производ од авторовата уметничка претстава и фантазија за тоа како можел да изгледа чинот на првиот грев, и оваа слика (т.е. дел од слика) е целосно нецрковна!