Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Малце нешто сатаната, слабо.
Кои се тие десет души што ги убил знае некој?
(Јов 1:1-19) Седумте синови и трите ќерки на Јов. И тоа, Луци ги убил, пошто се кладел со Господ!!!

Ги убил дека Господ го условил со порок - кладење!?!?!

Од кога тоа Господ се клади, бе?!?!

--- надополнето ---

Дали Господ убива? Господ не може да убие. Бог го создаде човекот од материја и му даде животворен дух, го направи жив. По одредено време на Земјата Бог го повикува Духот кој му го дал на човекот и Духот се враќа кај својот создател. Сите, АПСОЛУТНО СИТЕ луѓе, кои живееле во историјата на човештвото, еден ден умреле, некој на ваков начин, друг на онаков, но сите умреле. Умреле затоа што Бог го зел нивниот дух кај себе. По ова излегува дека Бог убил многу повеќе луѓе, апсолутно повеќе, односно сите луѓе кои живееле на оваа планета, освен сега оние кои се живи. Но тие луѓе не се мртви, туку живи на Оној свет.

Фреската со која докажуваш дека Адам и Ева имале папок, односно биле родени преку папочна врска од жена, е неразумен доказ. Ова се фрески нацртани од Микеланџело, или пак беа од Леонардо да Винчи? Од каде тој да знаел како изгледаат Адам и Ева, па да ги нацрта? тоа е само негова ПРЕТСТАВА на првите луѓе. тУКА НЕМА НИКАКОВ ДОКАЗ дека Адам и Ева биле родени од жена.

п.с. И ѓаволот се црта со рогови и опашка, со трозабец во раката и козји нозе. Но дали во стварноста е таков?
Јок. Ич не убива. И потопот, и со него никого не уби!

Е, ова е индоктринација. 2.5 МИЛИОНИ мртви во библијата - директно збришани со акт на господ, а ти викаш „Господ не може да убие!“

...и како тоа мислиш: „Господ не може да убие!“ Како? Па нели е семоќен? Како тоа сега не може да убие?!?!

Get your story straight!
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
(Јов 1:1-19) Седумте синови и трите ќерки на Јов. И тоа, Луци ги убил, пошто се кладел со Господ!!!

Ги убил дека Господ го условил со порок - кладење!?!?!

Од кога тоа Господ се клади, бе?!?!
Псссст, не се залетувај толку многу. Книгата ЈОВ за која зборуваш, и која ја користеш НЕ Е ИСТОРИСКА КНИГА. ЈОВ е измислен лик. Таа книга спаѓа во поучните книги, во суштина тоа е драмски текст за борба меѓу доброто и лошото. ЈОВ е измислен, не е историска личност, никогаш не постоел, и настаните што се напишани во таа книга никогаш во стварноста не се случиле.
 
WOW! Да не се залетувам, а? :) Викаш ова: http://www.mkbible.net/biblija/index.php?Jov 1 не е Библија, а?

Па ја мислев дека Библијата е вистинска книга. Извини, Јоан, не знаев дека во Светото писмо имало и измислици и контрадикции и небулози. Ја стварно мислев дека збор од Бога!

Како јас да знам што е измислица и фикција, а што е навистина вистина?!?!
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
(Јов 1:1-19) Седумте синови и трите ќерки на Јов. И тоа, Луци ги убил, пошто се кладел со Господ!!!

Ги убил дека Господ го условил со порок - кладење!?!?!

Од кога тоа Господ се клади, бе?!?!

--- надополнето ---

Јок. Ич не убива. И потопот, и со него никого не уби!

Е, ова е индоктринација. 2.5 МИЛИОНИ мртви во библијата - директно збришани со акт на господ, а ти викаш „Господ не може да убие!“

...и како тоа мислиш: „Господ не може да убие!“ Како? Па нели е семоќен? Како тоа сега не може да убие?!?!

Get your story straight!
Те замолувам, затоа и не пишувам долги постови, прочитај го постот, а потоа реплицирај. ЈАС ТВРДАМ ДЕКА СИТЕ ЛУЃЕ, А НЕ САМО ТИЕ ШТО СЕ ЗАПИШАНИ ВО БИБЛИЈАТА СЕ УМРЕНИ НА ЗЕМЈАТА СО ДОЗВОЛА НА БОГ. Апсолутно сите луѓе што некогаш живееле на Земјата, освен оние коишто сега се живи, се умрени на разни начини, болест, убиство, инфаркт итн. со ДОЗВОЛА НА БОГ. Не само колку велиш ти 2,500,000 туку јас ти велам СИТЕ до сега родени, освен оние кои во моментот се живи, но и тие еден ден ќе умрат кога Бог ќе го дозволи тоа.

--- надополнето ---

WOW! Да не се залетувам, а? :) Викаш ова: http://www.mkbible.net/biblija/index.php?Jov 1 не е Библија, а?

Па ја мислев дека Библијата е вистинска книга. Извини, Јоан, не знаев дека во Светото писмо имало и измислици и контрадикции и небулози. Ја стварно мислев дека збор од Бога!

Како јас да знам што е измислица и фикција, а што е навистина вистина?!?!
Не ти велам дека Библијата не е Библија. Кој те научил така? Момче, ајде малку најди литература, но теолошка за Библијата. Ќе видеш дека тоа е збир на повеќе книги. Повеќе книги на едно место. Секоја книга е посебна, но во сите книги е сведочењето за Божјото провидение во животот на човештвото и човекот како поединец. Во Библијата има разни видови на книги. Има Благодарни песни, како што се Псалмите. Има Мудри изреки, како што се мудрите изреки на цар Соломон, Сирах, има љубовна поезија, како што е љубовниот Еп, Песна на песните, има поучни книги како Книгата Јов, но има и историски книги Книга на Исус Навин, Книга на Судиите израилеви, Книга за Рут, Книга за Царствата, има пророчки книги како Книгата на пророк Исаија, Јеремија, Даниел, Варух, Захарија...
Сите книги се пишани во разни временски периоди, од разни запишувачи. Ретко која книга е запишана по својот наслов. Така да дискутирањето за некоја Книга повлекува БАРЕМ ЕЛЕМЕНТАРНО познавање на темата за која се дискутира, во спротивно, тоа е како некој да заборува за тродимензионален состав, а другиот да живее во дводимензионален состав. Нормално, дека овој другиот нема појма за тродимензионалноста. Но затоа треба барем, малку од малку да се информира.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Те разбирам. Библијата е збор на Бога, ама не баш. ...а има други книги, кои не се Библија, кои ги пишувале смртници, верници, кои се вистивнскиот збор.

Јоан, абе као да ме ду*иш ти мене, а?

Елементарно познавање!?!?! Хммм... јас на овој под-форум научив дека „елементарно познавање“ е познавањето на Библијата.

Шо знам?! Така Викаат тука. ... Ти, сеа, викаш дека тоа што го пишува за Господ и за Луци во Библијата не било вистина, туку фикција.

Да си знам за понатаму...
 
Ти стварно не разбираш или така се правиш? Па не се понижувај толку да не разбираш како да си лицето Б.Ц.
Сега ќе одиме дел по дел. Избери тема, избери прашање, избери која Книга од Библијата ќе ја користиш, па да почнеме со тоа, што е таму лага, што е таму тоа што е опиум за луѓето да не размислуваат со својата глава, а јас ќе ти дадам толкувања и одговори користејќи ја истата Книга. Само те молам не вели, ќе ја користам Библијата, и ќе скокаш од една книга, од еден настан да кажаме историски пред 2,500 години, а потоа ќе реплицираш со некој исказ од некоја друга Книга со запис од пред 3,200 години. Кога ќе се врзе нешто, пример значењето и улогата на Цар Давид во политичкиот и верскиот живот на евреите и еврејската држава, тогаш ќе ги користеме Книгата Царства, бидејќи таму е запишан извештајот за животот и царувањето на Давид. Ако зборуваме за пророк Исаија, или пророк Јеремија, ќе ги користеме Книгите за тие пророци. Ако зборуваме за создавањето на еврејскиот народ, ќе го користеме податоците од Книгите Мојсееви. Имаш на располагање 77 книги и безброј теми или настани. Повели.
Па ти си на ред.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Многу едноставно, Он ја повикува дучата на отчет :) :) :) - ептен едноставно - не е убиство :)

1. Слободен превод: Курчењето на Господ те става у плавата лента!

2. Нели? Како би се направиле 6.000.000.000 (шест-од-она-што-не-можеш-да-го-појмиш) луѓе за 3-4000 години (Кога ли беше Ное?) ЕПА, МИКИ, НИ-КА-КО!!! Невозможно е.

И уште една „нејаснотија“: Господ го направил потопот, пошто луѓето (ради инцест) станале покварени, валкани, гнасни во душата и Овој решил да ги ресетира. Ги оставил Ное со дребната фамилија. Така... ЗА ОВИЕ ПОСЛЕ ПАК ДА ПОЧНАТ СО ИНЦЕСТ!!! Абе, КАКО ова има логика?!?!

--- надополнето ---

Едно прашање: Дали Адам и Ева имале папок, како на сликава:

Еве што ми е муабетот, точка по точка:

1. Не постои библиска основа, на која некој истражувач или проценител би дал ваква егзактна бројка за од Бога убиените луѓе. Во Писмото, постојат извесни бореви кои се однесуваат на одредено население (јудеите, на пример), но невозможно е кумулативно пресметување за тоа колку луѓе „убил„ Бог.

А Божјото „убивање„, како веќе реков, нема врска со убивањето. Кога Бог решава да казни одреден колектив/народ или одреден поединец, Бог нема потреба да се симне на Земјава и користејќи одредено оружје, да убие некого, како колектив или поединец. За масовни помори луѓе, Бог ја користи својата моќ-Он заповеда а настанот се случува! И толку! Ако Бог Е гневен кон народот или поединецот, Он не убива, туку заповеда одреден настан (природна непогода, болест и сл.) и преку настанот, Он го скратува постоењето човеково на Земјата, така што душата, која е нематеријална и бесмртна, „оди „ кај Бога на отчет, а телото, кое е материјално и смртно, оди во земјата (се погребува). Сите оние масовни помори од луѓе, кои ги знаеме од Стариот Завет, начелно сеуште се случуваат, и тоа пред нашите очи! Тоа значи дека Бог е гневен на тие народи (или поединци, сеедно) и Он, не трпејќи беззаконие во однос на Неговата волја, ги повикува душите од поединците од тие народи на отчет, затоа што тие народи (или поединец, сеедно...) го предизвикале гневот Божји со нивното однесување! Но! Тоа беззаконие од народите кои и некогаш и сега трпат природни катастрофи, е предизвикано не толку од нив самите, туку од лукавиот!

Па сега:

Лукавиот, бидејќи е дух и е нематријален и нема физички контакт со материјалниов Свет, не е способен самиот да изврши убиство! (затоа е смешна онаа бројка од дури 10 старозаветни фаци кои демонот џоа ги убил! Не, демонот не ги убил! Демонот нема способност да убива лично, но затоа има и тоа каква способност да ме/не наведе на беззаконие, а после тоа сторено беззаконие, демонот ќе ме обвини мене за моето беззакоине, иако демонот ме навел да сторам беззаконие!

Дали е сега појасна логиката од оние смешно-погрешни цифри од убиени?

Значи, демонот предизвикува / принудува на беззаконие, така што постојано ме/не наведува на гревовно живеење, а со тоа гревовно живеење, јас / ние чиниме беззаконие пред очите Божји и со тоа беззаконие, јас/ние, го предизвикувам/е гневот Божји, ради кој (гнев) Он интервенира во мојот / нашиот живот на Земјава, го прекинува моето/нашето беззаконие и ме / не призива да Му поднесеме сметка за нашите животи на Земјава!

Тоа е точната логика: не убива Бог, туку убива демонот, а истиот тој демон Го клевети Бога дека Он Е убиецот! (ѓавол-клеветник!)

2. Можно е: она кое за Тебе не е можно, за Бога (се) е можно!

3. Што се однесува кон приложената слика:
- се работи за некоја ренесансна слика, која го покажува чинот на првиот грев. Не знам кој е авторот на сликата, а се чини дека е дел од поголема слика, но по стилот, лесно се препознава дека е работена од некој ренесансен мајстор. Имено, таа слика (и сличните на неа) претставуваат напуштање на традиционалното црковно сликарство, .т.е. сликање фрески и икони по црковните храмови, изработени од монаси кои имале дар за сликање, но по точно утврдени црковни правила/канони за сликање! Така, во ренесансот, сликите веќе не се дел од црковните храмови, туку тоа се засебни слики/предмети, кои не мора да се дел од црковниот храм. Таков е случајот и со оваа слика (т.е. дел од слика). Сликава не ги почитува црковните композициски правила, туку забегува во реализам, кој е туѓ на традиционалното црковно сликарство. Повеќе е од очигледно и тоа дека сликата не е сликата од верник, уште помалку од монах, оти Тицијан, Тинторето, Ѓото, Рафел, Леонардо енд компани не беа монаси, па така и оваа слика не подлежи на црковни канони туку на натуралистички прикази на одреден настан.

Сликава има не една, туку две грешки: Адам и Ева не се од мајка родени за да имаат папоци, туку се створени, а од друга страна, Библијата никаде не вели дека Ева, па и Адам, јаделе забрането јаболко, туку дека јаделе (плод) од забранетото дрво! На сликата, очигледно е јаболкото, така да авторот од сликата се повел по својот ум, слушајќи ги прикаските за наводното јаболко, но истиот тој автор не се повел по преданието, кое вели дека под забранетото дрво не се подразбира само одредена овошка, туку се подразбира и стекнувањето способност за разликување добро од зло...

Но има трета грешка: Адам и Ева во Рајот биле целосно голи, без користење било каков прекривач преку полните органи.

Да поедноставам: сликава е производ од авторовата уметничка претстава и фантазија за тоа како можел да изгледа чинот на првиот грев, и оваа слика (т.е. дел од слика) е целосно нецрковна!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ти стварно не разбираш или така се правиш? Па не се понижувај толку да не разбираш како да си лицето Б.Ц.
Сега ќе одиме дел по дел. Избери тема, избери прашање, избери која Книга од Библијата ќе ја користиш, па да почнеме со тоа, што е таму лага, што е таму тоа што е опиум за луѓето да не размислуваат со својата глава, а јас ќе ти дадам толкувања и одговори користејќи ја истата Книга. Само те молам не вели, ќе ја користам Библијата, и ќе скокаш од една книга, од еден настан да кажаме историски пред 2,500 години, а потоа ќе реплицираш со некој исказ од некоја друга Книга со запис од пред 3,200 години. Кога ќе се врзе нешто, пример значењето и улогата на Цар Давид во политичкиот и верскиот живот на евреите и еврејската држава, тогаш ќе ги користеме Книгата Царства, бидејќи таму е запишан извештајот за животот и царувањето на Давид. Ако зборуваме за пророк Исаија, или пророк Јеремија, ќе ги користеме Книгите за тие пророци. Ако зборуваме за создавањето на еврејскиот народ, ќе го користеме податоците од Книгите Мојсееви. Имаш на располагање 77 книги и безброј теми или настани. Повели.
Па ти си на ред.
Јов 1.
Може?

--- надополнето ---

Еве што ми е муабетот, точка по точка:
* * *
Ал си се пишал, Мики, бре!

Знаеш што ќе ти одговорам?

Јов 1. VS Цела Библија = 10:2.500.000

Шо да ти праам, кога не сум по гимнастика... погодово ваква, циркуска, како постов твој...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ал си се пишал, Мики, бре!
Да де, поубо да ме разбериш...( Ха-ха-ха!)

--- надополнето ---

Ј
Знаеш што ќе ти одговорам?
.
Глеј да бидит нешто интересно и од Тебе, досега ненапишано...

--- надополнето ---

Ј
Јов 1. VS Цела Библија = 10:2.500.000

Џ,ц,ц,,,,Добро де DBack, ја објаснив логиката а Ти ми праиш фудбалски резултати...Ц,ц,ц....
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Џ,ц,ц,,,,Добро де DBack, ја објаснив логиката а Ти ми праиш фудбалски резултати...Ц,ц,ц....
Кажи како е заебано кога некој те је*е у мозок? Ти пишуваш, се мачиш, аргументираш, а он, ноншалантно, ти вика: „не си у право“.

Епа, не си у право, Мики, ни за едното ни за другото.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Еве што ми е муабетот, точка по точка:
Мики, некој треба да те слушне но и да те чуе и да сфати...најверојатно не сака пошто не ми се верува дека не може пошто не се овие луѓе неинтелигентни личности, напротив...со други зборови тие не те ни читаат туку подготвуваат уште 10-20 прашања.

Инаку неколкупати низ списанијата се појавија слики од фотомодели без пупак...грешка на фотомонтажа. Ако и во тоа верува некој атеист, секоја чест.

Нешто друго ми беше симптоматично па пробав и се уверив во темата за прашања до атеистите дека е полесно да нафрлаш прашања отколку да се мачиш да одговориш на нив. Досега на тие прашања таму дал 5% добив одговор...ни толку. Дури добив еден одговор -делот за постанокот на вселената останува на мојата фантазија...а се си мислев дека се работи за тешки научни објаснувања vs "детинските библиски сказни" :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
DBack,

Море арно велиш...
Е сеа сум Ти многу љут и нема да Ти одговарам на прашањата! (Ха-ха-ха!)

--- надополнето ---

Мики, некој треба да те слушне но и да те чуе и да сфати...најверојатно не сака пошто не ми се верува дека не може пошто не се овие луѓе неинтелигентни личности, напротив...со други зборови тие не те ни читаат туку подготвуваат уште 10-20 прашања.
Така е Lurtz....

Она кое ќе ни го „набијат„ во главите како сциентистичка „примарна слика за Светот„, а тоа редовно се случува преку еднонасочно и едновистинито уредениот образовен систем, за жал, тоа ни останува вистина и лична убеденост за цел живот, која тешко ја менувам(е)....

Или, како што рече еден професор на предавање: „....Најтешка работа кај луѓето е да го променат својот светоглед...„
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Мики, некој треба да те слушне но и да те чуе и да сфати...најверојатно не сака пошто не ми се верува дека не може пошто не се овие луѓе неинтелигентни личности, напротив...со други зборови тие не те ни читаат туку подготвуваат уште 10-20 прашања.

Инаку неколкупати низ списанијата се појавија слики од фотомодели без пупак...грешка на фотомонтажа. Ако и во тоа верува некој атеист, секоја чест.

Нешто друго ми беше симптоматично па пробав и се уверив во темата за прашања до атеистите дека е полесно да нафрлаш прашања отколку да се мачиш да одговориш на нив. Досега на тие прашања таму дал 5% добив одговор...ни толку. Дури добив еден одговор -делот за постанокот на вселената останува на мојата фантазија...а се си мислев дека се работи за тешки научни објаснувања vs "детинските библиски сказни" :)
Брееее, ама се избламирав на темаваааа... Лурц, извини, мислев дека сум на Прашања за Атеистите.... :(

Како и сите останати теисти, гледам дека и ти, Лурц, и покрај што си био-генетичар по образование, математиката и статистиката ја вадиш од рукав. Го доби окото, од Human и Ipsimuss доби за универзумот, а бога ми и Пилтдаун беше арно поткремен. Настрана тоа, (требаше да) проследи фина презентација за експериментите по Абиогенеза и многу пластично и едноставно објаснување за тоа кои се тврдењата и како е дојдено до нив. Нејсе.

Ова ми е муабетот: Зошто бараш одговор на научни прашања тука? Имаш форум Наука. Таму е вистинското место.

Тука, друже Лурц, ќе добиеш одговори на конкретната тема: атеизам. Прашањата би требало да ти се движат околу божества и богови. Тоа е. Нема зошто да ги прашуваш атеистите за нуклеарна физика, филологија, биологија или мајчин јазик, а уште помалку креационизам и неговите тврдења, пошто тој муабет ќе не' тргне пак по истиот пат како во Креационизам наспроти Еволуција.

Разбирам јас дека Господ ти е драг. Тоа е сосем во ред - твое право. Сакај си го Господ и верувај си дека е тој креаторот на светот, но ако еднаш го напишеш тоа (што упорно избегнуваш) тука, потоа, секогаш кога ќе те забележам на оваа тема ќе те гањам со розевиот еднорог, со пикачу и Зевс - што и всушност е темата на муабет овде.

Дали има или нема Богови.

Дури и да добиеш детални објаснувања за настанокот на пердувот, за првите појави на екстремитети, за теоријата на пулсирачки мултиверзуми, ти со тоа нема да го адресираш прашањето на постоење на Бог. И да ти се докаже (а ти да си дозволиш да го разбереш тоа навистина), повторно, прашањето за дали има или нема Бог воопшто нема да го допреме. А за тоа сме на оваа тема, нели?

Затоа, ти предлагам да гризнеш метак и да одговориш дали си теист (па веруваш дека Бог или божества постојат, или да се кажеш атеист и да се придружиш на веселата дружина.

Што ќе е?

--- надополнето ---

Или, како што рече еден професор на предавање: „....Најтешка работа кај луѓето е да го променат својот светоглед...„
Колку убаво те учел професорот, Мики... а ти овака!?!
Греота. Пред компјутер седиш, а наука кудиш...

Сигурно мислиш дека господ ги направил компјутерот и интернетот. ...ама Луци сигурно го направил redtube.com ;)

--- надополнето ---

Може. Започнуваме со Книга Јов.
Епа ајде... од прв до 18 стих... кладба е или не?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Колку убаво те учел професорот, Мики... а ти овака!?!
Така е DBack, убо ме научи професоро, оти чоекон ми посочи дека има и друга вистина освен сциентистичката а ја на професоро (да не го именувам, а познат е во јавност...) сум му ногу благодарен оти ради него, сега верувам и сум дел од Црквата.

Господ Бог нека му дари долг живот и здравје! Амин!

--- надополнето ---

Сигурно мислиш дека господ ги направил компјутерот и интернетот. ...

Не, Бог го створи човекот а тој (човекот) го злоупотреби од Бога даруваниот ум и тој (човекот) создаде компјутер...

--- надополнето ---

...ама Луци сигурно го направил redtube.com ;)

И пак си во право, по кој знае кој пат за денес! (ха-ха-ха!)

Просто ми е неверојатно: како може некој да биде во право а да не е свесен за тоа?...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom