Епа мислам дека Книгата и Законите не викаат така. Книгата е, нели, упатство за морално живеење. Како сега не е важна книгата и законите во неа?
Ако верата е во верникот, тогаш (прашање) зошто се градат цркви и се пеат песни и се делат луѓето според ритуали, догми...? Зошто?
Ќе ти одговорам на наједноставен начин, на кој мислам дека ќе ме разбереш. Бог се објавува на одредена личност и објавува одредена тајна. Велам тајна, затоа што до тогаш, она што сега се објавува не било објавено. Таа објава не е исклучиво само за таа одредена личност, туку Бог преку неа се служи да Неговата порака стигне до сите до кои е наменета. Така е и со Аврам, повеќебожец од Ур, Халдеја. Да не го раскажувам неговиот живот, само набрзина ќе кажам дека преку тој Аврам, на кого Бог му вели дека одсега ќе се вика Авраам, прави еден народ, кој како тугинци се населуват во Египет, каде од племе прераснуват во народ, ги вади од египетското ропство преку Мојсеј, ја населуват земјата која ја поседувале 7 народи, преку Исус Навин, им дава судии, за потоа да им и цар, Саул, па цар Давид - кој бил по волјата Божја, па цар Соломон... Во целата оваа историја на постанување на еден народ од една промашена личност, повеќебожецот од Ур халдејски - Авраам, овие луѓе го гледале делувањето на оној Бог кој се јавил на нивните татковци, Авраам, Исак, Јаков. За сведоштво на идните поколенија се запишани некои моменти од историјата на овој народ. Тие записи покасно се комплетирани и така се составени светите книги на Евреите....
.... По Христовото воскресение, христијаните го шират евангелието, Радосната вест, низ целиот познат свет тогаш. Се пишуваат и првите писма до одредени Црковни заедници, првите посланија кои се наменети за сите христијани без разлика каде живеат, па имаме и 4 записи за најголемата објава Божја во Исус од Назарет, кој е Христос. Сите овие писма, посланија, евангелија се сведоштво дека Исус од Назарет е Христос, Син Божји. Самите евангелија, самите писма не ти даваат вера. Верата се пренесува. Ја има оној кој ја има. Некој може да си замислува дека ја има и да живее во илузија, рачунајќи на познавањето на светите списи. Но тие нема да му вредат ништо. Светите писма помагаат само на оној кој се ставил во служба на Бога, кој ја исполнува волјата Божја.
На крај, само да ти напомнам дека оваа е мое размислување, од аспект на христијанин, припадник на Католичката Црква, а никако не смее да се препишува како официјално и вистинско толкување на Католичката Црква.