Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Верата во Бога не е исполнување на закон. Кога верата ќе се направи закон или ќе се доведе на човечќи разум, тогаш, во име на „таа вера“ и на „тој бог“ се извршуваат „божјите намисли“, односно се исполнува она што е во главата на „верникот“.
Епа мислам дека Книгата и Законите не викаат така. Книгата е, нели, упатство за морално живеење. Како сега не е важна книгата и законите во неа?

Ако верата е во верникот, тогаш (прашање) зошто се градат цркви и се пеат песни и се делат луѓето според ритуали, догми...? Зошто?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А пред тоа беа бесмртни ?
Да, пред гревот, Адам и Ева беа бесмртни, или да бидеме попрецизни, беа потенцијално бесмртни, зашто Бог ги створи Адама и Ева за нивен вечен живот, под услов, да не го стореа гревот...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Да, пред гревот, Адам и Ева беа бесмртни, или да бидеме попрецизни, беа потенцијално бесмртни, зашто Бог ги створи Адама и Ева за нивен вечен живот, под услов, да не го стореа гревот...
Каде го вика ова Библијата?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Каде го вика ова Библијата?

Прашања кои се вака намерно поставени, покорисно е да ги поставиш до протестаниве на форумов, оти саде за нив важи принципот „сола скриптура„, демек, во Библијата ги има одговорите на сите прашања на кои ќе се сетиш. Во православната Црква, важи правилото според кое Светото Писмо и Светото Предание, чинат нераздвојна целина.

Према томе, на прашањето, каде е запишано дека Бог ги створил Адама и Ева за потенцијално бесмртни битија, таков одговор во Библијата нема, но затоа одговорот на тоа исто прашање, го има во Светото Предание, т.е. во светоотечките толкувања на Писмото, на пример, толкувањата на Петокнижието Мојсеево.

Значи, Писмото не дава „само до себе„ одговор на сите можни прашања, иако и протестантиве на форумов, сигурен сум дека би ти го дале истиот одговор на поставеново прашање, околу потенцијаланата бесмртност Адамова и Евина.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Према томе, на прашањето, каде е запишано дека Бог ги створил Адама и Ева за потенцијално бесмртни битија, таков одговор во Библијата нема, но затоа одговорот на тоа исто прашање, го има во Светото Предание, т.е. во светоотечките толкувања на Писмото, на пример, толкувањата на Петокнижието Мојсеево.
Кој ги пишувал тие толкувања на Писмото? Дали може да ми дадеш да прочитам?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Толкувањата на Писмото го имаат направено уште раните Свети Оци во Црквата, веројатно за некои имаш слушнато: Василиј Велики, Јован Златоуст, Григориј Богослов, Августин, Јован и Ефрем Сириски и тн....

Во Скопје, достапно е толкувањето на Шестодневот од Св. Василиј Велики на македонски јазик. Во книжарницата „Икона„ (ова не е реклама....) имаш голем избор од светоотечка литература но и изданија од современи богослови.

Лесна и брза достапност кон многу теми од вероучението, имаш на линков:
http://www.svetosavlje.org/mapa.htm
кој често го користам. Барај по порталот и ќе наидеш на се што Ти е од интерес...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295

Августин, се однесува на овој Св. Августин?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да, тоа е блажениот Августин, како што е титулиран во Црквата. Некаде го има достоинството на „свет„, но не е тоа пресудно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Да, тоа е блажениот Августин, како што е титулиран во Црквата. Некаде го има достоинството на „свет„, но не е тоа пресудно.
Во неговите дела (покрај другото) има напишано
"the universe was created with time and not in time" уште во 6-ти век...што сакал да каже со оваа реченица и дали теоријата за Големиот почеток Биг Бенг не се доближува до размислувањата на Св Августин?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не ја познавам детаљно теологијата од блажениот Августин, а што се однесува до наведената реченица, таа е во согласност со толкувањето на Св. Василиј Велики за Шестодневот. Да. Вселената е створена заедно со (почетокот на) времето (слично вели и Хокинг) но не е створена во времето (т.е. после создавањето на времето), оти не може Вселената да биде створена заедно со времето но и во времето-или е едното точно или другото. Така, материјалниов Свет е сврзан со времето, аналогно на нематеријалниот Свет, во кој времето е непознаница. Учењето за створеноста од Вселената истовремено со времето е општо прифатено учење во Црквата, а Хокинг и неговите теории доцнат зад Црквата едно 1700 г.

Теологијата ги толкува нештата на сосема поинаков начин од начинот на кој науките ги толкуваат своите предмети на опсервација: теолозите толкуваат со дух, а научниците објаснуваат со разум; теолозите толкуваат суштински, се додека на ја исцрпат темата за која беседат, а научниците ги крпат дупките од своите објаснувања и теории со маса од (не)убедливи зборови.

Секоја сличност на било чие теолошко толкување со теоријата на големата експлозија е случајна...

Дури и во православието постојат обиди за приближување на теолошките кон научните објаснувања, особено од приврзаниците на креационизмот, но тоа приближување е практично неизведливо, ради различната позиција на гледиштата од теологијата и од науките.
 
Г

Господ

Гостин
Како Бог рекол Јас сум Алфа и Омега пред да е измислена грчката азбука?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Дали има основа да се тврди дека некоја црква освен католичката со седиште во Рим е христијанска?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Епа мислам дека Книгата и Законите не викаат така. Книгата е, нели, упатство за морално живеење. Како сега не е важна книгата и законите во неа?

Ако верата е во верникот, тогаш (прашање) зошто се градат цркви и се пеат песни и се делат луѓето според ритуали, догми...? Зошто?
Ќе ти одговорам на наједноставен начин, на кој мислам дека ќе ме разбереш. Бог се објавува на одредена личност и објавува одредена тајна. Велам тајна, затоа што до тогаш, она што сега се објавува не било објавено. Таа објава не е исклучиво само за таа одредена личност, туку Бог преку неа се служи да Неговата порака стигне до сите до кои е наменета. Така е и со Аврам, повеќебожец од Ур, Халдеја. Да не го раскажувам неговиот живот, само набрзина ќе кажам дека преку тој Аврам, на кого Бог му вели дека одсега ќе се вика Авраам, прави еден народ, кој како тугинци се населуват во Египет, каде од племе прераснуват во народ, ги вади од египетското ропство преку Мојсеј, ја населуват земјата која ја поседувале 7 народи, преку Исус Навин, им дава судии, за потоа да им и цар, Саул, па цар Давид - кој бил по волјата Божја, па цар Соломон... Во целата оваа историја на постанување на еден народ од една промашена личност, повеќебожецот од Ур халдејски - Авраам, овие луѓе го гледале делувањето на оној Бог кој се јавил на нивните татковци, Авраам, Исак, Јаков. За сведоштво на идните поколенија се запишани некои моменти од историјата на овој народ. Тие записи покасно се комплетирани и така се составени светите книги на Евреите....
.... По Христовото воскресение, христијаните го шират евангелието, Радосната вест, низ целиот познат свет тогаш. Се пишуваат и првите писма до одредени Црковни заедници, првите посланија кои се наменети за сите христијани без разлика каде живеат, па имаме и 4 записи за најголемата објава Божја во Исус од Назарет, кој е Христос. Сите овие писма, посланија, евангелија се сведоштво дека Исус од Назарет е Христос, Син Божји. Самите евангелија, самите писма не ти даваат вера. Верата се пренесува. Ја има оној кој ја има. Некој може да си замислува дека ја има и да живее во илузија, рачунајќи на познавањето на светите списи. Но тие нема да му вредат ништо. Светите писма помагаат само на оној кој се ставил во служба на Бога, кој ја исполнува волјата Божја.

На крај, само да ти напомнам дека оваа е мое размислување, од аспект на христијанин, припадник на Католичката Црква, а никако не смее да се препишува како официјално и вистинско толкување на Католичката Црква.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
- Кого следат христијаните, Исус или Павле?
Христијанинот е син Божји преку, најголемата Божја објава, Единородниот Син Божји Исус Христос.
Христијанинот НЕ СЛЕДИ НИКОГО, НИ ИСУС НИ ПАВЛЕ, а кој е тој Павле?
Христијанинот е предаден во целост на Бога, и Бог живее во него.
Христијанин со Бог во себе, преку воскреснаиот единороден Син Божји Исус Христос, самиот ПОСТАНУВА СИН БОЖЈИ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom