Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Слеп при очи. Тоа ти е, Мики, од она „слепо верувај“ и од она „вистинскиот верник не треба да мисли“. Обете се твои цитати.

Во право си, навистина им е тешко на таквите.
DBAck, сите овие џоа научни докази кои ги (пре)пишуваш на форумов, а кои џоа ги докажуваат научните наспроти Божјите вистини, сето тоа се финти кои, барем мене лично, ми се познати веќе 20-25 г. што значи, имам подолго памтење од твоево препишување.

Но една работа за мене е симптоматична: се „тури„ од пишување самопофални зборови за наводното истражување, размислување,. логицизирање, па и предокажување за научните вистини, а јас од Тебе читам саде препишани нешта, кои, како веќе реков, лично ми се познати, повеќе или помалку, оти 3/4 од мојот живот ги минав во атеизам во кој поинтересни ми беа галаксиите и планетите од мoите гревови....

.
Према томе, дај конечно, напиши „нешто„ кое е производ од твоите лични истражуваа, мозгања и заклучоци и скрати и од препишување, жив Ти мајка....

P.S.

И не ни забележувај ни нам, верните, кои се повикуваме на нашите авторитети, оти е очигледно дека не заостануваш зад нас во Твоево препишување и повикување на научните авторитети, разбираш..
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
По некои истражувања околу 98% од населението се теисти, односно имаат вера во бог или во некоја натприродна сила. Феноменот на атеизмот е само форма на вера во својата сила. Не постои атеизам, односно неверие на свесна личност за филозофијата на животот. Единствено, несвесноста за своето постоење, и небарањето одговор за истото е чист атеизам. Се останато е вера.
Христијанството се разликува од другите вери по вистинските и точните одговри што се поставени пред животот.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
DBAck, сите овие џоа научни докази кои ги (пре)пишуваш на форумов, а кои џоа ги докажуваат научните наспроти Божјите вистини, сето тоа се финти кои, барем мене лично, ми се познати веќе 20-25 г. што значи, имам подолго памтење од твоево препишување.

Но една работа за мене е симптоматична: се „тури„ од пишување самопофални зборови за наводното истражување, размислување,. логицизирање, па и предокажување за научните вистини, а јас од Тебе читам саде препишани нешта, кои, како веќе реков, лично ми се познати, повеќе или помалку, оти 3/4 од мојот живот ги минав во атеизам во кој поинтересни ми беа галаксиите и планетите од не мoите гревови....

.
Према томе, дај конечно, напиши „нешто„ кое е производ од твоите лични истражуваа, мозгања и заклучоци и скрати и од препишување, жив Ти мајка....

P.S.

И не ни забележувај ни нам, верните, кои се повикуваме на нашите авторитети, оти е очигледно дека не заостануваш зад нас во Твоево препишување и повикување на научните авторитети, разбираш..
Чудно е како тоа форумскава заедница не го мисли истото...

Јас своите постови внимателно ги составувам. Не брзам, не препишувам и не читам со пола око.

Вам, на верните на форумов, кои сте доволно упорни да пишувате и наспроти сите јасни и недвосмислени контрааргументи, не ви забележувам ништо. Кога вие не би биле, овие мои постови никогаш не би биле напишани, а верните форумски воајери ќе останеа без омилената забава.

Ти навистина се повикуваш на авторитети. Штета што повеќето ти се лажни.

Јас не познавам атеисти кои станале верници. Не ни верувам дека такви постојат. Атеизмот е рационална свесност за светот околу тебе и за законите кои го владеат. Невозможно е некој кој бил свесен за законите на природата одеднаш да ги заборави. Затоа, Мики, јас не верувам дека некогаш си бил атеист.

--- надополнето ---

По некои истражувања околу 98% од населението се теисти, односно имаат вера во бог или во некоја натприродна сила. Феноменот на атеизмот е само форма на вера во својата сила. Не постои атеизам, односно неверие на свесна личност за филозофијата на животот. Единствено, несвесноста за своето постоење, и небарањето одговор за истото е чист атеизам. Се останато е вера.
Христијанството се разликува од другите вери по вистинските и точните одговри што се поставени пред животот.
Оооо, истражувања, одлично!
Може да ги видам тие истражувања?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
како и на прашања за Исламот и тука да се повторам ..
лични меѓусебни дебати на ПП не на оваа тема ..

Правилата се едноставни .. Прашање - Одговор ... дебата за одредени прашања, полемики околу некоја нејаснотија во соодветна тема која веќе постои или отворете нова!

Кој не ги прочитал правилата нека се врати на првиот пост од темава!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ти навистина се повикуваш на авторитети. Штета што повеќето ти се лажни.

Добро де човек, кога од тебе ќе прочитам и нешто повеќе освен напишана негација?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Добро де човек, кога од тебе ќе прочитам и нешто повеќе освен напишана негација?
Тука нема негација.
Него, дај да го почитуваме модераторов...

ЕДИТ: ПРАШАЊЕ !

Дали Господ ги лажел Адам и Ева кога им рекол дека ако се допрат до дрвото ќе умрат?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не, не ги лажел, оти Адам и Ева навистина умреа, што значи дека Бог не ги излажа.

За разлика од Бог, змијата им мети на Адам и Ева дека станат како богови, со познавање на доброто и злото, а Адам и Ева не станаа како богови.

И сега: кој овде лаже!?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не, не ги лажел, оти Адам и Ева навистина умреа, што значи дека Бог не ги излажа.

За разлика од Бог, змијата им мети на Адам и Ева дека станат како богови, со познавање на доброто и злото, а Адам и Ева не станаа како богови.

И сега: кој овде лаже!?
Прашање! Еј супер - ај да одговорам:

Господ: Ете, Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно!Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен.

Значи: ЛУЦИ НЕ ЛАЖЕЛ. (како што ти лажно тврдиш) - Ако лажел Луци, Мики, лаже и Господ твој.

Од друга страна, Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!’

Они пробаа, се допреа и не умреа! - мислам дека треба неверојатно салто за да ова се „протолкува“. По мене е претерано очигледно - Бог ги лажел. Зашто? тоа е сосем друга приказна. Сепак, лага си е лага, без оглед на намерата.

Него, де да слушнеме и други мислења по ова прашање за христијаните...

--- надополнето ---

По некои истражувања околу 98% од населението се теисти...

Христијанството се разликува од другите вери по вистинските и точните одговри што се поставени пред животот.
Ај што неќеш да ги посочиш истражувањата што ги цитираш, неќеш...

Ај вака: ПРАШАЊЕ ДО ХРИСТИЈАНИТЕ:
Кои се вистинските и точните одговори што се поставени пред животот (?!?!), па го прават Христијанството различно од другите религии?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не, не ги лажел, оти Адам и Ева навистина умреа, што значи дека Бог не ги излажа.

За разлика од Бог, змијата им мети на Адам и Ева дека станат како богови, со познавање на доброто и злото, а Адам и Ева не станаа како богови.

И сега: кој овде лаже!?

Кој лаже се гледа. Не знам од која библија читаш ти. Изгледа таа адвентистичката иста ко куран е, а ваму негираш Алах.

22 И Господ Бог рече: „Ете, Адам
стана како еден од Нас, знаејќи што е
добро и што е зло; но сега, да не ја испруж
и раката своја и да земе пак од дрвото
на животот, и да вкуси, па да
заживее вечно!”

23 Тогаш Господ Бог го изгони од
Едемската градина, за да ја обработува
земјата, од која беше земен.

24 Откако, пак, го изгони Адам, постави
на исток пред градината Едем херувим
и огнен меч, кој се вртеше и натаму
и наваму, за да го пазат патот кон
дрвото на животот.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Ај вака: ПРАШАЊЕ ДО ХРИСТИЈАНИТЕ:
Кои се вистинските и точните одговори што се поставени пред животот (?!?!), па го прават Христијанството различно од другите религии?
Едно од прашањата што се поставени пред животот, и на кој христијанството дава вистински одговор е почитување на животот. Христијанскиот Бог е силен и нему не му требат самоубиствени акции за убивање на нехристијаните. Тој самиот ќе суди. Тоа само така. Она што е битно за почитување на животот е: никој нема право со никаков закон да одземе невин и беспомошен живот. Ниту човек, ниту заедницата, ниту државата.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Едно од прашањата што се поставени пред животот, и на кој христијанството дава вистински одговор е почитување на животот. Христијанскиот Бог е силен и нему не му требат самоубиствени акции за убивање на нехристијаните. Тој самиот ќе суди. Тоа само така. Она што е битно за почитување на животот е: никој нема право со никаков закон да одземе невин и беспомошен живот. Ниту човек, ниту заедницата, ниту државата.
Гледам повторно си пропуштил да го цитираш истражувањето со кое е утврдено дека 98% од светската популација се теисти.

Кон постот твој:

Секоја религија промовира почитување на животот. (не е уникатно за ЈХИ)
Ниту една религија не промовира самоубиствени акции (не е уникатно за ЈХИ)
Сите религии викаат дека нивниот бог ќе суди (не е уникатно за ЈХИ)

...Абе ајде, само Господ може да убива, а? :) ...аха, да... и во име на Господ е дозволено, така? :0

Ниту еден од аргументите за посебноста на Христијанството не ти држи вода.

ПРАШАЊЕ ДО ХРИСТИЈАНИТЕ: Зошто сметате дека Христијанството е повистинско (поуникатно) од останатите 5.000 живи и мртви религии на светов?

--- надополнето ---

А пред тоа беа бесмртни ?
Не знам ја некаде во Битие експлицитно да вика дека биле бесмртни. Тоа од Мики сум го чул. Он од каде - не знам!
Претпоставувам дека следи толкување.

ПРАШАЊЕ ДО ХРИСТИЈАНИТЕ:
Каде во Библијата пишува дека Адам и Ева биле бесмртни пред да пробаат од забранетото овошје?
 
Ќе го пронајдам и тој податок дека околу 98% од светското население се теисти, односно дека веруваат во бог или во некоја виша сила. Додека го барам тој, само едно размислување, Кина, Индија, Јапонија, не се атеистички земји. Колку народ живее таму?

Не секоја религија вистински го почитува правото на живот. Имаме религии каде во името на Бог, религиозните водачи испраќаат во самоубиствени акции луѓе, а кој при тоа ќе биде убиен воопшто не важно. Најчесто тоа се цивили, мажи, жени и деца, кои се целосно невини, но битно е само да загинат што поголем број на луѓе. Ќе се сетиш за која ралигија ти зборувам, ако не ти текнува гледи на вести.

А каков е тој бог, на кој му треба помош од верник да го брани?

Во Книгата Битие, односно 1 Прва книга Мојсеева, даден извештајот за создавање на светот и на животот на овој свет. Има извештај дека Бог ги создава првите луѓе, Адам и Ева, и дека се наоѓат на друго место, а не на земјата. Воопшто не е напишано, а и нема потреба да се напише колку време Адам и Ева претстојувале раму, затоа што таму нема време. Запишано е само дека биле таму се додека не го направиле првиот грев, по кој грев, се протерани на Земјата, и има извештај дека Адам и неговата жена НА ЗЕМЈАТА ЖИВЕЕЛЕ одреден број на години. На Земјата постои време, и затоа може да се пресмета. Но таму каде што биле Адам и Ева пред да згрешат, не постои време.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не секоја религија вистински го почитува правото на живот. Имаме религии каде во името на Бог, (1) религиозните водачи испраќаат во самоубиствени акции луѓе, а кој при тоа ќе биде убиен воопшто не важно. Најчесто тоа се цивили, мажи, жени и деца, кои се целосно невини, но битно е само да загинат што поголем број на луѓе. Ќе се сетиш за која ралигија ти зборувам, ако не ти текнува гледи на вести.
Нема да навелгувам во детали околу гнасните злоупотреби на сите три варијанти на јахве, ниту за нивните закарани пријатели по вера. Сите три религии си имаат радикални екстремисти кои навистина покажуваат какво зло може да се изроди од незнаење, ограниченост и од префрлање на одговорноста за своите постапки на имагинарен, „семоќен“ лик.

Религијата ги тера луѓето да се борат во име на Бог. Дури и кога се на спротивни страни (?!?!) Како е ова можно?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Нема да навелгувам во детали околу гнасните злоупотреби на сите три варијанти на јахве, ниту за нивните закарани пријатели по вера. Сите три религии си имаат радикални екстремисти кои навистина покажуваат какво зло може да се изроди од незнаење, ограниченост и од префрлање на одговорноста за своите постапки на имагинарен, „семоќен“ лик.

Религијата ги тера луѓето да се борат во име на Бог. Дури и кога се на спротивни страни (?!?!) Како е ова можно?
Верата во Бога не е исполнување на закон. Кога верата ќе се направи закон или ќе се доведе на човечќи разум, тогаш, во име на „таа вера“ и на „тој бог“ се извршуваат „божјите намисли“, односно се исполнува она што е во главата на „верникот“.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom