- Член од
- 17 февруари 2011
- Мислења
- 775
- Поени од реакции
- 33
Јулианскиот календар е формиран пред 46 години од Христос. Така да во времето на Христос се служел тој календар. Во 1578 година тој календар е реформиран од папата Григориј, кој е римокатолик. Римокатолиците се одделиле од Католиците (Православните) во 1053 година. А сите светители што се Православни оделе по тој календар (јулиански).
Грегоријанскиот календар е 14 дена понапред и така да заедничките светители што ги имаме заедно со Римокатолиците до 1053 , односно тие што одат по грегоријански календар ги слават 14 дена понапред одошто кај верниците од јулианскиот календар ги слават точно на денот кога починале светителите.
Ајде те молам, не го гледај грегоријанскиот календар, туку само јулијанскиот и кажи ми на која дата се паѓа Божиќ?