Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ти можеш? Ај пробај тука:

1. Господ: „Не јадете од него и не допирајте се до него за да не умрете!"

2. Сатана: „Не! Нема да умрете! Но бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него ќе ви се отворат очите и ќе станете како богови, знаејќи добро и зло!"

1 или 2? Кој исказ е лага? Кој говорник лаже?

Читај го болтуваното а посебно зборот со нагласен/зголемен фонт и стај прст на чело....

Или, како што рече еден наш вероучител: „...Ѓаволот ги излажа Адама и Ева со вистина....„.
 
Читај го болтуваното и стај прст на чело....

Или, како што рече еден наш вероучител: „...Ѓаволот ги излажа Адама и Ева со вистина....„.

Охохоооооо!!!

КАКВО САЛТО МОРТАЛЕЕЕ!!

Ѓаволот ги излажа Адама и Ева со вистина....

Дали вреди нешто дополнително да се каже тука?!?
 
1. Господ: „Не јадете од него и не допирајте се до него за да не умрете!"
ако буквално ги читаме овие реченици не е ништо чудно, од бесмртни и обвиени во добро, истите станале смртни...инаку постојат и толковници на Светото Писмо, прирачници за да се објасни на оние кои не можат да сфатат (незлонамерно, но секој по нешто не сфаќаме или разбираме -кој математика, кој теологија...некој не знае ниту еден странски јазик, но не е лош ниту прост) што значат деловите од Старито и Новиот Завет.
А кој е подлабокиот смисол на забраната и што всушност значи мислам дека е друга работа
 
Има: не ми ги вади зборовите од контекст...

Жити све! Кој е контекстот од кој сум ги извадил зборовите?

--- надополнето ---

Не е тоа до буквално, небуквално или до толкување и разбирање контекст. Без оглед на намерата на господ или намерата на Луци, првиот очигледно ги лаже Адам и Ева, а вториот очигледно ја кажува вистината.

Не зборуваме за намерата!

Зборуваме за „фактите“ во Книгата.
 
2. Сатана: „Не! Нема да умрете! Но бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него ќе ви се отворат очите и ќе станете како богови, знаејќи добро и зло!"

Ѕирни го болтуваниот збор....
 
Епа што со тој збор? Што вртиш цело време одоколу па на ќоше? Ајде кажи!

Просто е: само Бог Е Бог, и Он не ги пренесува своите екслузивни особини врз своите творенија. Така, имаме јасна дистинкција меѓу Творец и твренија, меѓу Бог и човек (памем кажано, Бог го создаде Адама да биде човек а не Адам да биде бог!) она кое лукавиот им го вети на Адама и Ева, е токму спротивното : лукавиот им вети ( и не исполни!!!) дека Адам и Ева ќе станат „...како...„ Богови! Па. Адам и Ева или се или не се богови-јасно е дека не се! Арно ама, лукавиот им вети ( и не исполни!!!) дека штом каснат од забранетото дрво (читај: од способниоста да разликуваат добро и зло) демек, така, Адам и Ева би биле богови...

А на крајот на краиштата, Адам и Ева не саде што не станаа „како„ богови, туку станаа смртни и умреа!
Дали се сега лагата троа поочигледна?

Ете го и контекстот.
 
Просто е: само Бог Е Бог, и Он не ги пренесува своите екслузивни особини врз своите творенија. Така, имам јсана дистинкција меѓу Творец и твренеи, беѓу Бо ги човек (паме кажано, Бог го сзодаде Адама да биде човек а не Адам да биде бог!) она кое лукавиот им го вети на Адама и Ева, е токму спротивното : лукавиот им вети ( и не исполни!!!) дека Адам и Ева ќе станат „...како...„ Богови! Па. Адам и Ева или се или не се богови-јасно е дека не се! Арно ама, лукавиот им вети ( и не исполни!!!) дека штом каснат од забранетото дрво (читај: од способниоста да разликуваат добро и зло) демек, тоака, Адам и Ева би биле богови...
Он НЕ ИМ ВИКА дека ќе станат Богови. Јасно има вика КАКО богови - што ќе познаваат добро и зло. Адам и Ева биле направени по ликот на Бог, но не биле Бог, пошто он знаел добро и зло.

Него кој беше контекстот од кој сум го извадил потписов?
 
Жити све! Кој е контекстот од кој сум ги извадил зборовите?

--- надополнето ---

Не е тоа до буквално, небуквално или до толкување и разбирање контекст. Без оглед на намерата на господ или намерата на Луци, првиот очигледно ги лаже Адам и Ева, а вториот очигледно ја кажува вистината.

Не зборуваме за намерата!

Зборуваме за „фактите“ во Книгата.
Не е ваљда уште еден сатанист? Луци бил ок? :)
Ок...Господ вели дека ќе умрат...тие навистина станале смртни. Не знам што не е јасно и зашто у ствари секоја реченица ја студирате по 50-тина форумски страни? Дали тоа ќе ви донесе знаење, сатисфакција, нови видици...?
 
Просто е: само Бог Е Бог, и Он не ги пренесува своите екслузивни особини врз своите творенија. Така, имам јсана дистинкција меѓу Творец и твренеи, беѓу Бо ги човек (паме кажано, Бог го сзодаде Адама да биде човек а не Адам да биде бог!) она кое лукавиот им го вети на Адама и Ева, е токму спротивното : лукавиот им вети ( и не исполни!!!) дека Адам и Ева ќе станат „...како...„ Богови! Па. Адам и Ева или се или не се богови-јасно е дека не се! Арно ама, лукавиот им вети ( и не исполни!!!) дека штом каснат од забранетото дрво (читај: од способниоста да разликуваат добро и зло) демек, тоака, Адам и Ева би биле богови...
Ај што твојот бог лаже, па и ти лажеш! Каде виде ти ветување? Еве ти го цитатот пак:
"Не нема да умрете, но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него ќе ви се отворат очите па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро а што зло!"
Каде гледаш ти овде ветување? Само им кажува дека ќе им се отворат очите, ќе знаат добро и зло! Што и се случило!
А еве го и зборчето што го болдираше, само овој пат од устата на Јахве:
Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно!Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен.
 
Него кој беше контекстот од кој сум го извадил потписов?

Ќе ти текне де, само претходно треба да поднаучиш извесна азбука од вероучението.

--- надополнето ---

Каде гледаш ти овде ветување?

Навистина, тешко на оние кои при очи, не го гледаат очигледното...
 
На Далтонистите не можиш да му ги покажиш сите бои. Така е и со тие неверници.
На неверниците му недостасуваат боите кој ги дава Вистината.
 
На Далтонистите не можиш да му ги покажиш сите бои. Така е и со тие неверници.
На неверниците му недостасуваат боите кој ги дава Вистината.
Зашто далтонисти? Можеби повеќе држи споредбата пред слика во галерија. Ти гледаш виулица, тој гледа човечки лик...сеедно, битно гледате нешто различно. Ако сакаме да сме реални, гледано отстрана (ни тие ни тие), едниот смета дека гледа одлично, но другиот има слаб вид,...другиот смета истото за првиот. Кој од нив ја знае вистината? Дали се блиску до вистината? Можеби авторот на сликата "некогаш" ќе ни каже нешто повеќе???
Јас сметам дека сум од Бога даден овде, не знам за што и не знам до кога, со која цел и до кое време...но не можам да му судам нему што смета дека е даден по редослед на нештата кои се десиле во природата, живиот свет.
 
Не е ваљда уште еден сатанист? Луци бил ок? :)
Ок...Господ вели дека ќе умрат...тие навистина станале смртни. Не знам што не е јасно и зашто у ствари секоја реченица ја студирате по 50-тина форумски страни? Дали тоа ќе ви донесе знаење, сатисфакција, нови видици...?

Не сум сатанист. Јас едноставно трагам по објективната вистина. Религиите се преполни со контрадикторности кои светот го прикажуваат искривено. Религиите се виновниците за најголемите злосторства во историјата на човекот. Долги години, имав предрасуда (да: предрасуда) дека за религиозните убедувања не се дискутира и дека во ставовите на луѓето не се пипа.

Сега мислам поинаку. Нашава земја, која пред 15-тина годин беше на чисто со границата меѓу секуларното и религиозното. Денес, таа граница е матна. Мене тоа ме загрижува, како што ме загрижува растечкиот религиозен фундаментализам насекаде во светот. ЗАТОА, одговарам на секое прашање и го напаѓам секое догматско и ирационално тврдење на овој подфорум.

Кон постот:

Господ вели дека ќе умрат ако пробаат или ако се допрат до дрвото. Ова е лага! Господ, ако е совршен, омнипотентен... да не го дрвам пак со епитетите, немало да направи ваков пропуст.

Од друга страна, токму во тој пост, Луцифер е искрен во исказот. Луци таму не лаже!

Догмата и индоктринацијата се ужасни нешта. Не им дозволуваат на „заразените“ да го видат светот каков што објективно е. Така, Мики не успева да го прочита тоа што му е пред очи. Не знам за тебе.

Зошто по 50 страници: Едно, јас верувам во народната - Ако се фатиш за орото - играј! Второ, луѓето чии ставови ги напаѓам и се обидувам да ги демантирам, промовираат светоглед за кој јас искрено знам дека е ирационален и невистинит. Лично, ми пречи, но наместо да го избегнам не читајќи го, фатен за орото, јас сакам да не ги оставам воајерите на овој форум (кои се неколкукратно повеќе од нас кои пишуваме) без дијаметрално спротивставено гледиште и аргументи. Трето, Лурц, ова е ГОРУМ. Јеби га :)

Ќе ми донесе нови знаења, заради тоа што со секој пишан пост јас консултирам барем 3 веб-страници. Патем, усовршувам вештини на пребарување информации што во денешно време е многу важна вештина. Сатисфакцијата (за моето очигледно големо его) ја добивам во вид на репутација од моите истомисленици. То ти је. Има за све зашто ;)

--- надополнето ---

Ќе ти текне де, само претходно треба да поднаучиш извесна азбука од вероучението.
* * *
Навистина, тешко на оние кои при очи, не го гледаат очигледното...

Слеп при очи. Тоа ти е, Мики, од она „слепо верувај“ и од она „вистинскиот верник не треба да мисли“. Обете се твои цитати.

Во право си, навистина им е тешко на таквите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom