Добро гледам дека ти незнаеш да ми одговориш на прашањето, само нешто вртиш, превртуваш, па дури и си противречиш на самиот себеси.Затоа ќе го поставам пак, па некој богоугоден христијанин нека ми одговори.
Каде ќе одат душите на нехристијаните(муслимани, будисти, атеисти, итн.)?
Точно, јас не знам, но за мене е доволно и тоа што верувам.
А Христос ќе ни суди на сите, по следниве принципи:
1. На старозаветните јудеи, ќе им суди по Стариот Завет.
2. На сите незнабожечки народи и пагани, кои никогаш не слушнале за името Христово, Он ќе им суди според законот на совеста и природната креација.
3. На сите новозаветни народи, во кои спаѓаат и денешните јудеи, муслимани, хиндуси, будисти, атеисти, абориџини и тако даље, Он ќе им/ни суди според Новиот Завет.
Тоа што некој не слушнал за Христа, тоа може да му биде за оправдување. Кој слушнал за Христа и верата Негова и не Го прифатил, ќе нема оправдување.
А чија душа каде ќе „отиде„, дали во Рајот или во пеколот, конечната одлука ја има само Богочовекот, кој суди строго, но и праведно, секому според верата и според делата.