Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
...така... ама да се помолите еднаш заедно - тоа не доаѓа предвид, а?
Не само што доаѓа во предвид, туку свештенството, кое богослужи, на крајот од секоја литургија упатува молитва до Бога, за да Он ги собере и ги насочи сите кон Неговата Света, Соборна и Апостолска Црква.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Остај што тоа не се сите (закарани) христијани заедно, него не се ни молат за тоа што викам.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Принципот е совршено едноставен: или си член во Цркавата, или си надвор од Црквата!

Која е таа трета состојба, која во Црквата е непознаница? Кои се тие кои „...не се заедно...„, кога самиот израз „еклесиа/црква„, означува заедница од слободни личности кои исповедаат ист Бог и иста вера? Кој овде/таму не е заедно со некого?
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169

Значи вака.Ако има 200 милиони православни христијани, тоа по автоматизам значи дека другите 6000 милиони се надвор од црквата и одат право во пеколот?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не.

Сите 200 мил. православни не одат по автоматизам во Рајот, како што оние 600 мил. неправославни не одат по автоматизам во пеколот.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Христовата Црква не е исто што и православните цркви. А истото важи и за католичката црква и протестантските цркви.
Да се биде дел од Христовата црква не значи да се биде член на МПЦ, СПЦ, ГПЦ, БПЦ, РПЦ или било која ткн. "православна црква". Христовата црква е духовно тело, а не видлива човечка организација која си ставила фирма "МПЦ" или "евангелска црква", "баптистичка црква" или "Католичка" сл. Член од Христовата Црква се станува со исповедање и живеење со лична вера во распнатиот и воскреснатиот Исус Христос.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29

Точно така Чорбаџијо. Тоа е правата Библиска вистина. Ова што го напиша за некого претставува „горчлива таблета“, која што лесно не се голта.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Не.

Сите 200 мил. православни не одат по автоматизам во Рајот, како што оние 600 мил. неправославни не одат по автоматизам во пеколот.
Значи има спас и надвор од црквата, интересна идеја.(BTW си лапнал една нула.)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако патот кон пеколот за тебе е спас, тогаш слободно живеј со таквата прелест. Арх. Рафаил (Карелин) не посочува можност за спасение надвор од Црквата, која е новозаветна паралела на старозаветната Ноева арка. Како што Ное и неговото потесно семејство се спасија ВО арката и не се удавија, така и верните се спасуваат ВО Црквата Христова а не во авион и не во секоја маалска куќа на која поставен крст...
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Добро гледам дека ти незнаеш да ми одговориш на прашањето, само нешто вртиш, превртуваш, па дури и си противречиш на самиот себеси.Затоа ќе го поставам пак, па некој богоугоден христијанин нека ми одговори.
Каде ќе одат душите на нехристијаните(муслимани, будисти, атеисти, итн.)?
 
gade, прашањето ти е добро и релевантно, ама е погрешно адресирано, затоа што само Бог е Оној кој го знае одговорот на ова прашање, за секој човек поединечно. Она што го знаеме од Библијата е тоа дека ако некој Го прифати Исус Христос како свој личен Господ и Спасител, неговите/нејзините гревови ќе бидат простени, нема да биде осуден на Судниот Ден и ќе оди во Божјото царство (ќе ја наследи новата земја и новото небо). Доколку пак некој слушне и разбере за спасителскиот повик на Исус Христос, а не поверува во Него, тој веќе е осуден и ќе биде уништен во ткн. "огненото езеро". Оние пак кои никогаш не чуле и разбрале за Исус Христос, за нивната вечна дестинација Библијата нема одговор, туку само и само Бог - единствениот праведен Судија.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Добро гледам дека ти незнаеш да ми одговориш на прашањето, само нешто вртиш, превртуваш, па дури и си противречиш на самиот себеси.Затоа ќе го поставам пак, па некој богоугоден христијанин нека ми одговори.
Каде ќе одат душите на нехристијаните(муслимани, будисти, атеисти, итн.)?
Точно, јас не знам, но за мене е доволно и тоа што верувам.

А Христос ќе ни суди на сите, по следниве принципи:

1. На старозаветните јудеи, ќе им суди по Стариот Завет.
2. На сите незнабожечки народи и пагани, кои никогаш не слушнале за името Христово, Он ќе им суди според законот на совеста и природната креација.
3. На сите новозаветни народи, во кои спаѓаат и денешните јудеи, муслимани, хиндуси, будисти, атеисти, абориџини и тако даље, Он ќе им/ни суди според Новиот Завет.

Тоа што некој не слушнал за Христа, тоа може да му биде за оправдување. Кој слушнал за Христа и верата Негова и не Го прифатил, ќе нема оправдување.

А чија душа каде ќе „отиде„, дали во Рајот или во пеколот, конечната одлука ја има само Богочовекот, кој суди строго, но и праведно, секому според верата и според делата.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
2. На сите незнабожечки народи и пагани, кои никогаш не слушнале за името Христово, Он ќе им суди според законот на совеста и природната креација.
А зошто едноставно не им суди на сите по овој принцип, пошто мене ми се чини многу праведен и ферски?

...и како може на евреите да им суди по еден, а на христијаните по друг закон?!?! Ова е малку конфликтогено, (да не кажам шизофренично) пошто во основата на овие две религии лежат сосем спротивни концепти: „мило за драго“ и „милост до бесвест“.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А Христос ќе ни суди на сите, по следниве принципи:

1. На старозаветните јудеи, ќе им суди по Стариот Завет.
2. На сите незнабожечки народи и пагани, кои никогаш не слушнале за името Христово, Он ќе им суди според законот на совеста и природната креација.
3. На сите новозаветни народи, во кои спаѓаат и денешните јудеи, муслимани, хиндуси, будисти, атеисти, абориџини и тако даље, Он ќе им/ни суди според Новиот Завет.

Тоа што некој не слушнал за Христа, тоа може да му биде за оправдување. Кој слушнал за Христа и верата Негова и не Го прифатил, ќе нема оправдување.
Tоа значи дека за едно исто дело бог ќе одредува различни казни.
На пример, старозаветен Јудеец кој работел во сабота ќе гори во пеколот, а за исто дело новозаветниот христијанин нема да одговара за такво нешто па дури и во рај ќе оди. Незнабожец кој живеел совесно и јадел се што му се посака оди во рај а старозаветен јудеец кој јадел свинско и од животни жртвовани на идоли, ќе оди во пекол, новозаветен христијанин кој не е обрежан нема да му се суди на тоа а ќе му се суди на јудеец ако не е обрежан.....
Имаше вакви различни закони за различни народи и тоа до скоро во јужна африка... во германија од 33та до 45та......
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А зошто едноставно не им суди на сите по овој принцип, пошто мене ми се чини многу праведен и ферски?

...и како може на евреите да им суди по еден, а на христијаните по друг закон?!?! Ова е малку конфликтогено, (да не кажам шизофренично) пошто во основата на овие две религии лежат сосем спротивни концепти: „мило за драго“ и „милост до бесвест“.
Напросто, би било нечесно, кога Он би ни судел според правила за кои никад не сме слушнале...

Во Стариот Завет, само јудете беа одбран народ и само за нив важеше и Законот Мојсеев и Законот од 10-те Божји заповеди. Во Стариот Завет, не постоеја рисјани.

Во Новиот Завет, ги имаш сите досегашни народи: и јудеи, и рисјани, и пагани, и незнабошци и секакви, и до сите нив сигнува гласот Божји. Плус, во Новиов Завет, постои и Цркавата Христива, која денес е одбран народ Божји, не како засебен народен колектив, туку како заедница од поединци од различни народи.

За изолираните колективи (племињата), кои никогаш нема да слушнат за Христа Богочовекот, за нив ќе важи Законот на совеста и природната креација.

--- надополнето ---

Tоа значи дека за едно исто дело бог ќе одредува различни казни.
На пример, старозаветен Јудеец кој работел во сабота ќе гори во пеколот, а за исто дело новозаветниот христијанин нема да одговара за такво нешто па дури и во рај ќе оди. Незнабожец кој живеел совесно и јадел се што му се посака оди во рај а старозаветен јудеец кој јадел свинско и од животни жртвовани на идоли, ќе оди во пекол, новозаветен христијанин кој не е обрежан нема да му се суди на тоа а ќе му се суди на јудеец ако не е обрежан.....
Имаше вакви различни закони за различни народи и тоа до скоро во јужна африка... во германија од 33та до 45та......
А ја батка, наместо да се впуштам во расудување по мојот ум, за тоа кој каде ќе оди, сепак ќе го причекам Судот Христов, разбираш...Ионака од Судот нема бегање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom