Ако некој планира да пишува колку да каже дека се знае, и напаѓа почетник, подобро нека не пишува. Ако имате направено слободно покажете

На темата... StormRage, мислам дека ја сфати поентата на sanatorium. Најдобро е да почниш со нешто комплетно како квад, и само да го измениш изгледот или евентуално правење шасија од нула со сите расположливи делови. Инаку, популарни се преработките од косачки за трева, ама оние големите на кои се седи. Верувам дека твојот мотор е од такво нешто изваден, и затоа барај комплет косачка или квад. Комбинирање од 300 машини ем нема да успее ем ќе ти го убие ентузијазмот затоа што твојата комбинација е невозможна.
Овој клип го гледам некое време, ама немам ништо со што да почнам (освен профили) и се откажав.
Teшко е да се дојде до rolling chassis, т.е. да ја решиш механиката - изгледот е лесна работа.