Македонски Идол

Статус
Затворена за нови мислења.

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Без да познавате некој од нив глупо е да се прави претпоставки.
Дека сите збореа така за него, очигледно е дека нешто од тоа е точно.Можеби тој се имал повеќе со оние кои испаднаа, кој знае.Кристијан што јадеше многу гомна, јадеше.
А, Нико од друга страна кога рече дека давал совети како на брат/било кој друг збор, ма ај ти се молам? 1 Месец колку се знаат, брат дури па.Такви зборови колку само ме нервираат. Некогаш и да сакаш да помогнеш, ќе бидеш сфатен погрешно и како што рече Билјана или кој беше, подобро е да си молчиш.
Па и муабетите тоа колку биле поврзани/семејство/блабла, seriously..?. Кога ќе заврши сето ова, осеќам дека нема да се познаваат.
Тоа што не му ги кажале овие работи во живо а пред камера, стварно е глупо, се осеќаше дека му е непријатно.

Да седнат на една маса сега, ќе се исколат. Драмиии . ^.~
Од друга страна, Кристијан бил син на директор на витаминка (спонзор) на идол.. и да нема местенки, не ми се верува таа работа.
Кристијан понављал година во средно.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
од каде дозна ова?
Девојче од неговиот град ми кажа. Рече дека се има мувано со 90% од женските од неговиот град, дека бил сељак и дека понављал година, па се префрлал од едно школо во друго. Мислам дека девојчето немаше причина да ме лаже, и верувам.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.541
Поени од реакции
14.674
Девојче од неговиот град ми кажа. Рече дека се има мувано со 90% од женските од неговиот град, дека бил сељак и дека понављал година, па се префрлал од едно школо во друго. Мислам дека девојчето немаше причина да ме лаже, и верувам.
учеше музичко во битола, ама падна мислам таму, па сега се запиша индустриско или така некако беше, а за тоа дека е локална ѕвезда и дека има мувано многу женски е жива вистина :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
учеше музичко во битола, ама падна мислам таму, па сега се запиша индустриско или така некако беше, а за тоа дека е локална ѕвезда и дека има мувано многу женски е жива вистина :)
Да да, спомна дека музичко учел, сеа ми текна.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.967
Она што го изјавив на некоја од претходните страни, елаборирано на пошироко.


Писма до душевадникот


Не гледам телевизија, но го гледам одвреме-навреме „Македонски идол“. И, како и секој човек кога гледа натпревар, и јас имав свој идол. Тоа беше Нико од Битола. Веднаш да кажам – ниту го знам ниту го познавам. Не ми е ниту роднина ниту пријател. Нико отпадна од конкуренцијата минатиот круг. И, бидејќи сум субјективен, ќе кажам – отпадна НЕПРАВЕДНО.

Веднаш да им се извинам на преостанатите учесници – сите се добри и нека ги служи среќата за понатаму. Но, Нико, според мене беше – не идол, туку Бог. Затоа и го отфрлија. Има огромна разлика (барем во Светото писмо) меѓу идоли и Бог. Кажано е: не правете идоли и слики на Бога, туку почитувајте го Бога. А Нико, нека ми простат другите, за сите нив го ИЗМИСЛИЛ ПЕЕЊЕТО. Тоа е мој субјективен став. Но она за што сакам да пишувам не е моето отворено навивање за Нико. Сакам да пишувам за негативната селекција.

Што е негативна селекција? Негативна селекција е кога намерно на чело се избира послабиот, за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред. За да не мора да се оди напред. За да не мора да се работи. Тоа е цената на мрзеливоста, комоцијата и диктатурата на просекот. Тоа е кога народот сака да го убие најдобриот, затоа што најдобриот го засрамува просекот. Тоа е моја дефиниција, по искуствата со персонализмот и колективитетите.

За мене, Нико е најсупериорниот глас што некогаш сум го слушнал во Македонија, по Тоше Проески. Дури и жирито (Игор Џамбазов, Калиопи, Тони Михајловски) не штедеше зборови на пофалба. Со некои пријатели се обложив уште тогаш дека на момчето црно му се пишува со таков талент, и го добив облогот. Иако многумина мислеа дека Нико ќе биде новиот македонски идол, јас сепак бев во право. Прогнозирав дека ќе го исфрлат, и тоа не веднаш, ама некаде ДОВОЛНО РАНО пред крај (за да го понижат) – сигурно. Зошто? Затоа што просечноста не поднесува генијалност. Затоа што незнаењето е сурово кон знаењето, а знаењето е благо кон незнаењето. Затоа што знаењето има разбирање за незнаењето и во тоа е неговата слабост, а незнаењето нема разбирање за знаењето и во тоа е неговата слепа сила. Отсекогаш било така.

Знам дека и оние што седат во жирито самите искусиле доста од таа горчина. Го искусиле истото она што му се случи на Нико – клоца токму кога си најдобар. Или афера кога си најдобар. Да паднеш во калта, да те оцрнат. Човек не трпи подобар од себе, дури и да е високо морално и религиозно воспитан. А посебно не трпи десеткратно подобри од себе. Народот, пак, е посебна приказна. Збирна, анонимна множина без морал и одговорност кон убавото и доброто. Народот избираше (преку телефонски гласови), не жирито. Истиот народ што во јуни ќе гласа за политичките партии и за власта на која ќе и ја довери својата судбина. И што ќе одбере? Сигурно нема да го одбере најдоброто – тоа го покажа и со отфрлањето на Нико. Народот сака идоли, шупливи кипови, не сака богови. Она што е најдобро никогаш не победува. Сенека на едно место во „Блажениот живот“ вели: „Кога станува збор за човечките работи, тие не се така добро поставени за да подобрите нешта им се допаѓаат на поголемиот дел луѓе; напротив, мноштвото е показател на најлошото“.

Значи, Нико е само една од илјадниците анонимни жртви на тој невкус, на таа гилотина на толпата. Нико е секој оној што со својот талент (пред три седмици напишав колумна со наслов „Данок на талентот“) го привлекува вниманието на просечните. Логиката на толпата е - Нико треба да се убие. Тој е различен, премногу добар. Медиокритетите тоа тешко го поднесуваат. Тие шизнуваат при помислата дека некој подобро го работи она што и тие го работат. И тогаш, медиокритетите се ЗДРУЖУВААТ, без разлика што еден на друг би си ги ископале очите. Заедно се додека не го елиминираат заедничкиот непријател, НАЈДОБРИОТ. Кога него ќе го нема, ќе се свртат повторно еден против друг!

Така изгледаа и коментарите од неговите колеги, откако тој го напушти шоуто, односно откако веќе не ги загрозуваше. Изнарекоа илјада гадости за него – те ваков бил, те онаков. Главните забелешки се сумираа во една поента – бил премногу ОСОБЕНА, речиси напорна личност. Поубав комплимент за личност – нема. Ама во некои минати времиња. Денес, за да бидеш идол, треба да бидеш колективно прифатен, не смееш да имаш особени белези. Просечен идол. Сува вода. Ладен оган. Време на целосни компромиси, кои произведуваат бесмислени оксиморони и, се разбира, морони. И затоа, човекот Нико ги прифати сите тие забелешки со огромна доза на НЕВЕРУВАЊЕ. Не можеше да верува дека неговите довчерашни колеги, другари, цимери – му правеле лице. Одеднаш, тој излезе лош човек, а за тоа никој не му рекол ниту збор, се` додека „бил жив“! По симболичката смрт – му кажаа што мислат за него. Замислете колку жално би било да чекаме некој да умре, за да можеме слободно да кажеме што сме мислеле за него! Каков лигав свет е ова?

Нико, сепак, од ова шоу ќе излезе со позитивни искуства. Прво, ќе научи дека светот не ги сака најдобрите. Напротив, сака да ги убие. Да се убие Спасителот – тоа не е ништо ново по Библијата! Второ, идолот не значи и најдобар. Идолот е конструкција, пожелна и посакувана слика – па колкупати мојата пријателка Калиопи му забележа на Нико за СТАЈЛИНГОТ. Ваков збор, инаку, во македонскиот јазик, не постои. Тоа се вели – изгледот. Очигледно, во сликата за пејачот-идол, изгледот е се` поважен. Тоа е свртување од суштината (гласот, душата) кон формата (облеката). Ама тоа се новите времиња. Важен е изгледот на ГЛАСОТ. И гласањата, кои лесно се местат со спонзори.

Значи, Нико, главата горе! Ти си брате, најдобар, и затоа си најлош. Тоа е логиката на нашиот менталитет! Ние, обичните, не го сакаме најдобриот, затоа што најдобриот ни покажува колку сме ретардирани, недугави, неработливи. Во оваа држава постојат луѓе што откако ќе го испијат утринското кафе, прават планови како сопствениот бофал ќе го продадат како А-класа. И прават планови (цели стратегии нацртани на хамер) како ќе им постават бариери на способните, од Бога бакнатите, на надарените. Значи, целта е да се постави барикада. Не е тоа само на „Македонски идол“. Тоа се случува секаде – на факултетите, во политиката, кај чиновниците, во МАНУ. Секаде. И затоа, млад мој фавориту – не се откажувај! Ова е држава во која (ако замислиме дека секоја професија е бокс-меч) мораш да победиш со нокаут, оти ако одиш на победа со поени, судиите ќе го наместат мечот, и иако си супериорен, ќе загубиш со 3:2!
Тоа бара енергија. Тоа цица енергија. Ама тоа е тоа. Македонија. Вечна. Толку вечна што не подлежи на развој.

Авторот е универзитетски професор и писател
Автор: Венко Андоновски
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Мене не ми е сфатлив стилот што го тера во сооднос на тетоважата ама Let it be како што идеше една песна....
 

Apash

Od kol na kol, kolot vo gazot!
Член од
10 март 2007
Мислења
567
Поени од реакции
15
Да те поправам тоа не е Македонскиот менталитет туку човечката природа. Секаде во светот за секоја ѕвезда стојат редица ''хејтери''. И реално Нико не беше изгласан од публиката и не продолжи понатаму , не дека го мразат туку дека не остави доволно впечаток па да гласаат за него. Незнам можеби на грешна фора влезе , погрешни муабети се има влиание врз дали ке биде забележан или не.

@ Вокерка
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.029
Поени од реакции
6.051
не сум мн. сигурен за песнава, требало друга да одбери :)
Ќе видиме. Ова го видов на Fan Page-ot нејзин. :)

Поради жанрот ќе ми биде омилена вечер, и се надевам дека нема никој да ме разочара со вокалниот(или како и да го викаат тоа) дел од настапот.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Da samo sto kaj nas hejteri ima i kaj sto treba i kaj sto ne treba. Toa e bas MENTALITET.
Да те поправам тоа не е Македонскиот менталитет туку човечката природа. Секаде во светот за секоја ѕвезда стојат редица ''хејтери''. И реално Нико не беше изгласан од публиката и не продолжи понатаму , не дека го мразат туку дека не остави доволно впечаток па да гласаат за него. Незнам можеби на грешна фора влезе , погрешни муабети се има влиание врз дали ке биде забележан или не.

@ Вокерка
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom