Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Калиопа, имаш проблеми со дијафрагмата. Поздрав.
 
Стварно немаат осет со рекламирањево.

А иначе Игор ептен се избламира со говорот што му го држеше на Виктор, а Тони конечно си го покажа своето вистинско лице кога им се развика на публиката :tv:
 
Може на Идол да се изрекламирам како правам добро кафе? Идолите кај мене на гости, ќе правам кафе и овие ке сркаат. На Јана ќе и гледам на филџан ако треба. Гледам сфашта се рекламира па зашто да не и ова...
 
Тони конечно си го покажа своето вистинско лице кога им се развика на публиката :tv:

Додуша, во право е донекаде.
Голем процент од публиката се распискани деца.
 
Леле Јано, зошто бе? Зошто Aerials? ццц :nenene:

Не требаше да ја пее таа песна. Не ми се допадна пеењето. Дали поради тоа што женско ја пееше песната или она утна, не знам.:toe:
Требаше друга песна да земе.
 
Стварно немаат осет со рекламирањево.

А иначе Игор ептен се избламира со говорот што му го држеше на Виктор, а Тони конечно си го покажа своето вистинско лице кога им се развика на публиката :tv:

Е што се избламирал? Според мене има право, да не беа они Виктор по дома ќе си пееше.
 
Е што се избламирал? Според мене има право, да не беа они Виктор по дома ќе си пееше.
Не мора да значи. Какви све (не)фаци излегле на телевизија и релативно успеале, а не па тип што ќе заврши музички факултет, што изгледа и пее убаво. Сигурно ќе успееше и без нив, само што вака е по убрзана постапка.

А се избламира со тоа што рече дека он продава цинизам за живеачка, и дека он бил Колумбо, а Виктор домородец. Едноставно - прост коментар.
 
Да, тоа е проклета вистина...ќе мора да се соочуваме со уште едно нежно и разгалено бебенце на мама како Љамбе...ах вие жени. Поарно да гласате за права и квалитетна ЖЕНЕТИНА како ЈАНА отколку за машка фејл кукличка :)

Јас ко машко не би гласал за Јана само затоа што е женско туку ценам вистински вредности а Јана и Иван се небо земја (за пеење нормално, за изглед Јана ми е срценце :drk:). Македонскиот идол треба да има моќен глас и да умее да пеае секакви стилови, не дека Јана не го може тоа туку не ми оставила моќен впечаток за некоја добра песна, еве денес одбра нешто што никогаш во живот го немам чуено, звучеше океј ама не е тоа тоа. Кај Иван секоја песна е погодок, нема грешка човекот!
 
Како ја исилува smells like teen spirit овој Мики......... :tapp:
 
Не мора да значи. Какви све (не)фаци излегле на телевизија и релативно успеале, а не па тип што ќе заврши музички факултет, што изгледа и пее убаво. Сигурно ќе успееше и без нив, само што вака е по убрзана постапка.

А се избламира со тоа што рече дека он продава цинизам за живеачка, и дека он бил Колумбо, а Виктор домородец. Едноставно - прост коментар.

Имаш право, кажано е на прост начин. Сепак мора некако да се каже за Виктор да сфати некои работи.
А што е со Мики бе???????????? Многу го сакам, и сакам како пее, ама ова беше ко запек да има.
 
Шостори филмој тепање жирито.
Прво, немаат никакво право да се мешаат во приватниот живот на идолите. Кој, шо сака може да си пишува на твитери, фејсбуци и така натаму. Кој се тие да кажуваат дали Виктор треба или не треба да пишува. Прво тројцата не се компетентни да кажуваат за приватен живот кога на тројцата им е катастрофа.

Многу се нервирам. За се` се коментира, за се` се кажува само не за музиката.
Облеката ваква, косата таква. Тие се работи шо лесно можат да се сменат. Гласот е оној кој не можи да се измени. Кога требаше да ги критикуваат (на почетокот), ги фалеа. Затоа и Билјана толку потфрли, и затоа Дејан е таму каде што е, а не треба да биди.

Башка е дешавката со Иван, каде што Игор се избламира ненормално премногу, и наместо да му ја симне шапката на Иван, тој си напрај тешки филмој. За срамота.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom