Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ај едно морално прашање...нели е нечовечки да прекинеш нечии живот заради..спремност или не...
Правото на телото, не и право да посегнеш по туѓ живот!
Јас онака оти детето треба да биде дар а не проклетство.. :smir:

Не сметам дека е убиство до 3ти месец.Тоа е дозволено и за тоа не се оди во затвор.Не гледам на абортусот како чин на убиство и не посегнувам по туѓ живот.И јас на детето гледам како дар.Право на тело,право на избор,право на мислење.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Ај едно морално прашање...нели е нечовечки да прекинеш нечии живот заради..спремност или не...
Правото на телото, не и право да посегнеш по туѓ живот!
Јас онака оти детето треба да биде дар а не проклетство.. :smir:
Правото на телото е право на избор. Тука лежи целата дискусија околу абортусот, а не дали е убиство или не.

Мое тело, мое право на избор што и како ќе правам со тоа тело.
Правото на абортус е слобода на избор, слобода да одлучиш сам!
И се рабира, на крајот, да живееш со сите последици и одговорности на одлуката што ќе ја донесеш.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Правото на избор се губи кога прво делуваш а потоа размислуваш...
Затоа постои правото на мислење..прво мислиш после ги прифаќаш постапките што си ги направил...
Како и да е резултатот не е воопшто убав http://www.animal-cruelty.com/abortion1.jpg
не беше фер да ја ставам сликата па еве линк..
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Правото на избор се губи кога прво делуваш а потоа размислуваш...
Затоа постои правото на мислење..прво мислиш после ги прифаќаш постапките што си ги направил...
Како и да е резултатот не е воопшто убав http://www.animal-cruelty.com/abortion1.jpg
не беше фер да ја ставам сликата па еве линк..
Правото на избор почнува уште од почеток, со изборот што ќе го направиш дали ќе користиш контрацепција или ќе се однесуваш несериозно. Без доволно внимание кон сигурен сексуален живот, се јавува несакана бременост. И тоа е последица со која треба да се соочиш.

Но, исто така треба да имаш право и слобода на избор, да одлучиш што ќе правиш понатаму. Правото на абортус е тоа право на избор за кое јас зборувам. И нормално, пак ќе кажам, што и да одлучиш, ќе треба да живееш со тој избор.

Ама мора, повторувам, мора да се даде право на избор до крај!
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Љупчо, не туку се колни во ашимот, та и без него да останеш.
Можеш да рипаш до утре и назад, ама ова нема да го промениш. Наше тело, наше право, наш избор, наша одлука. Ако сакаш и на глава тупи го до немајкаде, така е и така ќе си остане.

И ваков став само за "мажишта" како тебе на видик, кои се лесен доручек, онака со мусли и јогурт, колку да тргне денот некако и да не биде без ич....ова кажано вака, самобендисано Амазонски. :helou:

Ljupco напиша:
...fala...znam ja deka ste mutni, ama nema veze, valjda ke svatite zasto vezeme tuka...protiv abortusot...:tv:
Ако не примети, јас не везам ниту "против", ниту "за" абортус.
Туку застапувам право на избор, секој со својата одлука.
Што е работата, толку ти фаќа црпката или не дочитуваш?
 

ThugProphet

I'ma die a hustla!
Член од
14 јули 2007
Мислења
468
Поени од реакции
8
Вака сеа.. Од една страна е право на избор.. Ама како што пишит на почетокот, што е со тој што го создава детето?? Или него кој го ебит?? Него не смееме да го прашаме за мислење.. Никако!!! И да.. Абортусот е убиство според мене.. Зашто одземен е човечки живот...
Кој како сака нека сфати.
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
Вака сеа.. Од една страна е право на избор.. Ама како што пишит на почетокот, што е со тој што го создава детето?? Или него кој го ебит?? Него не смееме да го прашаме за мислење.. Никако!!! И да.. Абортусот е убиство според мене.. Зашто одземен е човечки живот...
Кој како сака нека сфати.
...pa norrmalno be drugarche...:)

...ja neznam curive, nemozam da gi svatam tuka na forumot, namesto da odadat priznanie za del od hrabrite nas nekolku sto aktivno ucestvuvame vo temava branejki ja tezata-deka sme protiv abortusot-a sakajki da kazeme deka bi gi prifatile obvrskite okolu toa deka sakame i nie ustvari bi bile zivo zainteresirani okolu odgleduvanjeto na dechinjata...oni uporno pa uporno-nashe pravo-koj ve shisha vas...znachi pak se povtoruva edno mislenje na sociolozite deka vo RM mashkite se na mesto...saka chast momci se borite ko lavovi za svoeto i dosta uspeshno bogami-gi staivme u dzeb sekako za kratko vreme Kajgandzikive a bogami i ima poenta sto e najbitno vo borbata(vo pravo ste site sto ste protiv abortusot), pokazuvate golema zrelost, odluchnost, srce i volja za zivot...


...ja neznam kakva bi bila reakcijata nivna ako napishevme site u stil...

..."ok...ja ke onadam a ti idi abortiraj, i taka ne mi se brza na mene , mislam ja nema da legnuem u bolnica so noze ko shestar"

...mislam stvarno eeeeeeeeeeeeejjjjjjjj...curi osvestete se malce...tuka ima mazi Balkanci-po koi bi luduvala sekaoja zena na svetov da ima takvi kraj sebe...:toe:
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Ovde e i "lezishteto" na problemot.
Toa shto sekoj ima pravo na izbor, na glas...
Не гледам каде е проблемот.
Ти не би дал секому право на избор или јас нешто пропуштам?

Вака сеа.. Од една страна е право на избор.. Ама како што пишит на почетокот, што е со тој што го создава детето?? Или него кој го ебит?? Него не смееме да го прашаме за мислење.. Никако!!! И да.. Абортусот е убиство според мене.. Зашто одземен е човечки живот...
Кој како сака нека сфати.
Никој не вели дека и другата страна не е засегната. Секако дека одлуката треба да се донесе заеднички и двете страни треба да бидат слушнати.

Но, за жал, ова е еден аспект од машко-женските односи, каде на крајот последниот збор го има девојката и (ако сака) може да ја донесе одлуката во име на двајцата. Знам дека звучи грубо, знам дека ве боли, јасно ми е дека не е фер и свесна сум дека ви пречи тоа што колку и да сакате тука немате контрола. И навистина ми е жал, искрено. Едноставно така се поставени работите во природата. Ние сме мајките, ние го носиме детето, во нашето тело расне и последната одлука паѓа на нас. И тоа нема никогаш да се промени. Исто како што нема да се промени и (ме потсети новата тема) тоа што жените нема никогаш да бидат свештеници. Знам дека е смешна паралела, ама само сакам да го доловам моментот дека, некои работи како што се поставени, така и ќе останат засекогаш.

И да повторам колку да нема забуни, бидејќи Љупчо ќе почне пак да флодира на темава, со глупости за некоја си форумска борба меѓу лавови и Кајганџики.

Јас сум ниту "за", ниту "против".
Секој со своето право на избор, заедно со сите последици и одговорности што тој ги носи.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Јас сум ниту "за", ниту "против".
Секој со своето право на избор, заедно со сите последици и одговорности што тој ги носи.
Јас го прифаќам правото на избор...О.К...но се си има граници.... не е се привилегија, постојат и обврски...а тоа значи сноси ги последиците...иако тоа "последици" звучи премногу сурово..во прашање е дете...
И како тоа бараш право на избор а не заземаш страна..навистина сакам да го чујам твоето мислење по тоа прашање...
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
И како тоа бараш право на избор а не заземаш страна..навистина сакам да го чујам твоето мислење по тоа прашање...
Заземам страна, но изгледа не можеш да ја прочиташ.
Јас ја застапувам третата опција.
Право на избор!

Ова не е прашање за кое може да се генерализира и да се каже дали абортусот е правилен или не, дали е оправдан или не. Премногу е индивидуално прашањето. Затоа велам, секој има право на избор, да одлучи сам за себе и никој не смее да се меша во таа одлука. Можеш да помогнеш со тоа што ќе ги кажеш сите pros & cons околу абортусот, можеш да помогнеш со совети, со поддршка, со разговор.

Но, последниот збор го има мајката и го има секое право на избор да одлучи според своите сфаќања, желби, потреби, размислувања и сл. И откога ќе одлучи, без разлика дали "да" или "не", треба да е свесна дека ќе се соочи со сите последици и одговорности што таа одлука ги носи.

Дали сум сега појасна?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас го прифаќам правото на избор...О.К...но се си има граници.... не е се привилегија, постојат и обврски...а тоа значи сноси ги последиците...иако тоа "последици" звучи премногу сурово..во прашање е дете...
Маркус тргнуваме од две гледишта за проблемов.Ти разговараш како веќе да постои дете,јас тргнувам дека тој плод сеуште не е развиен во дете.Значи ти гледаш убиство,јас Перл и било која жена со овој став гледаме избор.Последиците(психички) ги сносуваме и ризикот од абортус,но последица како оставено или убиено дете е морничаво да ни се наметне.Не зборуваме за чедомортсво,зборуваме за абортус.И доколку се држи ставот за убиство,нема да дојдеме до поместување на ставовите.
Јас сум за размислување пред да се случи бременоста,но доколку се случи непланирана Мое е правото на абортус.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Перл..фала...прво за тоа што звучиш како трета опција во политика, и за тоа што ја ставаш под знак прашање мојата писменост...:smir:
Работата беше да се генерализира прашањето дали правото на избор е исправно во дадени случаи..знам дека абортусот е премногу индивидуално прашање за да се одговори..(од икс причини)
Но еве ти како некоја која бара право на избор ..дали сметаш
дека во нормални ситуации тоа би било правилна одлука...затоа што премногу луѓе во светот ја искористуваат таа подотворена врата наречена избор..за да ја избегнат одговорноста...
Леандра..да го проширив прашањето од избор на нешто повеќе но, тоа доаѓа токму од такви позиции..дали е дете дали е плод...
Не бранам женска или машка страна во прашање е право на живот..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За право на живот можеме да зборуваме одкако ќе се развие.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Перл..фала...прво за тоа што звучиш како трета опција во политика, и за тоа што ја ставаш под знак прашање мојата писменост...:smir:
Не ми беше поентата да те навредам, не знам зошто така се почувствува. Од она што ме праша, сватив дека не можеш да го видиш моето гледиште. :smir:

Работата беше да се генерализира прашањето дали правото на избор е исправно во дадени случаи..знам дека абортусот е премногу индивидуално прашање за да се одговори..(од икс причини)
Читај го само болдираното, за да сфатиш дека прашањето не ти е исправно. Имаш дупка во логиката. Не можеш да влечеш генерализација за цело едно прашање, на база само на дадени (одредени) случаи. Едноставно, не држи.

Но еве ти како некоја која бара право на избор ..дали сметаш дека во нормални ситуации тоа би било правилна одлука...затоа што премногу луѓе во светот ја искористуваат таа подотворена врата наречена избор..за да ја избегнат одговорноста...
Не е фер од твоја страна да ме влечеш да заземам страна, повторно базирана само на одредени (нормални) случаи. Кој ќе каже кои се тие нормални ситуации, јас, ти, некој друг? Тоа што за мене е нормално, за некој друг не е. Секогаш каде некој/а е исправен/а пред прашањето дали да се абортира или не, и нејзиното разбирање, поимање, доживување на ситуацијата, е ИНДИВИДУАЛНО (сходно дадените услови).

Понатаму, те разбирам што сакаш да кажеш, дека абортусот се користи како оправдување да се избегне одговорноста. Но, ти ја гледаш само едната страна на таа одговорност, а тоа е одрекување да станеш родител (бегање од одговорност), заради лесен живот.

Но, ако си искрен, треба да ја видиш и другата страна. Дека и во случај на абортус (ако веќе се реши девојката), ќе има исто така последици кои ќе треба да ги поднесе. Ризик од неплодност, осуда, губење на поддрша, губење на партнер, неможност за дообразување.....едно чудо последици, кои се ИНДИВИДУАЛНИ за секоја дадена ситуација.

Сходно на тоа, јас велам дека секоја девојка пред да одлучи дали ќе абортира или не, треба да знае што ја чека и одговорно со сето тоа да се носи понатаму. Значи, вака или така, нема бегање од одговорноста.

Јас нема никогаш да кажам дали оправдувам или не, дали сум "за" или "против".
Не е мое да го кажам тоа, не е мое тело, не е мој избор, не е моја одлука, не е мој живот во прашање. Можам само да пружам поддршка и помош, доколку тоа од мене се побара.

Право на избор, со сите последици и одговорности што тој ги носи!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom