Перл..фала...прво за тоа што звучиш како трета опција во политика, и за тоа што ја ставаш под знак прашање мојата писменост...:smir:
Не ми беше поентата да те навредам, не знам зошто така се почувствува. Од она што ме праша, сватив дека не можеш да го видиш моето гледиште. :smir:
Работата беше да се генерализира прашањето дали правото на избор е исправно во дадени случаи..знам дека абортусот е премногу индивидуално прашање за да се одговори..(од икс причини)
Читај го само болдираното, за да сфатиш дека прашањето не ти е исправно. Имаш дупка во логиката. Не можеш да влечеш генерализација за цело едно прашање, на база само на дадени (одредени) случаи. Едноставно, не држи.
Но еве ти како некоја која бара право на избор ..дали сметаш дека во нормални ситуации тоа би било правилна одлука...затоа што премногу луѓе во светот ја искористуваат таа подотворена врата наречена избор..за да ја избегнат одговорноста...
Не е фер од твоја страна да ме влечеш да заземам страна, повторно базирана само на одредени (нормални) случаи. Кој ќе каже кои се тие нормални ситуации, јас, ти, некој друг? Тоа што за мене е нормално, за некој друг не е. Секогаш каде некој/а е исправен/а пред прашањето дали да се абортира или не, и нејзиното разбирање, поимање, доживување на ситуацијата, е ИНДИВИДУАЛНО (сходно дадените услови).
Понатаму, те разбирам што сакаш да кажеш, дека абортусот се користи како оправдување да се избегне одговорноста. Но, ти ја гледаш само едната страна на таа одговорност, а тоа е одрекување да станеш родител (бегање од одговорност), заради лесен живот.
Но, ако си искрен, треба да ја видиш и другата страна. Дека и во случај на абортус (ако веќе се реши девојката), ќе има исто така последици кои ќе треба да ги поднесе. Ризик од неплодност, осуда, губење на поддрша, губење на партнер, неможност за дообразување.....едно чудо последици, кои се ИНДИВИДУАЛНИ за секоја дадена ситуација.
Сходно на тоа, јас велам дека секоја девојка пред да одлучи дали ќе абортира или не, треба да знае што ја чека и
одговорно со сето тоа да се носи понатаму. Значи, вака или така, нема бегање од одговорноста.
Јас нема никогаш да кажам дали оправдувам или не, дали сум "за" или "против".
Не е мое да го кажам тоа, не е мое тело, не е мој избор, не е моја одлука, не е мој живот во прашање. Можам само да пружам поддршка и помош, доколку тоа од мене се побара.
Право на избор, со сите последици и одговорности што тој ги носи!