и што требаше, во 3та година факултет (21 година) да го роди детето? да го уништи и својот живот и животот на детето? каков живот ќе му овозможеше?
2 година студии биле моите кога мајка ми останала бремена. Нит биле во брак, нит ме планирале. Тоа значи дека требало да ме тргнат за можат да си доживеат на раат? Да чекаат услови да создадат? За лесно, не им` било, ама ИЧ. Можеби сум им` пореметила плановите, сум им` направила проблеми со нивните родители, сум им` скратила шетање и забава од животов, сум им` зезнала и факултетот... Ама сум им` била поважна од секакви журки, испити и караници дома. Си стегнале заби, и школо довршиле и дете изгледале. Па еве не` денес сите, здрави и прави. Не си ги уништиле сопствените животи, не го уништиле ниту мојот, напротив. Никогаш, ама ни – ко – гаш, не сум чула муабет од типот “заради тебе не проживеав” и слично. И нема ни да чујам од нив таква работа до крајот на животот. Ако е тешко, не значи дека е невозможно.
Не велам дека е во ред да се има дете кога си и самиот уште – дете. Ама не е во ред ни секс да имаш на тие години, ако не си подготвен да се соочиш со она што може да се случи. Или, штом веќе си тооолку зрел, возрасен и способен, сноси си ги последиците до крај. Растењето не значи само добивање права, туку и одговорности.
Напишано од rich bitch1
zasto mislite deka zenata posle abortusot nemoze da ima deca?
Затоа што може да се случи. Не
мислиме, факт е. Ама не, проблем не може никако да се појави зашто можноста за компликации е сведена на минимум. Ахам. Исто како што и немаше шанси да останам трудна (претпоставка) при секс без заштита, претходно. Уствари не, тогаш "луѓе сме, се случува, грешки правиме". Или, и да внимавале - "ниту едно контрацептивно средство не е 100%"сигурно. Добро, го прифаќам последново, така е. А како тоа сите кои во ваква ситуација се вадат на погоре кажаното, кога ќе решат да абортираат, онда е пу пу не важи, и истиот момент забораваат дека и абортусот не е 100% сигурен? Шо праиме ако после тоа не може да има деца? А се случува. Баш како што се случува жена да забремени и покрај сите пазења. Некој сакаше реално да гледаме? Еве, пореално здравје. Дел од жените кои абортираат остануваат стерилни. Колку и да се шансите минимални, колку и да е докторот професионален, и на една од милион жени да и` се случува тоа, дали таа една ќе бидам јас, не можам да знам. Знам само дека никогаш нема да ризикувам на тој начин. Се` додека постои таа можност, не можам да преминам преку тоа како нешто неважно. А сосема друга работа е ако на некој не му одговара, па не му се чуе.
Напишано од Marinka
Која е поентата некоја девојка на 16,17, 18 години да роди, нејзините сиромашни, мажот без факултет, без занат?
А која е поентата истата таа девојка на 16 да има секс, кога не е ни психички, ни физички спремна на такво нешто? Еве, остане бремена. Малолетна е, сама не смее ништо да одлучува, родителите се тие што решаваат. Што и да решат, нема лесно да си поминат ни тие ни таа, пошто госпоѓицата ја мрзело да се информира, а и` се брзало. На тие години, не е ни од близу подготвена на таква промена. Бременоста сосема го менува начинот на кој телото функционира, од корен. Не е исто на 17 и на 27. На тинејџерка организмот да поднесе таков шок? Ма дај... Ќе абортира дете од 16 чии органи не се ни з од зрели?
Напишано од **KukLi4ka**
Aha....imas 18god..nemas zavrseno ni sredno(pretpostavuvam)..imas decko da receme na tvoja vozrast,god-dve postar, nekoi 5-6-7 meseci,sto ne saka ni da cue za toa dete,brak i sl.propratni stvari...Bi go rodila toa dete?
Да.
Абортусот е последица. Ако една девојка/жена не е способна да износи, роди и одгледа дете, од било какви причини, одлкуката е нејзина. Мене од страна можеби ќе ми изгледа дека не е така, ама не е мое да судам, да (не) оправдувам, или да ја нарекувам убиец. Без разлика што јас мислам, моето си е за моето тело. А јас не би абортирала.
Напишано од MaRyJaNe-poison
а ако нема лјубов помеѓу мене и тој? да се земаме само заради бебето?? и каков живот ке е тоа? пошто важи ова: "несреќни родители, несреќно дете"
Кој рече дека мора да се венчате? Брак склучен само заради дете, не води нигде. Нема бебето да те натера да го сакаш, ниту пак тој тебе. Ако не се сакате, не се сакате, крај. Она што ве поврзува е одговорноста. Не значи дека било кој од вас помалку ќе си го сака детето, од моментот кога сте го направиле, и двајцата сте родители, подеднакво. Ама поарно да не живеете заедно, штом нема љубов. Зашто порано или подоцна, ќе се распадне тоа, што и да е. Импровизација од брак.
Пр., мене ми е логично да сакам деца со тој што го сакам. И да спијам со тој што го сакам. Кога моја другарка мислеше дека е трудна, велеше дека не го сака детето, зашто не го сака со тогашниот дечко. Е тој дел не ми е логичен.
Јас се крстам кога ми вели "имам секс со него, а не го сакам", таа се крсти кога ја прашувам како може така. Ништо чудно...
Напишано од BuSarCe
мене ми изгледа муабетов на глупост и дрскост од некои девојки,многу глупо размислувате
А мене мубаетите од типот на "ех, женски глави..." ми изгледаат на уште поголема глупост и дрскост. :smir: