ex machina
сфинге раја
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 721
- Поени од реакции
- 104
Зошто,О ЗОШТО мислите дека управуваме со туѓите животи?Мојот став е цврст и не би го менувала,никој не би фатила за врат да не абортира(нема нит да ме послуша)а за забрана уште помалку.Мешаш управување и кажување на свое мислење.Како што таа што решила да абортира има толку причини за тоа јас имам толку против,и зарем тоа е управување?Свашта!
Примена на своите ставови врз себе е сосема ОК. Осудување на другите не е. Етикетирање на девојка која абортирала за “убиец“ воопшто не е ОК. Претпоставувам дека во болница пред да го извршат абортусот, ја запознаваат со сите негативни страни на абортусот. Понатака, таа сама ќе си ги сноси последиците, физички и психички.
Забранување на абортус?Сум строго против абортус но за жал имало и ќе има абортирање каде тоа би се вршело на нелегален пат,со нестручни лица и ќе има повеќе жртви отколку кај легалното и тој што решил ништо не го спречува.Така да,од таа гледна точка...кхм.. сум за легално(иако со мрчење го кажувам тоа).
Точно. Забраната на абортусот само ќе го префрли во сивата/нелегална практика, што ќе придонесе за губење на многу повеќе животи.