Пациентите ќе ти бидат преблагодарни ако успееш да направиш барем третина од она што Митрев го направил за други пациенти.
Сепак за тоа живеам
--- надополнето ---
Извини, ти си докторот од Германија? Онака, чисто да знам од каде поврзаноста на германецот. Дали го знаеш лично или ти си тоа.
Што има лошо во кардиохирургијата? Толку ли е лошо да имаш тоа специјализирано?
Не сум јас тој. Но можеше да бидам. Според мене да бидеш доктор во Германија е една од најтешките работи, особено хирург ортопед и кардиохирург. Бидејќи немаат доктори, и ти ќе работиш...ќе работиш...и ќе работиш...и само тоа...
А во самата хирургија нема ништо лошо, но зависи каде ќе ја работиш. Дали во САД, дали во Германија и нема да го познаваш Кљусев, или во Македонија благодарение на Кљусев и образувањето приватни клиники, наместо државни. Каде би можело сега да се држи и едукација и слично. Ова што го има во Македонија го нема никаде во Европа. Не постои држава што нема државна кардиохирургија, со познати професори, со докторанти, со специализанти. Замисли, како полагаат студентите на медицина хирургија кога немаат видено К од кардиохирургија?! и кое е тоа образование...
а да не зборам за факултетот на медицина што го отворија во Штип. Па ти да идеш да ја видеш болницата каква е во штип.
Што нема никакви клиники, нема. Има само интерно, урологија, хирургија и ортопедија. Туку нема и ништо друго. јас имам познат кој учи анатомија на кукли. На кукли???? Во Штип неврологија, судска медицина, онкологија, торакална хирургија, очни болести и тн. се непознати поими, а сите овие се предмети за полагање.
Доктори нема, професори исто така. Единствениот доктор на науки е од областа на трансфузиологијата....ЗАМИСЛИ. а сега другите предаваат од скопје преку конференциска "иновативна" врска на филип втори
Какво е тоа образование
Ова е жива комедија....и можеби треба да се раскаже и на друго место
И пак, овие ЛЕВИ доктори еден ден ќе бидат плод на Жан Митрев (читај неговиот брат Саша Митрев)
И се тоа благодарение на Жан.
--- надополнето ---
А зошто тогаш плукаш по конкуренцијата?
Не ми е Жан конкуренција, во различни области сме