Што мислите за Жан Митрев?

  • Креатор на темата Креатор на темата Непознат
  • Време на започнување Време на започнување

Има и јахта (или беше во Грција или во Хрватска), а колегата негов од Германија што не шефува и што не го познава Кљусев ќе си дозволи само кола

Никој не му е крив на германецот. И нашите актери едвај крпат крај со крај низ Македонијава, а нивните колеги од Америка уживаат на cruiser-и по Атлантик и си имаат по најмалку една палата на секоја туристичка локација или поголема светска метропола. Ама тоа е, различни држави нудат различни услови.
 
Кардиохирург сте во Македонија, а првпат слушате за Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид? нешто не е во ред тука. :)

Скраја да е! Не сум кардиохирург. Кажав доктор на медицина!
А не го знам овој центар бидејќи сум далеку од Охрид. А веќе и од Македонија.
 
Скраја да е! Не сум кардиохирург. Кажав доктор на медицина!
А не го знам овој центар бидејќи сум далеку од Охрид. А веќе и од Македонија.
Извини, ти си докторот од Германија? Онака, чисто да знам од каде поврзаноста на германецот. Дали го знаеш лично или ти си тоа.
Што има лошо во кардиохирургијата? Толку ли е лошо да имаш тоа специјализирано?
 
Пациентите ќе ти бидат преблагодарни ако успееш да направиш барем третина од она што Митрев го направил за други пациенти.

Сепак за тоа живеам

--- надополнето ---

Извини, ти си докторот од Германија? Онака, чисто да знам од каде поврзаноста на германецот. Дали го знаеш лично или ти си тоа.
Што има лошо во кардиохирургијата? Толку ли е лошо да имаш тоа специјализирано?

Не сум јас тој. Но можеше да бидам. Според мене да бидеш доктор во Германија е една од најтешките работи, особено хирург ортопед и кардиохирург. Бидејќи немаат доктори, и ти ќе работиш...ќе работиш...и ќе работиш...и само тоа...

А во самата хирургија нема ништо лошо, но зависи каде ќе ја работиш. Дали во САД, дали во Германија и нема да го познаваш Кљусев, или во Македонија благодарение на Кљусев и образувањето приватни клиники, наместо државни. Каде би можело сега да се држи и едукација и слично. Ова што го има во Македонија го нема никаде во Европа. Не постои држава што нема државна кардиохирургија, со познати професори, со докторанти, со специализанти. Замисли, како полагаат студентите на медицина хирургија кога немаат видено К од кардиохирургија?! и кое е тоа образование...

а да не зборам за факултетот на медицина што го отворија во Штип. Па ти да идеш да ја видеш болницата каква е во штип.
Што нема никакви клиники, нема. Има само интерно, урологија, хирургија и ортопедија. Туку нема и ништо друго. јас имам познат кој учи анатомија на кукли. На кукли???? Во Штип неврологија, судска медицина, онкологија, торакална хирургија, очни болести и тн. се непознати поими, а сите овие се предмети за полагање.
Доктори нема, професори исто така. Единствениот доктор на науки е од областа на трансфузиологијата....ЗАМИСЛИ. а сега другите предаваат од скопје преку конференциска "иновативна" врска на филип втори
Какво е тоа образование
Ова е жива комедија....и можеби треба да се раскаже и на друго место
И пак, овие ЛЕВИ доктори еден ден ќе бидат плод на Жан Митрев (читај неговиот брат Саша Митрев)

И се тоа благодарение на Жан.


--- надополнето ---

А зошто тогаш плукаш по конкуренцијата?

Не ми е Жан конкуренција, во различни области сме
 
Секоја чест на човекот,еајдобрар во Македонија во неговата бранша
 
Не е Митрев крив за неуспехот на другите доктори. Глупаво е да се обвинува друг за сопствените неуспеси. Митрев не е должен да ги едуцира сите. Должен е да го работи она што го специјализирал, а тоа го прави совршено.

Не гледам зошто би дискутирале понатаму. Очигледно имаш личен проблем со него.
 
Колку што Д-р Петко е добар ортопед, толку и Д-р Митрев е добар кардиохирург.
Мене (и другите пациенти и нивни роднини) не ме интересира биографијата на Митрев. Што бил, не е битно.
Се што ми е битно е што парите за вакви зафат наместо во странство, остануваат во Македонија, оние што умираа дури и од "рутински преглед" со туба у срце, сега има каде да се прегледаат...

Кога другите доктори ќе намалат смртност и ќе подобрат третирање кон пациентите (вклучувајќи и чекање во чекална од неколку часови, денови, месеци...за 1 снимање), кога парите ќе прекинат да се слеваат во странски болници...тогаш би можеле да збориме за некоја споредба. Најмалку двајца мои врсници животот им висеше на конец пред да го сретнат Митрев...сега се фала богу ок.
Не би имал повеќе за лошите квалификации кон докторот. Впрочем, нели делата говорат, а не зборовите.
 
Само ќе спомнам дека актуаелната власт се обидува да го поткопа делото на Жан Митрев од лични интереси... ама доста е политика :smir:

Искрено не знам за Македонска кардиохирургија пред Жан Митрев... Луѓето се праќаа во Каменица и не знам каде уште дури и за едноставни хируршки зафати... Сепак,најдобро за него може да каже оној чиј живот бил спасен од неговата рака! За неговиот успех говори и многу малата годишната смртност на кардиохирургијата „Филип 2“... Она што јас можам да го кажам за него е дека многу држи до принципи! Кардиохирургијата „Филип 2“ е совршено средена, персоналот е одговорен, се држи до хигиена, услугите за пациентите се повеќе и од задоволувачки, постоперативниот третман е на ниво, значи од страна на услуги за пациентите не се можни никакви поплаки. Болницата ја има средено по најмодерни Светски начини. Е сега, за споредба земете го остатокот од Воена Болница или Кардиологија во Државна болница. Нехигиена, неодговорност, инфекции, сепси, поголема смртност... Бројките си говорат за успешноста на човекот! Од мене само `секоја чест` за Жан Митрев!
 
Кому тоа овде му смета успехот на ова поле..од еден МНОГУ УСПЕШЕН и докажан Македонец

Јас мислам дека човекот ни воведе медецински стандарди ..досега невидени во Државата Македонија?
БРАВО... и „пуштете„ го Докторот да работи , она што најдобро си го знае:
ДА ЛЕЧИ ЛУЃЕ...а тие самите (пациентите) си знаат каков е тој ..и дали е добар..или одличен!?.
Бројот на (успешно) оперираните пациенти кај него..зборува дека тој е МАКЕДОНСКО ЗЛАТО..односно наша Македонска „златна кокошка„..
Само поради славата и девизите кои секојдневно се слеваат во државната каса...
:tapp:
 
Значи како се ужаснувам од вакви кењатори како овој Непознат (кој не е свесен колку е познат -ама за тоа во некоја друга интервенција) просто добивам желба да ву извршам едноскопија користејки црево од 2 цола притоа оставајки го да седи на маса едно десетина часови ...

Значи темава ќе оди во канта, по правилото недоволна можност да се дискутира и фактот што тој што ја отвори тера инат со сите дискутанти ...
 
Нема зошто да оди темава во Канта, на место е. Фино е да се види на кого и зошто му смета делото на др. Митрев.
Мислам дека луѓето се доволно свесни да извадат заклучок. Добриот глас надалеку се слуша (а за Жан Митрев имам слушнато само позитивни зборови). Испади од овој тип брзо се забораваат...
 
Има и јахта (или беше во Грција или во Хрватска), а колегата негов од Германија што не шефува и што не го познава Кљусев ќе си дозволи само кола

А што треба да прави со парите што ги заработува извини?
Човекот спасува животи, работи ризична работа и заслужува да си дозволи она шо сака.
Ако тие во Германија не се снашле, тоа е. И тука има инжињери и доктори шо работат во бутици или платата им е многу помала од она што треба да го добијат, па шо да праиме.
 
Iznogoud.gif


Сакам да бидам султан наместо султанот синдром....Или пак во друго подрачје беше ти? Како и да е...


Др. Митрев можеби е просечен кардио хирург во Германија но во Македонија е врвот тоа е зашто нема подобри од него во Македонија. Како да кажеш дека Пандев е просечен фудбалер во Европа но во Македонија на крај е сепак најдобар. Смешно...
 
Јас сум доктор на медицина па процени дали немам ништо направено
И ја сум исто така доктор, и знам дека секој доктор има многу на правено за пациентите, но сепак Митрев сметам дека заслужува почит, и не треба да се води посебна дискусија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom