Дечки добро вечер и честитки за најубавата, најдоминантна , најперфектна и уште многу нај-игра на светот прикажана досега !!! Ова беше натпревар кој Мурињо и компанија, Гвардиола и друштво , и сите други ќе го прегледуваат и анализираат до крај, како можеше да биде така одиграно и смислено ... Едноставно НЕВЕРОЈАТНА ПРЕТСТАВА која уште долго време натака ќе предизвикува реакции и коментари од секаков вид. После ваква вечер не знам само како и што треба да се случи за да не се освои Примера па и Лигата на шампионите , со оглед на фактот дека во Европски рамки не гледам никоја екипа ни близу ( освен можеби Манчестер Ј. во моментална форма, иако е рано за ова ама ми се вртка низ глава
) која може да парира. Значи честитки уште еднаш и нека овие играчи секој следен противник го гледаат како вечерва па без потценување и крајно сериозно да се надогради овој резултат !!!
П.С
Дали некој знае линк или да копира некоја изјава од тренерите и играчите после мечот од прес конференција и слично ??? Фала однапред.
Поздрав