Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Па шо на фб на група за барселона пишеше денеска, изглеа се збуниле нвм, фала на информација.

Ништо чудно. Дечки си прават страни по фб. Најверодостојна страница ми е Kolku fanovi ima FC Barcelona vo Makedonija?.
Некое време не пишуваа, ама она што го напишат вреди. позз

--- надополнето ---

Па шо на фб на група за барселона пишеше денеска, изглеа се збуниле нвм, фала на информација.

Ништо чудно. Дечки си прават страни по фб. Најверодостојна страница ми е Kolku fanovi ima FC Barcelona vo Makedonija?.
Некое време не пишуваа, ама она што го напишат вреди. позз
 
Ништо чудно. Дечки си прават страни по фб. Најверодостојна страница ми е Kolku fanovi ima FC Barcelona vo Makedonija?.
Некое време не пишуваа, ама она што го напишат вреди. позз

--- надополнето ---



Ништо чудно. Дечки си прават страни по фб. Најверодостојна страница ми е Kolku fanovi ima FC Barcelona vo Makedonija?.
Некое време не пишуваа, ама она што го напишат вреди. позз

А јас на официјалната страна прочитах на 16ти во 20:00 часо?
 
ednas kazav i pak ke kazam
nesto se slucuva so villa,a pokraj nego i drugite napagjaci promasuvaat vo barsa


http://www.sport.es/default.asp?idpublicacio_PK=44&idioma=CAS&idnoticia_PK=727865&idseccio_PK=803
aj malku provod ako moze zosto e opasna ovaa destinacija :)

Еве што му е на Виља...му недостасува Валенсија :)

n_valencia_david_villa-2105787.jpg

Средбата со поранешниот клуб е на 16ти октомври во 20 часот на Ноу Камп, но „ел Гуахе“ Виља знае дека ако постигне гол против Валенсија, нема да го прослави. Сегашниот напаѓач на Барселона, зборува за поранешниот клуб, добриот период во кој се наоѓа екипата на Емери и му укажува на Виктор Валдез на опасностите од напаѓачите на Валенсија.

Виља, за кратко време ќе играш против Валенсија. Сигурно дека тоа ќе биде специјален натпревар за тебе?
- Да ќе биде доста специјален, бидејки тоа е екипата каде поминав одлични пет години, ми носи прекрасни спомени и среќен сум што ќе играм против нив, најмногу поради фактот што повторно ќе ги видам сите пријатели кои ги имам таму и ќе уживам во нив па макар на само еден ден.

Фактот што Валенсија е екипата која го направи Виља познат, екипата со која дебитираше во Лигата на Шампионите и со која ја освои првата титула, ќе го направи ли натпреварот уште повеќе специјален за тебе?
- Без никаков сомнеж. Направив неколку чекори, прво бев во Спортинг, потоа во Сарагоса, но клубот кој ми даде практично се’ на фудбалски план беше Валенсија. Во тие пет години успеав да стигнам до репрезентацијата, можев да играм во ЛШ, да се борам за многу титули од кои освоив една и не се сомневам дека тие пет години беа најважните години во мојот живот.

Типичното прашање за секој напаѓач кој игра против својот поранешен клуб. Ако постигнеш гол, ќе го прославиш или не?
- Ќе се обидам да постигнам гол бидејки сум професионалец и ги бранам боите на Барселона, но исто како против Спортинг, голема е љубовта што ја имам кон Валенсија и поради почитта кон луѓето кои ме направија добар и ме поддржуваа толку години, нема да го прославам.​

Виља секогаш постигнува многу голови против своите поранешни клубови, што го докажа против Спортинг. Ќе биде ли така лесно и против Валенсија?
- Сеуште не знам бидејки не сум играл против нив. Ова ќе ми биде прв пат и како што кажав ќе се обидам да го направам на најдобар начин бидејки ќе играм против своите пријатели и затоа ова ќе биде еден специјален натпревар за мене. Сепак на крајот на натпреварот ќе им посакам се’ најдобро на играчите на Валенсија цела оваа година.​

n_valencia_david_villa-2106546.jpg

Како мислиш дека ќе те пречекаат навивачите на Валенсија на Местаља кога Барселона ќе гостува таму, или оние што ќе дојдат на Ноу Камп?
- За тоа не знам, но знам дека јас ќе ги пречекам со многу љубов бидејки благодарејки на нив се наоѓам овде денеска. Секогаш ќе имам добри спомени и голема љубов како кон клубот така и кон сите навивачи на Валенсија.​

Изгледаше дека по заминувањето на Виља и Силва, Валенсија нема да биде истата екипа, но во моментот тие се лидери и се’ функционира одлично кај нив. Како го оценуваш стартот на сезоната за Валенсија?
- Многу добро, екипата е одлична. Валенсија е огромен клуб и заминувањата на еден, двајца, тројца или четворица фудбалери не менува ништо. Засилувањата беа одлични и помогнаа многу на клубот, оние кои веќе беа таму се одлични фудбалери и огромен клуб како Валенсија секогаш ќе се наоѓа на врвот и покрај продажбата на некои важни фудбалери во последните неколку години.​

Сега кога веќе некое време си во Барселона, што најмногу ти недостасува од времето во Валенсија, и што најде овде што таму го немаше?
- Овде имам се’, но ми недостасуваат деновите кога заминував секое утро во Спортскиот центар Патерна, доручекот со соиграчите, шегите со Хоакин во собата, Еспањета по секој тренинг… не знам, поминав многу среќни моменти од мојот живот последните пет години и иако овде имам се’ ми недостасуваат сите тие нешта таму.​

За крај не знам дали си разговарал со Валдез, но кога играше за Валенсија секогаш постигнуваше многу голови против него. Сигурно сега е среќен бидејки Виља игра во Каталонскиот клуб?
- Како што ми пренесе среќен е што потпишав за Барселона, и точно е дека последните години лесно постигнував голови против него. Сепак ќе мора да биде внимателен бидејки и покрај моето заминување, Валенсија има одлични напаѓачи кои добро ја започнаа сезоната. Ќе биде тежок натпревар и не верувам дека резултатот ќе остане 0-0.​
 
Јас од фудбалските тимови сум за Реал Мадрид,а од поголемите фудбалски тимови за БАРСА!! хахахахахаха
 
Барса Б на полувреме води со 2-0 против Тенерифе. Стрелци, се нормално Меси и Виља, овај де Сориано и Нолито. :):)
 
3-1 тепаа младите. Последниот гол го постигна Карлос Кармона.
Со оваа победа Барса Б е на 4-то место во Секунда со 5 победи од 7 натпревари. :)
 
^ Може да влезат во Primera Division ??? Пошо ја како што знам неможе...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom