Пиволенд 2010 @ Тврдина Кале - 15-19.09.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата GrouchoMarx
  • Време на започнување Време на започнување
Погага пиво не сум сретнал на ниеден пиво фест!

Како гага бе? Од каде?

И викате го дигнале скопското на 70, а? Ејј педери. Лашко обично на точење ако не е 50 ќе ги убијам. Ептен се искурназија, шо мислат ние Немачка сме.
 
ептен, а лашкото црно 100. абрее треба малце да се подразмислат..
затоа денес ке идам на Куд Идијоти, и ке си пијам пиво од трафика..не од сељандурење, него како знак на протест.
 
Мислам дека воа со цената на пивото го прават само првите два три дена....после ќе се намали...па неможам ја од Велес со 100 евра да одам :kesa:
Последната вечер е секогаш најдобра... СВЕ НА ТОЧЕЊЕ МОРА ДА СЕ ПРОДАДЕ!
На пола вечер идат попусти 3 за 2, за да заврши со 3 за 1... :wink:


Туку срамота за лошата организација, озвучувањето повторно лошо а тие на миксетите се штимаат на самиот настап наместо предходно. Идиотите на Вања Лазарова и пуштија реклами уште додека беше на бина додека публиката и бараше бис. (не дека можеше старичката да издржи макар и уште една песна на бина) Крештење и изобличен звук на почетокот на настапот, Вања ја средија малку по првите 10мин ама гитарата цело време беше за никаде.
Пофалби за Вања што на оваа возраст уште има желба да не почести со својот талент. Настапот беше супер ама озвучувањето го уништи впечатокот.


Добар избор на пива!
Не ги разбирам мнозинството што пијат (прескапи за приликава) домашни пива кога за малку повеќе пари има многу поквалитетни опции.
Почнав со Kilkenny и Guinness, после кои следното пиво, темно Лашко, ми изгледаше невкусно а инаку често го пијам и ми се допаѓа во други прилики.
Најпријатно изненадување: Точат Paulaner на штандот на ирскиот паб. Уште кога видов дека имаат и Weissbier па уште и на точење! Неколку години го немав пиено, омилено пиво ми е.
Абе не ме тргнаа од тој штанд одтогаш. 4-5 чаши потоа (и одприлика уште толку посети на стандардно ужасно изгнасените пластични тоалети) Гоце Арнаудов ме убеди дека е време за одење дома.
Chimay и Grolsch ќе мора почекаат до утревечер.

Се на се вреди да се оди на фестивалов... ако ништо друго тогаш за егзотичните пива што ретко се гледаат кај нас.
 
Значи викате имало невкусни потези од страна на толпата народ, значи да си понесеме сосебе еден чадор не би било лошо ?
Епа фала што ме известивме на време ќе си знам за наредните денови. Ајт можда ќе се видиме таму.
 
ако не се продаде пивото на точење , ке се продава на таламаска и на бела ноќ како лани :)
 
Лашко 0.5 = 70, лани 0.4 = 50. Малце е поскапено али ипак топ си е. :)
Иначе дојдов накај 19:40. STP беа солидни, Вања не ја слушав, си чилав у ланџот, Трибјут ту Квин втор пат ги слушам и опет развалија, Хикси како Хикси - закон, али Гоце беше ѕвезда на вечерта. Секоја чест за коментарот: “Да види Прилеп што е Пиво-Фест!“. :) Се вртеа ора на ридчето, се изнаигравме, се изнапеавме, свака част за “момакот“. :)
Е сеа за распоредот на штандовите ... ТИЊА! Нема место кај да се пројде од штандовите накај бина, премногу гужва и мора пола саат да се пробиваш за да стигнеш до било каде. Како и да е, мислам дека ќе биде подобро. :)
Вечер не идам, така да се гледаме во петок на ПОЗДРАВ АЗРИ! :)
 
Скапи се со цените. 70 денари за Скопско и 50 за Горско. Значи ако не заебат нешто, неможе...
 
На гага мислев за "ниските" цени на пивото.

Абе сеа види, релативно е за секој дали е ниска или висока цената. Секој со својот буџет. Али у секој случај, за 70 денари, пола литро пиво не е нешо баш ефтино. Ѕидаркине се по 35, а исто се по пола литро. Претеруваат по малце али океј е некако, ќе се помине фино... поготово вечер на Идијоти.
 
Како за среда супер беше.Штета шо не можев да останам и Гоцета да го слушнам :icon_mrgr
Вчера само разгледував ( у петок,сабота ќе се пробуе xD ). Пивата поскапи се од лани. Ако не се лажам лани горско беше 25 денари а Скопско 50,сеа Горското 50 е,а Скопското 70.... Другите пива кажаа погоре шо цени се,ја забораив :kesa:
Скарата едино не разгледуев,али има време :icon_mrgr
Вечер не идам,преуморен сум,али затоа викендов ќе се остаам на Кале xD

п.с Момент на вечерта беше типката шо клекна позади тоа вецињата да моча :pos:
Алал да и е ! :)
 
Еве вака јас што видов цени на пивата...

Скопско 0.4 - 70
Горско 0.4 - 70 (го "точат" од шишиња)
Лашко 0.5 - 70
Лашко темно 0.3 - 70
Лашко темно 0.5 - 100
Амстел 0.5 - 80 (лани беше 50 за 0.4 мамата нивна)
Хајнекен - 100

Иначе, ПРЕМНОГУ гужва како за среда. Ако во сред работна недела е вака, како ли ќе биде петок и сабота... :nesum:
Дојдов на почеток на Суперхикс, ама не ги слушав од причина што ги слушав на Аларм, и пошто озвучувањето беше крш и ме иритираа високите тонови од гитарите. Отидов на dance stage, а таму бетер од лани. Истата мизерна бина, со осветлување што крши филм и озвучување што дури ни најмизерните "дискотеки" во селата го немаат. Музиката - тињарија. Си се шетав цело време низ кале, си пиев Лашко, и после кога почна Гоце отидов таму, се собравме со друштво и коа му ја фативме на оро - абе мераци. Голем пропуст беше тоа што 2 пати му ја изгасија музиката, а еднаш му сецна цд-то, ама јбг - shit happens. Иначе ја мислам дека у живо пееше. Не знам зошто гладиус вика на плејбек. :toe:
 
Највеќе се исплаќа да пиеш увозни скапи пива зашто само тие се поевтини, останативе пива кои се среќаваат најчесто кај нас по продавнициве се премногу скапи. Како да заборава некој дека фестивалот е на отворено и комотно можеш да си донесеш пива од дома во ранец ако ти е прескапо.
Скопско лименка 80 ден., продавница 40.
Јас само Пауланер купувам од штандови на фестивалот се друго не се исплати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom