Вака сега за младите и преспективата немам намера да ти зборам, исто како и за Дражен пошто се ти кажа Сје. Твојот карактер и размислување ме потсетува на искомплексиран србоман кој секој успех на човек што живеел и се родил во Југославија, а не е од Србија се обидуваат да му го девалвираат или да манипулираат со лажги од типот и тој е србин, и тоа е заслуга на Србија. Има многу примери за ова но јас ке ги земам најсвежите од тебе што ги кажа во претходниот пост. Негираш дека Дражен е Хрват иако тој по размислување беше поголем Хрват од многу други, роден е во Хрватска, а и мајка му е Хрватица. И ке ти повторам татко му беше Црногорец, не србин на што ти алудираш со твојот пост иако јавно не кажуваш од каде бил татко му. Второ за Кукоч сакам да ти кажам некој факти за да те замолчам во обидот да не ги признаваш успесите на луѓе кој не биле од србија. Тони Кукоч бил трикратен освојувач на евролига со Југопластика (хрватски тим, наледник беше Поп 84, денес е само Сплит. Немој да пробаш истата финта и да лажеш дека Југопластика била европски шампион највеќе благодарение на Србија, зашто и тоа не е чудо кај тебе), три пати НБА шампион со Чикаго,три пати МВП на евролигата, еднаш МВП на светско првенство во кошарка, еднаш на европско, најдобар 6 ти играч во 1996 и уште низа успеси кој ме мрза да ти ги редам. Кажи некој од српските играчишта со успеси слични на неговите.
Гледај малку со факти, не распознавај само по имиња и презимиња и признај успеси на луге што живееле во Југославија а не се од Србија. Забележувам дека е тренд и сите успеси на Југославија (додека беа заедно сите републики) да си ги препишувате на србија што е жалосно и очајно. Вистинските љубители знаат, но не манипулирајте млади дечки кој не биле тогаш родени. Фала богу благодарение на интернетот се помалку ви веруваат
Не сум србоман, полу-србин сум роден во Белград, ми даваш сега дозвола да се радувам на успесите на Србија?
Во Црна Гора живеат голем процент на Срби, Петровиќ не е ниту хрватско ниту црногорско презиме туку дефолт српско презиме.
На Кукоч, како што веќе рекоа, му се пгоди генерацијата во Чикаго, јас сметам дека Дивац бил поголем играч од него, а Стојаковиќ е прогласен за еден од најдобрите шутери што заиграле во НБА.
Не сакам да се расправам сега чии играчи биле подобри или чија кошарка е подобра, но општопознато и општоприфатено е дека во поранешна Југославија, Србија ја имала кошарката.
Кои медали ги има сениорската репрезентација на Хрватска? Набија комплекси ала Џорџевиќ и Кецман.
Јас признавам успеси на сите од Југославија, но ти очигледно не го правиш тоа.
И зошто сврте тема? Зошто не одговори за судиските одлуки? Него тресна глупост дека ФИБА
сеуште имала српски корени (facepalm) и утакмицата била продадена.
Уште кажа и дека Хрватите ја имаат подобрата репрезентација? Гледаше Бразил-Хрватска? Гледаше Хрватска-Словенија? Играта им беше очајна, процентот на тројки им беше помал од 20, талентот Томиќ не можеше 10 коша да даде, плејмејкерот Укиќ и шутерот Поповиќ продаваа топки и акции ко на пазар и цела репрезентација игра ротација од 7 играчи, другите ни секунда не влегоа.
Кажав пред утакмицата, ќе биде тесен мечот поради дополнителната мотивација, но сепак, на крај ќе победи подобриот.