Разговарав со човеков, и сега навистина сметам треба да му се овозможи Македонско државјанство ако тоа е она што е потребно за да види виделина леков!
Апелирам да владата и до премиерот да ја сватат работава сериозно.
Христов ми делуваше малку тврдоглав, како да не му е јасно на кој начин функционира големиот бизнис (или пак јасно му е но не сака да прифати). Бидејќи проверив, со сигурност знам дека една голема Американска фармацевтска фирма се имаше заинтересирано за лекот, а потоа се откажа.
Христов ми кажа дека не е проблем да го уништиш ракот, го пронашол механизмот како да ги убиеш клетките на ракот со тоа што ќе ги иставиш без храна, а истовремено да ги храниш здравите. Проблемот е откако ќе го уништиш ракот дали организмот е доволно силен да се справи со толкава токсична бомба во себе и да ја исфрли без последици. Многумина со ослабнат имунитет не можат. Затоа Христов не препорачува луѓе кои што биле на хемотерапија или радијација да го употребуваат неговиот лек.
Јас лично многу сум за тоа да направиме една кампања преку кајгана и да ја избомбардираме владата и медиумиве со пораки, но ме интересира вие што мислите?
Прашувам бидејќи, ако во Бугарија цвета корупција и заговор на највисоко ниво да не се се дозволи лекот, кај нас има глупости од типот “опозицијата бара предвремени избори, а нема абер да учествува на иститите’’. Сходно нашиве структури во догледна иднина ќе бидат преокупирани со кретенизмот на Бранко наместо да се посветат на вакви егзистенционални прашања. Не ја ни начнав заработувачката од ваков капитален проект која што може да е огромна, сега збориме дали може да направи нешто и извлече максимум за болните.
Коментари?
Шанса за Македонија - Бугарија го отфрла чудесниот лек против ракот
На 3 февруари оваа година, бугарската агенција за лекарства го соопшти децидниот став дека нема да го регистрира како медикамент за лекување онколошки заболувања продуктот антималигноцит. Причина за тоа, според агенцијата, е „непознатиот состав на продуктот, како и важечката регулатива на Европскиот парламент (ЕЦ -726/2004) и на Советот на Европа, според која секое ново лекарство за овој вид заболувања треба да биде оценето од Европската агенција за лекарства според централизирана процедура и одобрено од Европската комисија“.
Станува збор за лекарство изумено од Продан Христов уште во далечната 1959 година, со кое тој излекувал илјадници луѓе од една од најтешките болести на светот. Тој емигрирал од Бугарија неколку години пред тоа и се сместил кај својот брат, кој веќе живеел во Австрија. Запишал медицина, но потоа го заинтересирала биохемијата. „Во тоа време весниците беа преплавени со написи за ракот, квалификувајќи го како епидемија, и брат ми еден ден ми рече: Еве ти шанса да направиш нешто, ако најдеш лек. Моја опсесија беше да пронајдам еликсир за подмладување, да го решам проблемот на староста, но си дадов шест месеци за идејата на брат ми. Имав во главата дваесетина варијанти. Сакав да ги пробам и ако успее некоја од нив, добро, ако не, да ја оставам таа работа“, се сеќава Христов.
На 31 декември 1959 година, точно во 18 часот, по стотици експерименти, бил сигурен дека има средство што дејствува кај ракот на животните. Следувала примената на луѓе.
Рамно на пеницилинот
Христов е роден во Карлово, место во Бугарија со богата билкарска традиција. Тоа му овозможило брзо да се сконцентрира на две билки: див божур и овчја опашка. Екстрактот од нив, споен со аминокиселини, го нарекол „антималигноцит“ и, по успесите кај животни, почнал да бара начини да го примени и на луѓе. Минал неколку клиники, имал дури и своја болница, а по десетици и десетици успешни случаи на излечени луѓе, австрискиот лекар д-р Ерих Берга неговото откритие го споредил со откритието на пеницилинот. Проблемите почнале кога Христов одбил да им ја даде формулата на големите фармацевтски компании, како американската „Мерк“ и германската „Баер“, плашејќи се дека ќе го изманипулираат и измамат. Наскоро ја загубил можноста за лекување, иако зад него како живи сведоци, уште во тоа време, пред четириесетина години, стоеле стотици и стотици пациенти.
Во 1992 година почнала и неговата битка со здравствените власти на демократска Бугарија. Поднел барање за регистрација, на кое никогаш не му било одговорено. Во меѓувреме се множеле случаите на излекувани, кои на еден или друг начин успевале да дојдат до спасоносната течност. Случајно за Христов дознала и пловдивчанката Катја Почева. Нејзиното најстаро дете, тогаш на 13 години, боледувало од тумор на мозокот. Еден месец пред да почине, Катја дознала за лекарството „антималигноцит“, го набавила, детето почнало да го пие, но веќе било доцна. Таа и денес тврди дека проблем било краткото време и дека ако дознаела порано за препаратот, синот ќе и бил спасен.
Нови докази
Оттогаш, веќе неколку години, преку граѓанско здружение води жестока битка со бугарските власти за регистрација на препаратот како лекарство. Во меѓувреме се обидувала да спречи и други семејства да ја доживеат нејзината судбина, па правела сé што може што повеќе луѓе да дознаат за „антималигноцитот“ и за неговото дејство. Многумина во Бугарија се чудат: нејзина нормална реакција би била да е огорчена на лекарството на Христов зашто не и помогнало, но таа, напротив, и покрај загубата, уверена е во неговата делотворност.
Со неа се уште неколку жени што лично минале низ слично искуство: Емилија Жељаскова со ќерка си Деница, кај која бил дијагностициран тумор на мозокот, и Дијана Василева, со речиси идентичен случај. Тие со години собираат докази за делотворноста на „антималигноцитот“ и вршат притисок врз бугарските власти, надевајќи се дека ќе успеат да издејствуваат регистрација и употреба на лекарството.
Меѓу последните случаи што ги евидентирале е тој на 69-годишен маж од Карлово опериран од рак на простата, како и случајот на пациент од Смолјан кај кого по хистолошкото испитување бил дијагностициран рак на мочниот меур, односно „високодиференциран, неинвазивен папиларен уротелен карцином“. Последниов случај е посебно интересен, бидејќи според тврдењето на пациентот и документацијата што ја доставил до здружението на Почева, на средината од 2009 година, нему му биле препорачани хемотерапија и зрачење, но тој со поддршка на своето семејство одбил. Потоа, на различни начини, успеал да набави од „антималигноцитот“ и по два месеца на преглед било констатирано дека нема ништо неуредно. По третиот месец бил констатиран аденом на простата. Пациентот вели: „Продолжив да пијам ‘антималигноцит‘, а на прегледот не беа пронајдени нови образувања“. Нема податоци дали пиел од средството и во текот на минатата година и ако пиел, како го набавувал, бидејќи „антималигноцитот“ веќе не се произведува, но како и да е, ова е ново сведоштво, меѓу повеќето, за делотворноста на лекот.
Излекувани политичари
Сето тоа даваше надеж дека „антималигноцитот“ ќе биде регистриран во Бугарија, особено по средбата на Почева и другите челници на здружението со бугарскиот премиер Борисов пред околу година и пол и неговите ветувачки пораки дека сé треба да почне да се средува за седум дена. За жал, последното соопштение на Агенцијата за лекарства изгледа ја закопува и ветувачката порака за течноста, која сигурно ќе им помогнеше и на многу Македонци. Почева вели дека не се откажуваат и дека се подготвуваат за протести, чија цел ќе биде да извршат нов притисок врз бугарската влада, во чиј состав е Агенцијата за лекарства. На соопштението од агенцијата, Почева и здружението одговараат со сопствени аргументи. Според неа, тоа е еден доказ за негрижата кон пациентите. Во нејзиното здружение тврдат дека Христов ќе ја соопшти активната состојка во лекарството тогаш кога државата ќе покаже сериозен интерес за него. Во спротивно, нормално е дека стравува од измама, зашто низ тоа самиот минал преку искуството со фармацевтската мафија во Австрија и во Германија. „Антималгиноцитот“ содржи неколку аминокиселини, кои се познати како и активна состојка од билки. Нив Христов ќе ги соопшти тогаш кога државата ќе покаже интерес за болните. Не е точна информацијата што ја пласира Агенцијата за лекарства дека затоа што сме во ЕУ, продуктот може да биде регистриран единствено во Европската агенција за лекарства. Секоја држава, па и Бугарија, може да дозволи употреба на одреден продукт за да одговори на специјалните потреби на пациентот, и тоа може да го направи министерот за здравство со решение, а продуктот да се употребува само во конкретната земја. Во конкретниот случај тоа значи дека нашиот министер за здравство може да потпише решение со кое „антималигноцитот“ ќе се употребува само во Бугарија, а како последица на специјалните потреби на луѓето што патат од онколошки заболувања. Засега нашиот министер покажа дека му служи само на општиот интерес и на сопствениот егоизам, тврди Почева.
Таа додава дека во Бугарија има неколку врвни политичари, меѓу нив и членови на парламентот, што се излекувани со „антималигноцит“, но одбива да ги каже нивните имиња. Но затоа, во обраќањето по повод негативната одлука на Агенцијата за лекарства, истакнува: Време е политичарите што се излекувани со лекарството, и не само тие, ако имаат свест и морал да одговорат на потребите на болните, ако е неопходно и со законски промени. А веројатно е време и таа и нејзиното здружение, да и ги соопштат на пошироката јавност во Бугарија, но и во Европа, кои сé политичари во Бугарија се излекувани, за да се даде поткрепа на борбата што ја водат и за која секој ден е скапоцен, со оглед на тоа што Продан Христов на 3 декември наполни 88 години. А, како што изјави минатата година, ако работите останат такви какви што се сега, не му останува ништо друго освен, еден ден, да ја понесе тајната формула со себе в гроб. Да се надеваме дека тој ден, сеедно на Христовата поодмината возраст, сé уште е многу, многу далеку.
Подобро никогаш да не го најдев лекот
„Овој свет никогаш нема да се поправи. Додека човек е млад, е идеалист, лета во облаците. Но потоа доаѓа времето кога ќе тресне на земјата со двете раце. Во секој случај, подобро никогаш да не се занимавав со овој проблем. За другите човек да си го жртвува животот, за другите што се неблагодарни, кои не признаваат, мислам дека тоа е глупаво“ е една од последните изјави на австрискиот Бугарин Продан Христов, изумителот на лекарството со кое излекувал илјадници луѓе од различни видови рак.
Милиони луѓе во светот се соочени со страшната вистина за нивната болест. Истовремено, човекот што во рацете ги има состојките за кои со главата гарантира дека лекуваат од рак, и тоа со нивно најобично орално пиење, без никакви токсични ефекти, јавно изразува каење што уште пред половина век воопшто почнал да се занимава со таа работа и смета дека е глупав што си го потрошил животот за да најде лекарство што светот не го сака. Причината за тоа ја наоѓа во милионите што фармацевтските компании ги заработуваат со сегашните третмани.
Христов би станал и Македонец Во разговорите што во врска со „антималигноцитот“ ги водевме со официјални лица во Македонија, ни беше истакнато дека според нашите законски прописи, продукт зад кој стои граѓанин на друга држава, во овој случај членка на ЕУ, може да биде регистриран кај нас само откако ќе биде дозволена неговата употреба во матичната земја. Луѓе од кругот на Христов на ова ни одговорија дека во тој случај, тој би бил подготвен да земе и македонско државјанство доколку тоа овозможи да се дозволи употреба на лекарството кај нас, макар само во одреден број случаи и кај одреден број пациенти.
Таква основа во нашиот закон за државјанство постои, впрочем, според таа основа многу спортисти преку ноќ станаа Македонци. Во овој случај, интересот на граѓаните на РМ е многу поголем од тоа дали ќе победиме некоја репрезентација на друга држава во кој било спорт и ова е едно од прашањата што премиерот Груевски би требало сериозно да ги земе предвид, сеедно што државата се соочува со илјадници други проблеми што изгледаат поприоритетно и сеедно што кој било лекар од неговото опкружување може да му даде негативно мислење во врска со ова прашање.
Автор: Дарко Јаневски