Бугарија го крие лекот за рак

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
бидејки имаме Бугари на форумов се надевам ке дообјаснат бидејки подобро се запознаени со случајот

од аспект на пари и политика лекот за рак е непрофитабилно и неинтересно решение.

Јас им давам лек против рак, тие ме плукаат!



Подобро никогаш да не се занимавав со овој проблем. За другите човек да си го жртвува животот, за другите, кои се неблагодарни, кои не признаваат, мислам дека тоа е глупаво - е една од последните изјави на австрискиот Бугарин Продан Христов, изумителот на лекарството со кое излекувал илјадници луѓе од различни видови рак

Во неколку продолженија ќе ја опишеме битката што изминатите месеци и години се води во Бугарија, а која според едни е поврзана со лекарството, а според други со препаратот наречен „антималигноцит“. Тоа е изум на Бугаринот Продан Христов, кој тврди дека средството е универзален лек против ракот и дека со него спасил стотици отпишани луѓе. Овие редови немаат за цел никому да дадат лажна надеж, зашто „антималигноцит“ веќе извесно време не се произведува и не може да се набави, туку е обид да се интернационализира еден проблем во чија заднина можеби се крие спасот за многу болни.

Овој свет никогаш нема да се поправи. Додека човек е млад е идеалист, лета во облаците. Но потоа доаѓа времето кога ќе тресне на земјата со двете раце. Во секој случај, подобро никогаш да не се занимавав со овој проблем. За другите човек да си го жртвува животот, за другите, кои се неблагодарни, кои не признаваат, мислам дека тоа е глупаво, е една од последните изјави на австрискиот Бугарин Продан Христов, изумителот на лекарството со кое излекувал илјадници луѓе од различни видови рак.

Милиони луѓе во светот се соочени со страшната вистина за нивната болест. Најголем дел од нив нема да доживеат уште пет години за да бидат прогласени за излечени. Истовремено, човекот што во рацете ги има состојките за кои со главата гарантира дека лекуваат од рак, и тоа со нивно најобично орално пиење, без никакви токсични ефекти, јавно изразува каење што уште пред половина век воопшто почнал да се занимава со таа работа и смета дека е глупав што си го потрошил животот за да најде лекарство што светот не го сака.

- Пред неколку години, кога во Ирак убија пет наши луѓе, целиот врв на државата се нареди зад нивните ковчези и цела држава жалеше. Пет луѓе, за чии убијци ништо не знаеја, освен дека се некои терористи. Јас имам поднесено барање до Бугарија за регистрација на „антималигноцитот“ уште во 1992 година и досега немам ниту позитивен, ниту негативен одговор. Нека ги наредат сега сите ковчези на Бугарите умрени од рак од 1992 година и нека го стават зад секој од нив убиецот што е познат - ракот. Зошто не го направат тоа - прашува Христов.

Денес тој е 87-годишен човек. Роден е во 1923 година во село во околината на Карлово. Неговиот брат заминал за Австрија во 1942 година. Продан тргнал по него во 1955 година. „Од почетокот имав проблем, бидејќи тешко ми оди со странските јазици. Но полека се навикнав и дури можев и да читам“, раскажува во книгата „Откриено е лекарство за ракот“, издадена уште во 1995 година, базирана на интервју што со него го направил Трајчо Велчев.

Наскоро се запишал на медицина, а животна цел му била да открие средство за подмладување.

- Сакав да го свртам процесот на стареење на клетката - вели Христов.

Завршил седум семестри, а потоа ја оставил медицината и се свртел кон биохемијата. Во тоа време весниците во Австрија постојано пишувале за ракот како еден вид епидемија. По сугестија на брат му, ја оставил својата страст за препарат за подмладување и се свртел кон канцерот.

- Имав во главата дваесетина варијанти. Сакав да ги пробам и ако успее некоја од нив, добро, ако не, да ја оставам таа работа - се сеќава Христов.

На 31 декември 1959 година, точно во 18 часот, по стотици експерименти, бил сигурен дека има средство што дејствува кај ракот на животните. Но тоа не значело ништо.

- Има многу случаи кога некои состојки дејствуваат на животните, а кај луѓето апсолутно не - раскажува Христов.

СТО И ПЕДЕСЕТ МИЛИОНИ ШИЛИНЗИ ОД ШТАЕРСКА

Така почнала одисејата на некогашното селанче од околината на бугарско Карлово, со австриските и германските лекари и австриските и германските здравствени институции. Каде и да се свртел му барале да го мине филтерот на Институтот за рак во Австрија, каде што пак биле заинтересирани за изумот, но под услов да го имаат во свои раце. И тоа се покажало како клучен проблем врз целата натамошна иднина на „антималигноцит“.

Во меѓувреме тој успеал да добие официјален документ дека неговиот изум не е токсичен (потоа уште три пати добивал официјална потврда за тоа), што значи дека не може да му наштети на човечкиот организам. Лекарот што го спровел првото истражувањето за токсичност го поврзал со негов пријател, д-р Доберау, кој водел дом за стари лица, меѓу кои имало и болни од рак. Тој се согласил да го примени изумот и првиот случај бил кај пациент чие дебело црево речиси било затворено од тумор. По три недели констатирале дека туморот во голема мера е распаднат. Тоа бил првиот успех кај човек, по што работите се придвижиле.

Следувала соработка со д-р Ерих Берга, човек што бил лекар и во Втората светска војна и чии методи биле доста војнички. Во еден случај му давал на пациент толку големи дози што тој за три дена умрел, но се покажало дека за тие три дена се распаднале сите клетки на ракот. Истовремено, на здрав човек му вшприцувал и по 40 г од лекарството и немало никакви проблеми. Сето тоа помогнало попрецизно да се одредат потребните дози за лекување, а Берга бил толку уверен во делотворноста на лекот што на еден конгрес неговото значење го споредил со пеницилинот.

„Откритието на ‘антималигноцит‘ може да се спореди само со откритието на ‘пеницилинот‘“, им соопштил Берга на колегите. Следувала соработка со други болници, но и константни опструкции, кои се зголемувале пропорционално со успешноста на третманот. Христов одбил да им ја даде формулата на низа фармацевтски куќи, меѓу нив и на американската „Мерк“ и германската „Баер“, откако сфатил дека тие се обидуваат да го измамат. Потоа работел во клиниката „Франц Јозеф“ крај Виена, каде што првиот излечен пациент бил со тумор на јазикот. По лекувањето, на местото на туморот што го снемало се отворила таква дупка што јазикот морало да биде зашиен. При операцијата биле земени примероци од сето околно ткиво и се покажало дека нема никакви остатоци од болни клетки. Сепак, и тоа не било доволно Христов да биде задржан на клиниката. Подоцна, Владата на Штаерска му одобрила 150 милиони тогашни австриски шилинзи за нова клиника, но и тоа се изјаловило. Оттаму бил повикан во клиника во Германија, каде што лекувал 1.053 пациенти и кај 82 отсто од нив имал што делумен, што целосен успех. На крајот успеал да отвори своја клиника во Германија, за сето тоа да заврши со отказ на гостопримството од страна на германските власти, иако мотивите за тоа не биле поврзани со успехот на лекувањето.

СЕЕДНО МИ Е!

Оттогаш се поминати дополнителни триесетина години. Можно ли е за сето тоа време човештвото да го имало лекот за рак в раце? Самиот Христов вели дека тоа би завило во црно многу фармецевтски компании и би оставило без работа илјадници луѓе. Дури и пензиските фондови немаат интерес да се најде лек за ракот. Замислете ги нивните трошоци доколку бројката од 20.000 мртви на ден во светот како последица на ракот се преполови, а животниот век на тие луѓе се продолжи за пет или 10 години.

Барањето на Христов за регистрација на лекот чека во бугарската агенција за лекарства. Во меѓувреме им помагал на луѓето што по факс или лично во Виена ќе му го доставеле нивното досие, сé до пред неколку години, кога конечно кренал раце од сé.

„На сила да принудувам некого да му дадам живот, да се излекува, а на крајот тој да ме исплука, тоа веќе не оди“, вели Христов во емисијата на една бугарска телевизија, чиј автор е д-р Неделја Штонова, која и самата е специјалист-невролог. Еден од факсовите што му биле испратени, а кој Штонова го наведува, е тој од октомври 2008 со документацијата за рак на дебелото црево, со метастази на црниот дроб на 24-годишната Росица, која подоцна починала. „Вие сте нашата последна надеж“, напишале нејзините родители. За жал, Христов уште тогаш имал прекинато со производството. За многумина тоа е несфатливо. Но освен староста, која полека го стигнува, причината за тоа веројатно треба да се бара и во следните негови зборови:

- За да го постигнам ова, јас се откажав од семејство, од жена и од деца. Сам сум, но ја постигнав целта, сеедно што другите не го признаваат тоа, наспроти милиони луѓе што работат за пронаоѓање лек за ракот, без да имаат каков било прифатлив успех. Но сега за мене сé е безлично. Јас пропуштив многу работи во животот заради ова и тоа за мене е проблем. Така што, јас сум стигнал до тоа ниво кога веќе ми е сеедно.

Ракот како Хитлер
За 2007 година, предвидувањата на Американското друштво за канцер беа дека во светот ќе има 12 милиони нови заболени, од кои 5,4 милиони во развиените земји и 6,7 милиони луѓе во земјите во развој. Бројката на смртни случаи како последица на ракот за таа година е застаната на 7,6 милиони луѓе или 20.000 на ден, што безмалку е како да ги живееме деновите на Втората светска војна. До 2015 година ќе умрат 84 милиони луѓе. Бугарија е трета земја во Европа по бројот на заболени од рак. Во Македонија во 2007 година имало 5.800 нови заболени.


(Утре: Жестоки противници на лекарството на Христов)

Извор
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
ТЛДР

Сепак, има лек за рак за сида енд стаф, само шо не им се исплати да го дадат.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Има различни мнениja за този препарат,но интересното е дека не е разрешен за користене от нито една држава се уште. Според Продан Христов има разрешение от Австриja,но Австриjските институции одбиват да са му давали такво.
Тук исто имаше полемика дали е нормален този лек или не,дали е изпитуван некога во лабораторни услови или не. Се уште има спорове.
http://www.politika.bg/article?id=15954

Еве тука една емисиja за това и интерву со човека.
http://vbox7.com/play:e642cc43&start=732&r=emb
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Колку што знам, не е само овој човек туку има уште еден во Бугарија. Значи за два лека се работи: првиот се базира на билки, вториот на нано-дијаманти.

Ја поздравувам иницијативата да се интернационализира проблемот. Не смее да се дозволи бирокртијата да го скрие или уништи лекот.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
ако се сака да се популаризира лекот (кога веке продажба и одобрение не се можни) зошто не се објави рецептот за негово правење...
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Колку што разбрав (не работи линкот баш најдобро), човеков бара пари.

Под претпоставка дека е вистина тоа што го тврди, вреди да се контактира, да се оди на хуманост.

Пари ќе се соберат некако, иако не се знае за какви суми се работи.

Бидејчи човекот е разочаран, суетен и крајно циничен, тука помага само поголемо име односно имушен човек да влезе и да матира за општо добро.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Одлична е темава, но не мислите дека е подобро да ја префрлиме во здравје?
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Еве уште една статија од претходниот ден во нова Македонија, во бугарија дури и има здружение кое се залага за овој лек да биде регистриран. Некои жени кај кои овој лек делувал се членови на ова друштво.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61610859514&id=9&setIzdanie=22009

Интересно е, јас помислив дека целата работа е за тоа да му биде одземено неговото дело односно да се регистрира како лек но, тој да се прикаже како дело на друг лекар, но мала е веројатноста. Човекот веќе некое време престанал да го произведува лекот.
Тук исто имаше полемика дали е нормален този лек или не,дали е изпитуван некога во лабораторни услови или не. Се уште има спорове.
Во едно од тие статии на нова македонија, пише дека во австија научниците го испитувале лекот и докажале дека е не токсичен односно дека не е штетен за човек.
 
D

D_NazGUL

Гостин
Лек за рак - Абе ајде!
Тоа е златна кокошка бре еј, мислите дека немаше до сега некоја фармацевтска куќа да го купи.
Иди бре ...
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
што е подобро за СОНИ? телевизорите да му траат 50 или 10 години?

продажбата на ублажувачи, скапи третнмани и намален животен век од економска гледна точка е поисплатлив, јас не би ја колел златната кокошка,


односно не би произведувал и продавал лек кој чини 1000/10.000 евра кога можам да заработам 100.000 на неуспешни лечења и уште 100.000 по основ неисплатена пензија
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
што е подобро за СОНИ? телевизорите да му траат 50 или 10 години?

продажбата на ублажувачи, скапи третнмани и намален животен век од економска гледна точка е поисплатлив, јас не би ја колел златната кокошка,
Тоа е тоа ..
затоа и вакви работи (не велам дека ова погоре е лек но можеби помага) се маргинализираат и не се прифаќаат и финансираат со поанатамошни истражувања ..
Се е пари ... а ако има Лек тогаш нема пари ... парите се во како шо кажа, третмани, ублажувачи итн ... но не и во Лекови кои лечат ...

--- надополнето ---

има по интернет многу алтернативни лекови ... (за кои не велам дека лечат, но којзнае, а помагаат сигурно) но сите тие како и овој се маргинализирани ...
а има и сведочења за нив ..

Dichloroacetic Acid (DCA)
Essiac чај ...
Hemp Oil ..
и некои други ... имаше и еден италијанец доктор кој велеше дека Ракот е на база на Фунги .. и успеал и лечел со помош на сода бикарбона со терапија колку како и каде да се нанесува ...

пак ќе речам не тврдам дека погоре споменатово е Лек .. но премногу сведоштва има за да се маргинализира туку така и отфрла .. и да не лечи сигурно помага .. можеби и некој алтернативен начин да биде замена за мачната хемотерапија и другите скапи третмани ... но знаеме дека фармацијата тоа нема да го дозволи .. се работи за профит .. исто како таканаречениот свински грип ..

ПС: можеби темава е добро да биде „Лек за рак? - Алтернативи“ па да може да се додаваат повеќе начини кои спаѓаат во алтернатива...
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Лек за рак - Абе ајде!
Тоа е златна кокошка бре еј, мислите дека немаше до сега некоја фармацевтска куќа да го купи.
Иди бре ...

Едногодишна цитостатска хемотерапија чини 50.000 евра минимум, така што на фармацевските куќи им се исплаќа да продаваат цитостатици со години, наместо ефикасен лек против ракот, кој би бил многу поевтин.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Здружението од Пловдив што се бори за регистрација на „антималгноцитот“ во Бугарија, меѓу десетиците случаи на излекувани со лекарството на Продан Христов ги наведува и следните сведоштва:

На средовечниот Николај Тошев од Софија, во 1999 година му дијагностицирале малигнен меланом. Било утврдено дека станува збор за рак кој бргу се развива. Ракот почнал да му создава рана што гноела. Тошев не употребил никакво друго лекување, туку веднаш почнал со третманите на Христов. Го употребувал неговото лекарство година и пол. Денес, тој е здрав и жив и не се стеснува во јавноста да го изложи својот случај како класичен пример чиј среќен епилог не може да се објасни на друг начин, освен со дејството на лекарството на Христов,

Меѓутоа, токму начинот на кој тој постапил ги плаши онколозите: како да му понудат на пациент кај кого е дијагностициран рак, евентуално да се откаже од хемотерапија и зрачење, а да примени средство за кое тие немаат документација која ја сметаат за потврда дека „антималигноцит“ навистина лекува. Ним можете да им ги наредите сите излечени пред врата, ама тоа нема да промени многу. Тоа што за нив е потребно е лекарството или препаратот (кој како сака нека го нарекува), под итно да влезе во клиничка процедура. Особено што лекарството на Христов ја исклучува примената на хемотерапијата. Таа ги блокира раковите клетки, а на „антималигноцитот“ му се потребни клетки во растеж за да може да дејствува. И во Македонија постојат препарати базирани на билки, кои се регистрирани од Бирото за лекови и кои можат да учествуваат во борбата со ракот, но тие не исклучуваат ни еден од методите на класичната медицина и служат како помошно средство. Во овој случај, тоа не е можно и очигледно тоа е каменот на сопнување барем за некои од бугарските онколози. Но од друга страна, списокот на излечени постојано притиска и потсетува дека има случаи кога класичната медицина била поразена од тревки и од луѓе кон кои таа гледа со понижување.

Кај Марија М. од Црвен Брег, во 2004 година кога била на деветгодишна возраст бил откриен тумор на мозокот, хистолошки докажан како астроцитом. Девојчето е оперирано во Александровата болница, при што туморот бил делумно отстранет, со остаток од 4 см. Следувала терапија со зрачење, но таа нималку не влијаела на туморот. Почнала лечење со „антималигноцит“, по што туморот исчезнал.

Румена Никола (46) од Варна имала рак на дојката. Исчезнал по терапијата на Христов.

На Б.М. од Пловдив му бил откриен рак на простата. Не применил никаква друга терапија. Денес е жив и здрав.

Богданка Бонева била шокирана кога пред неколку години и откриле рак на црниот дроб со метастази. Двапати и била вршена биопсија. Се лекувала осум месеци со извесни прекини поради проблеми при набавувањето на лекарството. Во почетокот на годинава излезе пред камерите на една бугарска телевизија. Објаснуваше дека метастазите и исчезнале и почнало да се појавува здраво ткиво. На црниот дроб останала дамка од 6 см, за која Христов и рекол дека како последица на лечењето на ракот, околу него се создало нешто како капсула, односно дека станува збор за мртва материја која не може да му наштети на организмот. Најбитно е дека добро се чувствувам, вели Бонева.

Кај Јорданка Баева од Пловдив, во 2003 година бил откриен рак на желудникот со метастази. Била оперирана, по што не преминала на зрачење или хемотерапија (не дава податоци дали таква била лекарската сугестија или самата се откажала од нивна примена) и почнала да се лекува со „антималигноцит“. Во 2004 година одново и откриле рак на желудникот, овој пат со метастази на белите дробови. Лекувана е повторно со истиот препарат.

На Емилија Жељаскова од Пловдив, во 1997 година и дијагностицирале левкоплакија на грлото на матката. Лекарите и предложиле оперативно отстранување на матката. Одбила и се лекувала со помош на Христов. До денешен ден нема никаков проблем.

Дијана Михалева од Варна, во февруари 2005 година дознала дека има инфилтративен плескоклеточен карцином. Била оперирана, по што продолжила со „антималигноцит“.

Кај С.С.Н. од Велико Трново, на 17 години при магнетна резонанса била утврдена туморна формација со димензии 52/40 мм. Оперирана е од пилоиден астроцитом во 2-3 степен. По операцијата лекарите предложиле зрачење, но родителите одбиле. По нивна иницијатива, лечењето продолжило со „антималигноцит“. На следната контрола била утврдена лезија со размери 15/14 мм, а при контролен скенер на 30 јуни 2009 година отсуствувале какви било податоци за постоење на лезија. Детето и денес е добро, тврдат од здружението „Антималигноцит“.

М.Б.С. од Сливен, во 1998 година, на 14 години бил опериран, а потоа подложен на зрачење. Четириесет и пет дена по зрачењето состојбата му се влошила. На 13 мај 1999 година бил утврден рецидив со димензии 5/6/7 см. По иницијатива на родителите шест месеци се лекувал со „антималигноцит“. Денес е на 25 години без какви било податоци за евентуален рецидив.

Ова се само дел од случаите чии досиеја ги собрало здружението. Велат дека има многу повеќе излечени, меѓу нив и врвни лица од бугарската политика, но мноштвото од тие сакаат да молчат.

Меѓутоа, наспроти нив, има и случаи кои не завршиле среќно. За нив може да се дознае преку интернет-форумите, каде што нивни роднини ги изнесуваат примерите. Најупорна е една девојка, која тврди дека нејзиниот свршеник кога чул за Христов, се откажал од класичното лечење, а потоа во последните денови од својот живот се проколнувал самиот себеси за таквата одлука.

„Мојот свршеник најпрво се чувствуваше добро. Но по 3-4 месеци буквално пропадна и веќе беше фатално доцна. Лекарите ни рекоа дека дополнителното ‘поткиселување’ на организмот довело до многу бргу ширење на ракот“, раскажува девојката. Таа тврди и дека на реакциите до обвинителството на Бугарија, стигнал одговорот дека тие самите го зеле препаратот и си ги сносат последиците од тоа, што е доста неиздржано и наивно објаснување.

За жал, можноста човек да се увери во веродостојноста на таквите примери е доста ограничена. Сепак, кога ќе прочитате дека една мајка го изнесува случајот на нејзиното детенце кому лекарството на Христов не му помогнало, и ако не сакате почнува да ве подјадува црвот на сомнежот. И речиси е неверојатно дека една организирана држава, каква што би требало да биде секоја членка на ЕУ, досега не се потрудила да ја расчисти оваа дилема, која не е ограничена само во нејзините рамки. Ако ништо друго, барем за нејзините граѓани. Како што веќе споменавме во едно од претходните продолженија, Бугарија е на трето место во Европа по заболувања од рак.



(следниот број: Македонските власти и експерти за „антималигноцит“)

Во неколку продолженија ќе ја опишеме битката што изминатите месеци и години се води во Бугарија, а која според едни е поврзана со лекарството, а според други со препаратот наречен „антималигноцит“. Тоа е изум на Бугаринот Продан Христов, кој тврди дека средството е универзален лек против ракот и дека со него спасил стотици отпишани луѓе. Овие редови немаат за цел никому да дадат лажна надеж, зашто „антималигноцит“ веќе извесно време не се произведува и не може да се набави, туку е обид да се интернационализира еден проблем во чија заднина можеби се крие спасот за многу болни
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
utopija ili zemja narecena Dembelija..sekoj obicen covek toa bi go posakuval AMA...da nema vojni..da nema bolesti..da nema siromastija ili izgladnetost do smrt..za 50 godini planetava nema ni da moze da gi izdrzi vo nikoj smisol 50 milijardi narod..e sea.....
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
ДАЛИ НЕКОЈ ЗНАЕ КАКО ДА СЕ СТАПИ ВО ВРСКА СО ПРОДАН ХРИСТОВ?

СЕКОЈА ПОМОШ Е ДОБРОДОЈДЕНА!

 

Kajgana Shop

На врв Bottom