Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
бидејки имаме Бугари на форумов се надевам ке дообјаснат бидејки подобро се запознаени со случајот
од аспект на пари и политика лекот за рак е непрофитабилно и неинтересно решение.
Јас им давам лек против рак, тие ме плукаат!
Подобро никогаш да не се занимавав со овој проблем. За другите човек да си го жртвува животот, за другите, кои се неблагодарни, кои не признаваат, мислам дека тоа е глупаво - е една од последните изјави на австрискиот Бугарин Продан Христов, изумителот на лекарството со кое излекувал илјадници луѓе од различни видови рак
Во неколку продолженија ќе ја опишеме битката што изминатите месеци и години се води во Бугарија, а која според едни е поврзана со лекарството, а според други со препаратот наречен „антималигноцит“. Тоа е изум на Бугаринот Продан Христов, кој тврди дека средството е универзален лек против ракот и дека со него спасил стотици отпишани луѓе. Овие редови немаат за цел никому да дадат лажна надеж, зашто „антималигноцит“ веќе извесно време не се произведува и не може да се набави, туку е обид да се интернационализира еден проблем во чија заднина можеби се крие спасот за многу болни.
Овој свет никогаш нема да се поправи. Додека човек е млад е идеалист, лета во облаците. Но потоа доаѓа времето кога ќе тресне на земјата со двете раце. Во секој случај, подобро никогаш да не се занимавав со овој проблем. За другите човек да си го жртвува животот, за другите, кои се неблагодарни, кои не признаваат, мислам дека тоа е глупаво, е една од последните изјави на австрискиот Бугарин Продан Христов, изумителот на лекарството со кое излекувал илјадници луѓе од различни видови рак.
Милиони луѓе во светот се соочени со страшната вистина за нивната болест. Најголем дел од нив нема да доживеат уште пет години за да бидат прогласени за излечени. Истовремено, човекот што во рацете ги има состојките за кои со главата гарантира дека лекуваат од рак, и тоа со нивно најобично орално пиење, без никакви токсични ефекти, јавно изразува каење што уште пред половина век воопшто почнал да се занимава со таа работа и смета дека е глупав што си го потрошил животот за да најде лекарство што светот не го сака.
- Пред неколку години, кога во Ирак убија пет наши луѓе, целиот врв на државата се нареди зад нивните ковчези и цела држава жалеше. Пет луѓе, за чии убијци ништо не знаеја, освен дека се некои терористи. Јас имам поднесено барање до Бугарија за регистрација на „антималигноцитот“ уште во 1992 година и досега немам ниту позитивен, ниту негативен одговор. Нека ги наредат сега сите ковчези на Бугарите умрени од рак од 1992 година и нека го стават зад секој од нив убиецот што е познат - ракот. Зошто не го направат тоа - прашува Христов.
Денес тој е 87-годишен човек. Роден е во 1923 година во село во околината на Карлово. Неговиот брат заминал за Австрија во 1942 година. Продан тргнал по него во 1955 година. „Од почетокот имав проблем, бидејќи тешко ми оди со странските јазици. Но полека се навикнав и дури можев и да читам“, раскажува во книгата „Откриено е лекарство за ракот“, издадена уште во 1995 година, базирана на интервју што со него го направил Трајчо Велчев.
Наскоро се запишал на медицина, а животна цел му била да открие средство за подмладување.
- Сакав да го свртам процесот на стареење на клетката - вели Христов.
Завршил седум семестри, а потоа ја оставил медицината и се свртел кон биохемијата. Во тоа време весниците во Австрија постојано пишувале за ракот како еден вид епидемија. По сугестија на брат му, ја оставил својата страст за препарат за подмладување и се свртел кон канцерот.
- Имав во главата дваесетина варијанти. Сакав да ги пробам и ако успее некоја од нив, добро, ако не, да ја оставам таа работа - се сеќава Христов.
На 31 декември 1959 година, точно во 18 часот, по стотици експерименти, бил сигурен дека има средство што дејствува кај ракот на животните. Но тоа не значело ништо.
- Има многу случаи кога некои состојки дејствуваат на животните, а кај луѓето апсолутно не - раскажува Христов.
СТО И ПЕДЕСЕТ МИЛИОНИ ШИЛИНЗИ ОД ШТАЕРСКА
Така почнала одисејата на некогашното селанче од околината на бугарско Карлово, со австриските и германските лекари и австриските и германските здравствени институции. Каде и да се свртел му барале да го мине филтерот на Институтот за рак во Австрија, каде што пак биле заинтересирани за изумот, но под услов да го имаат во свои раце. И тоа се покажало како клучен проблем врз целата натамошна иднина на „антималигноцит“.
Во меѓувреме тој успеал да добие официјален документ дека неговиот изум не е токсичен (потоа уште три пати добивал официјална потврда за тоа), што значи дека не може да му наштети на човечкиот организам. Лекарот што го спровел првото истражувањето за токсичност го поврзал со негов пријател, д-р Доберау, кој водел дом за стари лица, меѓу кои имало и болни од рак. Тој се согласил да го примени изумот и првиот случај бил кај пациент чие дебело црево речиси било затворено од тумор. По три недели констатирале дека туморот во голема мера е распаднат. Тоа бил првиот успех кај човек, по што работите се придвижиле.
Следувала соработка со д-р Ерих Берга, човек што бил лекар и во Втората светска војна и чии методи биле доста војнички. Во еден случај му давал на пациент толку големи дози што тој за три дена умрел, но се покажало дека за тие три дена се распаднале сите клетки на ракот. Истовремено, на здрав човек му вшприцувал и по 40 г од лекарството и немало никакви проблеми. Сето тоа помогнало попрецизно да се одредат потребните дози за лекување, а Берга бил толку уверен во делотворноста на лекот што на еден конгрес неговото значење го споредил со пеницилинот.
„Откритието на ‘антималигноцит‘ може да се спореди само со откритието на ‘пеницилинот‘“, им соопштил Берга на колегите. Следувала соработка со други болници, но и константни опструкции, кои се зголемувале пропорционално со успешноста на третманот. Христов одбил да им ја даде формулата на низа фармацевтски куќи, меѓу нив и на американската „Мерк“ и германската „Баер“, откако сфатил дека тие се обидуваат да го измамат. Потоа работел во клиниката „Франц Јозеф“ крај Виена, каде што првиот излечен пациент бил со тумор на јазикот. По лекувањето, на местото на туморот што го снемало се отворила таква дупка што јазикот морало да биде зашиен. При операцијата биле земени примероци од сето околно ткиво и се покажало дека нема никакви остатоци од болни клетки. Сепак, и тоа не било доволно Христов да биде задржан на клиниката. Подоцна, Владата на Штаерска му одобрила 150 милиони тогашни австриски шилинзи за нова клиника, но и тоа се изјаловило. Оттаму бил повикан во клиника во Германија, каде што лекувал 1.053 пациенти и кај 82 отсто од нив имал што делумен, што целосен успех. На крајот успеал да отвори своја клиника во Германија, за сето тоа да заврши со отказ на гостопримството од страна на германските власти, иако мотивите за тоа не биле поврзани со успехот на лекувањето.
СЕЕДНО МИ Е!
Оттогаш се поминати дополнителни триесетина години. Можно ли е за сето тоа време човештвото да го имало лекот за рак в раце? Самиот Христов вели дека тоа би завило во црно многу фармецевтски компании и би оставило без работа илјадници луѓе. Дури и пензиските фондови немаат интерес да се најде лек за ракот. Замислете ги нивните трошоци доколку бројката од 20.000 мртви на ден во светот како последица на ракот се преполови, а животниот век на тие луѓе се продолжи за пет или 10 години.
Барањето на Христов за регистрација на лекот чека во бугарската агенција за лекарства. Во меѓувреме им помагал на луѓето што по факс или лично во Виена ќе му го доставеле нивното досие, сé до пред неколку години, кога конечно кренал раце од сé.
„На сила да принудувам некого да му дадам живот, да се излекува, а на крајот тој да ме исплука, тоа веќе не оди“, вели Христов во емисијата на една бугарска телевизија, чиј автор е д-р Неделја Штонова, која и самата е специјалист-невролог. Еден од факсовите што му биле испратени, а кој Штонова го наведува, е тој од октомври 2008 со документацијата за рак на дебелото црево, со метастази на црниот дроб на 24-годишната Росица, која подоцна починала. „Вие сте нашата последна надеж“, напишале нејзините родители. За жал, Христов уште тогаш имал прекинато со производството. За многумина тоа е несфатливо. Но освен староста, која полека го стигнува, причината за тоа веројатно треба да се бара и во следните негови зборови:
- За да го постигнам ова, јас се откажав од семејство, од жена и од деца. Сам сум, но ја постигнав целта, сеедно што другите не го признаваат тоа, наспроти милиони луѓе што работат за пронаоѓање лек за ракот, без да имаат каков било прифатлив успех. Но сега за мене сé е безлично. Јас пропуштив многу работи во животот заради ова и тоа за мене е проблем. Така што, јас сум стигнал до тоа ниво кога веќе ми е сеедно.
Ракот како Хитлер
За 2007 година, предвидувањата на Американското друштво за канцер беа дека во светот ќе има 12 милиони нови заболени, од кои 5,4 милиони во развиените земји и 6,7 милиони луѓе во земјите во развој. Бројката на смртни случаи како последица на ракот за таа година е застаната на 7,6 милиони луѓе или 20.000 на ден, што безмалку е како да ги живееме деновите на Втората светска војна. До 2015 година ќе умрат 84 милиони луѓе. Бугарија е трета земја во Европа по бројот на заболени од рак. Во Македонија во 2007 година имало 5.800 нови заболени.
(Утре: Жестоки противници на лекарството на Христов)
Извор