Бугарија го крие лекот за рак

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Ова е без врска.
Нема ниеден пациент излечен од неговиот чудотворен лек, само приказни останаа, али тоа е народот сака да верува во вонземјани, чуда, распад на свет во 2012 година.
Па нека верува!
И само од тие останати приказни ти успеа да заклучиш дека никој не е излечен? Хмм.. :raz: Во право си, еве ја тебе ќе ти верувам и на тие што се на чело на здравствените институции, се гледа дека сте вистински загрижени за болните од рак. Yea right..
Си чул за жолти весници??? Оваа приказна е од таму. Иначе, Бугарија многу поевтино ќе ја кошта да лекува со "леков" отколку да троши пари на скапи радиотерапии, хемотерапии и ред други скапи медикаменти!!! Приказните за мафии се смешни.

А сега ексклузивно само за читателите на Кајгана :)

вуала, составките на антималигноцитот

АНТИМАЛИГНОЦИТ

С'став:
1 шишенце от 5 мл. с'д'ржа 500 мг. Херба-ацид (активна субстанција от Пеониа Официналис и Фербаскум тапсиформе), св'рзана с химически с аминокиселините: Глицин - 50 мг., L-Аланин - 37,5 мг., L - Валин - 47,5 мг., L - Серин 47,5 мг., L - Цистеин 50,5 мг., L - Аспарагинова киселина - 55 мг. В случаја аминокиселините служат за пренасјане на лечебната субстанција в клетките.
Антималигноцит има pH = 1,5.

И не, не сум Продан Христов.

Од биохемиска гледна точка овие аминокиселини би овозможиле само да го убрзаат процесот на разможување на ракот.
Ајде сеа клуч на темата и доста приказни за мали деца.
Мене па ми се смешни луѓето што слепо им веруваат на владите и институциите. Само незнам дали се стварно слепи или така им наложува функцијата.
И така ти како "експерт" применувајќи "стручна" анализа, ни докажа дека ова не само што не е лек, туку и му помага на ракот да се развие. A ova dole? :tapp:

Во меѓувреме тој успеал да добие официјален документ дека неговиот изум не е токсичен (потоа уште три пати добивал официјална потврда за тоа), што значи дека не може да му наштети на човечкиот организам.
Берга бил толку уверен во делотворноста на лекот што на еден конгрес неговото значење го споредил со пеницилинот. „Откритието на ‘антималигноцит‘ може да се спореди само со откритието на ‘пеницилинот‘“, им соопштил Берга на колегите.
Во право сте, имам потполна доверба во лековите што ги пие мајка ми. Е сеа, може попатно и' го сјебаа респираторниот систем, тироидната и срцето, ама јбг, не може и волкот сит и овците на број, нели?

Луѓе, ако некој дознае како да стигне до леков (real or fake), ве молам нека пише. Веќе изгубив еден близок, не сакам да се случи пак.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.289
И само од тие останати приказни ти успеа да заклучиш дека никој не е излечен? Хмм.. :raz: Во право си, еве ја тебе ќе ти верувам и на тие што се на чело на здравствените институции, се гледа дека сте вистински загрижени за болните од рак. Yea right..
Мене па ми се смешни луѓето што слепо им веруваат на владите и институциите. Само незнам дали се стварно слепи или така им наложува функцијата.
И така ти како "експерт" применувајќи "стручна" анализа, ни докажа дека ова не само што не е лек, туку и му помага на ракот да се развие. A ova dole? :tapp:

Во право сте, имам потполна доверба во лековите што ги пие мајка ми. Е сеа, може попатно и' го сјебаа респираторниот систем, тироидната и срцето, ама јбг, не може и волкот сит и овците на број, нели?

Луѓе, ако некој дознае како да стигне до леков (real or fake), ве молам нека пише. Веќе изгубив еден близок, не сакам да се случи пак.

Тестиран е лекот и докажано е дека нема ефект, ти разбираш или не разбираш???

Сега тоа што сакаш да веруваш на новинари кои врска немаат од медицина и кои бараат на секаков начин сензација, тоа е друга работа.
Имам контакти со болни од рак скоро секој ден и сум добро запознат со приказнава од прва рака.
Дури и на самата интернет страна пишува дека лекување на рак без операција не е препорачливо!!! (што кажува многу добро за каков "лек" станува збор)
 
Dr.Zizou

Extra-Maximum
Член од
27 октомври 2008
Мислења
60
Поени од реакции
2
Професор по Фармакологија, бугарин, на лекција ни зборуваше за антималигноцитот уште мноогу пред да добие толкав публицитет.Леков е предклинично тестиран во лабораторија на Bayer.Тој во почетокот не ги давал состојките на лекарството, но само еден полеп по неизмиена епрувета е доволна за таму да му го "прочитаат" лекарството до најмалата молекула.И тој рече дека токму и тоа е направено.Го чекаат да умре за да може Bayer да го регистрира (или скрие) лекарството - зависи од проценката за профит се разбира.....Има и уште нешто а тоа се вика Европска Лекарствена Комисија.Таму лекарствата се тестираат во практика врз живи луѓе доброволци и се гледа ефектот,и за да биде регистрирано треба ефектот да е најмлку со ист или подобар ефект спореден со лекарствата од истата група . И САМО со нивен благослов лекарството може да виде бел свет и да излезе на пазарот....Тука работата се кочи од Христов кој несака да го даде лекарството на тестирање и незнам од која причина....Тоа е тоа....
 
Убава теорија ви кажал професорот, али истиот тој Христов низ Бугарија го дава лекот на пациенти и нема некаков ефект.
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Тестиран е лекот и докажано е дека нема ефект, ти разбираш или не разбираш???

Сега тоа што сакаш да веруваш на новинари кои врска немаат од медицина и кои бараат на секаков начин сензација, тоа е друга работа.
Имам контакти со болни од рак скоро секој ден и сум добро запознат со приказнава од прва рака.
Дури и на самата интернет страна пишува дека лекување на рак без операција не е препорачливо!!! (што кажува многу добро за каков "лек" станува збор)
Претпоставував дека е така. Извини ако реагирам побурно од што треба ама сум прилично емотивен на темава.
Работата е што по сама логика, на здравството не му одговара да биде ефикасно. Поголема ефикасност>помалку пациенти>помалку работни места>поголема сиромаштија. А не верувам дека некој што учел прилично голем дел од животот да стане доктор, лесно би се помирил да остане без работа.
Но, да не се разбереме погрешно, не велам дека медицинските лица се тие кои свесно лажат и дозволуваат секакви болести да косат народ. Ама тоа го прави некој дебел газ таму на врвот на светските здравствени организации кои контролираат се' што може да се контролира и без нивна дозвола ниеден лек не може да добие дозвола за употреба. А особено е сомнително што секоја идеја што има потенцијал да спаси многу луѓе, тие се обидуваат да ја откупат/присвојат. Можеби тоа не е овој ''лек'', ама сум прилично сигурен дека некој го има, а тие го кријат со сите сили.
Најстрашно е што луѓето бавно умираат, а притоа не знаат на кого да веруваат. Па често се изманипулирани и ограбени од демек доктори и спасители, каков што можеби е, а можеби и не е оној што го дискутираме на темава. And u can't blame them, right?
 
Болните од рак се лекуваат безплатно, што значи државата плаќа. Тоа секоја држава ја кошта многу пари!

Во интерес на секоја држава е да има здраво работоспособно население кое со својот труд и преку плаќање даноци ќе придонесува за развој на општеството.

Теориите на заговор се навистина без никаква логика во овој случај.

За болдираното (ах тој ВМРО и СДСМ што прави значи тоа е чудо) ова е пологично = Поголема ефикасност>повеќе население>поголема шанса за потенцијални нови пациенти заболени од нови болести.
 
Државата ја кошта пари, пари кои доаѓаат од буџетот. А буџетот најмногу се полни од богатите, што по default значи дека државата е зависна најмногу од нив (или во најмала рака, ќе гледа најмногу да ги заштити нивните интереси). Како и да е, не се работи за државни, туку за ПРИВАТНИ интереси.
И да, се сложувам, во интерес на секоја држава е да има здраво работоспособно население кое со својот труд и преку плаќање даноци ќе придонесува за развој на општеството, но само онолку здраво работоспособно население колку што државата има работни места да понуди. А факт е дека нема за сите. Вишоците (невработените) што остануваат не се од никаков интерес за државата, само се нејзин терет (социјална помош итн.), а уште помалку и' e интерес баш тие лица ефикасно да ги лечи - што автоматски значи дека ќе бидат на нејзин терет подолго време.
Битно е, државата не се стреми кон подобро општество, туку кон заштита на интересите на моќниците. Тие ги имаат сите благодети, па дури и повеќе од оние што би ги имале во рамноправно општество. За нив е најдобра опција да се одржува ваквата ситуација што ја имаме денес, а од тоа не е исклучок ни здравството.

Можеме многу да дискутираме ама мислам дека сме малце офтопик. Whatever, ѕирни ги серијалите Zeitgeist за да ме сфатиш подобро. Во случај да си ги гледал, не, не ми се мене од таму мислењата, ги имав многу пред тоа и се базирани чисто на она што го гледам и на логика.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

На своја кожа да установиш дали е бесплатно би било најдобро...
 
Објасни државата чиј интерес штити! биди конкретен и образложи не туку лупетај општи приказни!
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Болните од рак се лекуваат безплатно, што значи државата плаќа. Тоа секоја држава ја кошта многу пари!

Во интерес на секоја држава е да има здраво работоспособно население кое со својот труд и преку плаќање даноци ќе придонесува за развој на општеството.

Теориите на заговор се навистина без никаква логика во овој случај.

За болдираното (ах тој ВМРО и СДСМ што прави значи тоа е чудо) ова е пологично = Поголема ефикасност>повеќе население>поголема шанса за потенцијални нови пациенти заболени од нови болести.
Да да бесплатно. Само еден скен да направиш, а мораш да го направиш приватно пошто во државна ке чекаш 3 месеци , ако имаш рак најверојатно ке умреш до тогаш, и цената приватно е околу 12 000 денари.Треба уште 2-3 пати скен да правиш кој ке те кошта истата цена. После тоа докторите онколози ли како се викаат ти "препорачуваат" лекче кое кошта само 3000чиња а кое трае месец дена а го конзумираш нон стоп дур ти траат сесиите на озрачување, значи одприлика 6-7 месеци.А ке те докрајчи тоа што твоите немаат пари за да ги задоволат основните човечки потреби камоли да дадат за некое си сирупче 3000ки. Ај тоа ке се плати некако,ке се позајми од роднини, некој ке поклони некој денар, ама сите нервози и тешкотии не може да се исплатат со ниедна пара, или пак во најлош случај губење на човечки живот.
Ако човеков го има вистинскиот лек за рак, тогаш веднаш треба да се направат контакти од страна на државата.
Ке им се скратат маките на многу ФАМИЛИИ, бидејки фамилијата страда исто толку колку што и болниот за време на неговата болест.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
тоа би завило во црно многу фармецевтски компании и би оставило без работа илјадници луѓе. Дури и пензиските фондови немаат интерес да се најде лек за ракот. Замислете ги нивните трошоци доколку бројката од 20.000 мртви на ден во светот како последица на ракот се преполови, а животниот век на тие луѓе се продолжи за пет или 10 години.
Со оваа реченица има кажано се’. Парите го вртат светот, да не беше така досега многу далеку ќе бевме стасани.
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Еве ти погоре од Darmon да видиш колку е "бесплатно" лекувањето. Само да го дополнам тука и превозот што го плаќаш трчајќи од матичен до државна болница и чекањето саат време само за да земеш лекови. За психички последици да не зборам.
Во однос на лекувањето, во случајот на мајка ми има 2 вида лекови, Tamoxifen и Femara. Вториве се околу 10 пати поскапи од Тамоксифен. Aј погоди кои и' ги препишаа на мајка ми. А еве ти најчести side-effects од користење на Tamoxifen:

What are some of the more common side effects of tamoxifen?

The known, SERIOUS side effects of tamoxifen are blood clots, strokes, uterine cancer, and cataracts (see Questions 5–8). Other side effects of tamoxifen are similar to the symptoms of menopause. The most common side effects are hot flashes and vaginal discharge. Some women experience irregular menstrual periods, headaches, fatigue, nausea and/or vomiting, vaginal dryness or itching, irritation of the skin around the vagina, and skin rash. As with menopause, not all women who take tamoxifen have these symptoms. Men who take tamoxifen may experience headaches, nausea and/or vomiting, skin rash, impotence, or a decrease in sexual interest.
Извор: http://www.cancer.gov/cancertopics/factsheet/Therapy/tamoxifen

Ебате лекот! Мање-више ефикасен ко на докторов од Бугарија, не? А за Femara богами ќе треба или да скршиш нечиј заб, или да поткупиш нечиј г'з, па макар и сестра на шалтер, бидејќи во спротивно се однесуваат како лично тие да ти ги купуваат лековите. Се прашувам зошто (демек незнам).
Објасни државата чиј интерес штити! биди конкретен и образложи не туку лупетај општи приказни!
Хмм.. :raz: Јас имам добра причина да бидам емотивен, но ме чуди која е твојата. Можеби немање аргументи или пак капацитет за логичко расудување?
Објаснив доволно добро (за почеток), а и ти препорачав 3 филма каде е многу убаво објаснето. Можеш и Sicko да го ѕирнеш. А и Google да употребиш. Откако ќе го направиш тоа се надевам дискусијата ќе продолжи на цивилизиран начин како што доликува. Толку од мене.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.289
Можеби немање аргументи или пак капацитет за логичко расудување?
Објаснив доволно добро (за почеток), а и ти препорачав 3 филма каде е многу убаво објаснето. Можеш и Sicko да го ѕирнеш. А и Google да употребиш. Откако ќе го направиш тоа се надевам дискусијата ќе продолжи на цивилизиран начин како што доликува. Толку од мене.
150 денара лекарство е многу? Океј

Велиш дека јас немам аргументи.
А те прашувам повторно, и те молам да не просветлиш со твоите знаења која фирма има интерес? Што направила за да не се крши нејзиниот интерес?

Која е подобрата варијата според тебе која е загрозена од тој интерес?
Каков е твојот предлог за лечење на раково болните?

Едноставно кажи што треба да се прави!!!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Не знам дали е делотворен или не по сосотојките...имал ли некој од вас познат кому бугарскиот лек му помогнал барем малку? Дали може негде да се нарача и колку чини?
човек кога ќе испроба се, се надева и на воздух, посебно кога званичната медицина ќе наидат на ќорсокак
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Треба да се даде шанса, кога веќе има толку алтернативни а слабо ефективни методи за лекување.

Патем за трошоците. Не ми е јасно зошто болните од рак не се ослободени од партиципација за крвни анализи. Најчесто после зрачење има потреба од чести проверки на крвта, а не се ослободени луѓето како што е случајот со некои други релативно побанални болести.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom