Kaј мораше овој Милито белец да се погоди...
Марига на сите утакмици до сега беше подобар од Милито, ама е најмногу критикуван. Еве и денес има истомисленици на Бранце Марига бил најслаб, па и оној гостинот на крај марига најслабо изиграл. Еве јас ќе кажам, денес Марига беше подобар од Занети, Камбијасо, Милито ама он пак е крив, што да правиме.
Ајде да почнам од почеток.
Легендана Илчо(мислам така се викаше) има муда човекот, ти да кажеш на Тв дека Интер треба да е среќен ако биде меѓу првите три екипи, треба да немаш поим од Италјански фудбал. Кој ќе биде пред Интер, Милан со реално едно засилување сезонава Ибра, и квалитетна замена за Роналдињо и Пато поточно Робињо. Не ми се верува сите одеднаш да играат. Рома со наркоман како Адриано, плус оваа година играат во ЛШ, а кога е така секогаш се слаби во првенсто, плус почнаа стандардно слабо. Ништо подобри не се ни Јуве, иако барем мислам дека оваа година ќе бидат далеку поконкурентни од лани.
Значи од овие што беа во студио никој не гледа Калчо, па добро бе луѓе што е сосема различно во позицијата на Пандев оваа година од лани со Мурињо а слична со таа во лацио.?????? Или може го гледаа Интер лани само со Челзи и Барса кога пандев играше на различна позиција.
За утакмицата, добро почна, ама ни го шибнаа од слободен, кој за мене тешко се бранеше. За останатиот дел од натпреварот, ќе речам стандардно за Интер. Секоја година имаме ваква игра, дури некогаш и полоша. За мене ништо ново.
За понатаму мислам дека мора да има промени во формација. Реално напаѓачи се само Милито, Ето и ПАндев. Биабиани не го сметам за квалитетна алтернатива, барем до сега не видов ништо посебно од него. Значи не може првата тројка напаќачи да игра истовремено а на клупа алтернатива да биде Биабиани. До сега мислам не сме преминале во 4-3-1-2 само заради повредени играчи, пред се Мота и Станкович. За мене вака ќе биде најдобро.
Цезар
Мајкон Лусио Самуел Киву/ Сантон
-------------- Камбијасо
Мота/Станкович Занети
----------- Снајдер
------------Милито Ето