За мене лично, стадионот засега супер (многу поарен од ко шо беше), го чекав отварањето, па то со директен пренос на МТВ, и само после 2-3 мин. се разочарав и се налутив. Не за изгледот на стадионот, туку очекував неколку доста битни работи да видам:
1. Полн стадион
2. Отварање (тоа испадна колку да се речи)
3. Ревијален или официјален натпревар
Прво шо ме изнервира беше то шо стадионот беше сосема празен а беше собрана цела влада и нивните фамилии, роднини и пријатели, шизикот (новинарот од Канал 5) шо беше водител на манифестацијата за отварањето, се обрати во почетниот говор кон сите спортски работници, тимови во мк, навивачки групи итн. итн. а пред него само 100-тина души како што реков влада и компанија...Значи очекував полн стадион отворен за сите љубители на спортот, добра програма и организација. После втора работа исто така што ме иритира многупати е шо химната ја пејат некои оперски пејачи или било кој пејач и то на суво и се лигават, мене тоа екстремно ми смета и му е навистина глупо. Абе пушти си златна химна на плеј-бек шо се вели, да грми и да личи на нешто а не вака некој/а да ја развлекува како шо ќе му прдни.
Да ме потсети дека сепак е ова Македонија, уште на почетокот во најавата имаше прекин на аудиото, па така кажаа за почетокот на градбата во касните 70-ти години, мислам дека беше '78, ама нема врска тоа, па имаше 1-2 мин затишје па се продолжи со сторијата....
После то, новинарчето на Канал 5 го испофали стадионот и рече дека е најмодерен на Балканот но и во Европа!!! (па добро, дали тој беше свесен шо кажва, дали ги нема видено европските стадиони, мислам хелоооооооооууууу, башка подобар од Алианц арената, мислам стварно....)





Зборна премиерот, фрлија огнометче и си ојдоја...и толку, сега стадионот е отворен. Со среќа.
П.С. Мојата замисла, како шо кажав со полни трибини, присуство на сите личности што нешто значат во спортот, особено во фудбалот, голем број на навивачки групи на трибините и за денес ревијален напревар од нашите сегашни и поранешни фудбалери, пр. МК А репрезентација - МК Легенди т.е повлечени фудбалери, Христов, Бабунски, Калц, Најдовски Канатларовски.... и се ќе беше како шо треба, мислам отварање на фудбалски стадион без да биди одигран фудбалски натпревар...некако не штима, ама кај нас се е можно па тоа и се случи. Да не го должам многу, поправен на мечот со Ирска, со огромен минус за денес.