„Филип Втори“ ќе биде готов до крајот на годината

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
^ Абе јас повеќе од се би сакал во моментов Вардар да е таква екипа која ќе биде способна да го полни стадионов на секој домашен меч, па на него да одигра многу меѓународни мечеви итн. Арно ама реално Вардар во моментов е светлосни години од моиве желби. Стадионов евентуално ќе може да го наполни само репрезентацијата и тоа при некој дуел со екстра противник и при нормални цени на картите.
Можеби за 2-30 години, а сега ќе се наполни ако играме со Шпанија и ако дојдат со прв тим и картите бидат 100 денари ..
 
За второлигашот Вардар, со 200 гледачи по натпревар, срамота , а стадионот во Тетово просечно над 5000 гледачи по натпревар , без никаква инвестиција.
Знаат ли тие дека има и други градови.

Ќути бре. :kesa:


Стадионот е за репрезентацијата и за нашиот фудбалски симбол Вардар,се надевам што поскоро ќе се врати на старите патеки и ќе го полниме Филип 2-ри.
 
Истокот и Западот на „Филип Втори“ без посебни влезови!

Моментно се работи на сепарација на најновите трибини од јужна и од северна за мечот против Република Ирска на 4 јуни

Сашко Ѓ. Димовски

Несфатлив пропуст на националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Верувале или не, меѓутоа, источната и западната трибина се подигнати без посебни влезови. Гаф, кикс, недоследност, аматеризам, превид или, пак, толку дозволуваат условите за градба во маркицата е нешто на кое може да гледа кој како сака, но факт е дека за најновите трибини на нашиот фудбалски објект не се предвидени посебни влезови што во секој случај е недозволиво и на што требало да се мисли на време.

Проблемот е воочен при неодамнешната посета на претходницата на Република Ирска во Скопје, која го подготвуваше теренот за гостувањето на нејзината репрезентација во Македонија на 4 јуни во квалификациите за Европското првенство во 2012 година. При скенирањето на сместувачките капацитети во македонската престолнина Ирците изразиле желба да го посетат и стадионот на кој ќе се игра натпреварот и условите за игра што ги очекуваат нивните фудбалери. Резервирале и билети за своите навивачи, им била посочена и трибината (Исток) на која ќе бидат сместени по што гостите, имајќи ја предвид безбедноста на фановите, прашале од каде ќе влегуваат. Им било кажано дека влез на источната трибина и на западната трибина е предвиден преку мостовите на јужна и северната на што веднаш негодувале и таквиот исказ го прифатиле со чудење. Реагирале кај домаќините и кај надлежните на стадионот, забелешката е веднаш прифатена и во моментот се работи забрзано на сепарација на источната трибина од јужна и северна за да се избегнат блиски средби меѓу домашните и гостинските навивачи и евентуални несакани последици.

„Сега се работи на одвојување на источната трибина. Таа ќе има посебен влез за мечот на 4 јуни. Тоа барање на Ирците ќе биде задоволено. Дали решението на кое во моментот сме фокусирани ќе остане трајно не сакам да прејудицирам. Како ќе биде потоа не можам да кажам“, изјави извор на стадионот чиј идентитет ќе остане анонимен.

Билетите од 100 до 300 денари, за Ирците 20 евра

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја одреди цената на влезниците за квалификацискиот дуел меѓу нашата репрезентација и Република Ирска на 4 јуни во Скопје за пласман на ЕП 2012. Сумата варира во зависност од секторот, па така за Јужната и Северната ќе се продаваат по 200 денари, 250 денари и 300 денари, билет за Западната трибина ќе чини 100 денари.

Источната трибина ќе биде отстапена на Ирците кои за влезница ќе издвојат по 20 евра.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=18DF1A2E0281434EA1A9E569A644B7F6
 
Не е само за Вардар и за Работнички е.
 
За второлигашот Вардар, со 200 гледачи по натпревар, срамота , а стадионот во Тетово просечно над 5000 гледачи по натпревар , без никаква инвестиција.
Знаат ли тие дека има и други градови.

Знаеш колкава е разликата помеѓу Вардар и инстант-кафе/кондом клубовите? Не кењај одма, пролистај малку, а не вака одма со твојата глупост да се докажуваш...

За реконструкцијата на вашиот стадион слободно прашај го господинот Беџети каде отишле парите. Од сите лопови само бате Ване колку-толку успешно и во вистинска намена ги потроши парите.

Инаку голем пропуст е ова со влезовите, му доаѓа исто како куќа без кенеф да се изгради...
 
За второлигашот Вардар, со 200 гледачи по натпревар, срамота , а стадионот во Тетово просечно над 5000 гледачи по натпревар , без никаква инвестиција.
Знаат ли тие дека има и други градови.

Не требаше да се направи градски?
Од кога е во сопственост на Вардар?
 
Доста бе кенкате, кога беше тиња стадионот, зашто беше тиња. Кога го изградија и кога изгледа преубаво, зашто го изградиле, не сме го заслужувале. Тоа што фудбалот ни пропаѓа, не значи дека и треба да се откажеме од него побогу.

Можеби (јас барем се надевам) ќе се подоправат работите, па ќе се врати публиката назад на трибините. Во секој случај, секоја држава треба си има пристоен стадион и ние си добивме пристоен стадион. Мене барем многу ми се допаѓа. Е сега мора увек нешто да се укака, како во случајов со влезовите, ама ова е Македонија - земја на чудата... ништо не ме изненадува повеќе.
 
Мене ми е да не е „несакајќи“ заборавено, ако ме сфаќате што сакам да кажам. Како што се дешава по улиците кога ги прават, ќе ги направат и после заборавиле дека цевки треба да се стават, па пак рушење па пак правење (за пари да се трошат). Грев ќе е да треба да рушат нешто :@
 
Мене ми е да не е „несакајќи“ заборавено, ако ме сфаќате што сакам да кажам. Како што се дешава по улиците кога ги прават, ќе ги направат и после заборавиле дека цевки треба да се стават, па пак рушење па пак правење (за пари да се трошат). Грев ќе е да треба да рушат нешто :@

Јас мислам дека е несакајќи, пошто за такви работи сме таленти. Од брзање. Брза кучка слепи кучиња раѓа, така викаат старите.
 
Мислиш знае? Целта е провоцирање со дебилни постови...

Знам бе друже. Во ситуација кога Шкендија се бори за титула, а Вардар за опстанок сите прават муабет за Вардар и за негово заздравување и нови титули додека Шкендија ретко кој и ја споменува.

Мене ми е да не е „несакајќи“ заборавено, ако ме сфаќате што сакам да кажам. Како што се дешава по улиците кога ги прават, ќе ги направат и после заборавиле дека цевки треба да се стават, па пак рушење па пак правење (за пари да се трошат). Грев ќе е да треба да рушат нешто :@


Не може да е несакајќи
 
Дај Боже да може да се среди ова во брзо време и без некакви штети.
 
Јас мислам дека е несакајќи, пошто за такви работи сме таленти. Од брзање. Брза кучка слепи кучиња раѓа, така викаат старите.

Дај Боже да може да се среди ова во брзо време и без некакви штети.

Од еден колега на билд.мк


Е сега добро, наместо злобно чекање можност да се пројаде трици може да се информираат ќе им објаснат убаво. Само за овој меч се работи и тоа се скалите преку деловниот простор што че биде. Исток и запад ќе бидат отворени ама трибинскиот дел, потоа ќе има за довршување уште многу. Стадионот е предвиден со 4 главни влеза од кои се стига до било која трибина. Правило што е на фи/уе-фа е да не влагаат навијачи од спротивствени тимови на исти влез. Во иднина веројатно по еден влез ќе се резервира за навијаи од гости, а другите 3 ќе си ибдат за домашни. Тоа се регулоира со полициските паравани внатре во прстените. Секој стадион го има тоа. Ноу Кампт има неколку врати на двоорт и потоа 100 и повеќе блокови . Градски има 4 главни влеза на целиот стадион и 27 или колку и а беа блокови. Се си е нормално и нема потреба од такви текстови.
 
За да се подобри квалитет на лигата, прво мора да се има инфраструктура,т.е. убави стадиони.. Кој сака да иде да гледа фудбал на руиниран стадион, плус и ако врне , да накиснеш цел, и да гледаш фудбалери како се мачкаат у кал како свињи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom