Капитализмот е зло!

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Абе тие Хунзите ебати масоните, го растурија свето...
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
Многу е трагикомично што овде на нашите простори не постоел ниту социјализам, ниту пак капитализам во вистинската смисла за да може да се врши компарација. Овде отсекогаш постоел само тренд кон кој сме се стремеле, арно ама секогаш во погрешен момент се ширел трендот. Или просто речено џабе ти е ако излезеш нафатиран, а не туширан. Што би рекле мишките секогаш не издавале и покрај новата ни облека... за жал
Секоја чест за коментаров.

Инаку незнам што толку сте запнале та едните та другите ,Пеле е појак од Марадона и обратно.Кој искористил од капитализмот ке си го фали ,кој од "комунизмот" исто.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Нормално дека парите ќе завршуваат кај едни исти луѓе кога скоро сите извори се од приватна сопственост и сите се натпреваруваат за нив.И јасно е дека баш тие луѓе ќе ни диктираат што и како да правиме затоа што без нивните средства не би преживеале т.е. зависни сме од нив.
Е сега кој сака да работи ќе си работи,кој не,ќе наоѓа причини да седи дома и да џаболебари. Арно ама и на овие што сакаат да работат не им се дадени еднакви можности па нивниот успех практично зависи од тоа колку богатство ВЕЌЕ поседуваат.

Кога имаш многу средства веројатноста тие да се зголемуваат со тек на време е голема,но кога имаш малку можеш само да ги продадеш на овие првите ако воопшто сакаш да опстанеш.Кога твојот личен труд е се што можеш да понудиш во замена за опстанокот тогаш си присилен да ги продаваш деловите на својот живот.
Луѓето денес не работат за тоа што го сакаат,туку работат за тоа што се најмногу платени,ги менуваат соништата за плата,а слободата за материјални добра.И што? Си изгубил драгоцено време од својот живот за да можеш слободно да им мавташ пред нос на луѓето со платените сметки...И нормално е да те фаќаат депресии,затоа што ниту креативната способност,ниту работната сила веќе не се под твоја контрола.Ти останува само да се одмараш после работа,да си ја обновиш енергијата за наредниот ден,знаејќи дека работиш за тоа што ти наредуваат,а не дека ти сакаш.

А има ретки среќни поединци кои се истакнуваат како доказ дека системот делува и дека ако многу макотрпно работиме еден ден и ние ќе бидеме како нив,само нема место за сите...некој мора да ги работи и “валканите“ работи(затоа што не се трудел доволно,нели?).
Добро еве и да успеам некој ден...под мене пак ќе има куп од несреќни секретарки,пропаднати уметници,чистачки на хотели...секогаш било така и така и ќе остане.
Финтата со капитализмот е што тие кои имаат богатство,го имаат затоа што потрошиле многу енергија за да откријат како да го стекнат од други луѓе.Капитализмот ги вреднува луѓето во однос на тоа кој колку има,а не кој колку работи.
За да нема капитализам во општеството треба да престане трката по богатство и тоа рамноправно да се распредели,затоа што работникот во натпреварувачко стопанство не е платен според извршената работа за да не почне да бара подобро платена работа.Тоа е законот на понудата и побарувачката.

Со капитализмот се поттикнува само материјалната продуктивност-што значи добивка по секоја цена.Затоа не добиваме квалитетни производи туку производи кои е лесно да се продадат и кои влечат најмногу профит.Шо знам...Кока Кола како пијалок ич не ми се свиѓа а сепак,според мене се прават најдобрите реклами и се трошат “грдни“ пари за маркетинг.
Најтрагично е што со вакво работно опкружување сите ќе станеме ладни и бесчувствителни едни према други.
Да се “дрзнеш“ пак да го работиш тоа што го сакаш(макар било од областа на музиката,уметноста или некоја социјална работа) треба да се соочиш со несигурен статус.Нема да успееш да створиш профит и влијанието на тоа што го работиш во општеството ќе биде мало.

Во капиталистичкиот систем сите економски закони владеат над човекот на основа на присила:работи или биди гладен,доминирај или биди подреден,натпреварувај се или нека те снема,продавај ги своите саати од животот за голо преживување или пропаѓај во сиромаштија...
Алтернатива на капитализмот би било договорно општество во кое ќе можеме да одлучуваме индивидуално и колективно,кога ќе биде тоа потребно.
 
Attachments

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Некој производ поминат низ неколку раце е многу повеќе пати поскап колку што вреди да се произведи, и така да секогаш ќе имаме поскапување а скоро никогаш поевтинување и така до бескрај тоа не чини кај капитализмот.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Споредете ги Јужна и Северна Кореја и се ќе ви стане јасно.
Ист народ се, првите меѓу 5-те најразвиени земји во светот вторите немаат леб да јадат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.805
Поени од реакции
12.295
Оф леле. Со ова сакаш да кажиуш дека не бил убав Социјализмот во СФРЈ а? Демек ако бил убав не ќе се распаднел а?
Се распадна СФРЈ затоа што беше во интерес на САД и Западот. Е беше трн в око Југославија на САД и Западот.
претходниот систем...интересно е тогаш зошто од тој систем избегале огромен број граѓани од државава (без разлика, од сите етноси -албанци, македонци, турци, срби...). Доколку системот бил добар, зошто би бегале масовно надвор од него?

На една одамна спроведена анкета граѓаните од Источна Немачка мнозинство се изјасниле дека поубаво се живеело пред 1989 година.
Ми кој ѓавол ги тераше да го рушат ѕидот ако им било убаво?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Споредете ги Јужна и Северна Кореја и се ќе ви стане јасно.
Ист народ се, првите меѓу 5-те најразвиени земји во светот вторите немаат леб да јадат.
Многу лоша компарација.
Еве, Северна Кореја и Јапонија се на врвот по процентот на самоубиства во светот, а Северна Кореја не е.
Во С. Кореја нема вистински комунизам, никогаш и немало вистински комунизам, затоа што во теорија, во комунизмот не постои Економија и паричен систем. Комунизмот е прекрасна теорија на хартија, али поради его-центричноста и лакомоста на луѓето, никогаш нема да се оствари.
Единствен проблем кај комунизмот е апсолутната власт на лидерот и кога тој лидер е тотален лудак како оној од Северна Кореја на кој му го заборавив името (Сталин беше сличен исто), тогаш се дешаваат срања.

--- надополнето ---
претходниот систем...интересно е тогаш зошто од тој систем избегале огромен број граѓани од државава (без разлика, од сите етноси -албанци, македонци, турци, срби...). Доколку системот бил добар, зошто би бегале масовно надвор од него?

Ми кој ѓавол ги тераше да го рушат ѕидот ако им било убаво?

Бегаа затоа што беа политички противници на тој систем, не дека не им чинеше дотолку.
Им прпаше дека ќе бидат пратени на Голи Оток, па правец Америка. Многу добар клип направика К-15 по ова прашање (Џон Крокодиловски).
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Комунизмот е прекрасна теорија на хартија, али поради его-центричноста и лакомоста на луѓето, никогаш нема да се оствари.
Како тоа го прави комунизмот прекрасен кога не е изводлив во пракса во никој случај? Значи реално во пракса капитализмот функционира на некој начин, може не идеално но важно не се сите сиромашни како во случајот на Сеерна Кореја или Куба... Ако се трудиш доволно можеш скоро се да постигнеш додека во вашиот идеален систем се создаваат тешки мрзливци кои со години после не можеш да ги оправиш и да им докажеш дека богатството се стекнува со макотрпна работа а не со плачење по некој пропаднат и неизводлив "лежи лебу да те јадaм" систем.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Северна Кореја и Куба не се само погодени од паранојата на нивните лидери туку и од тешките санкции на истите тие кои го срушија Берлинскиот зид, кумуваа на крвавите "ослободувања" од комунизмот во Романија, Чешка, Југославија и истите тие поединци кои држат 98% од економијата во џеб.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Море exlexmk Капитализмот може да биде добар за поединци не може да биде добар за мнозинство луѓе.
Дали е возможно тоа сите да бидат ептен богати??? Не. Ако има ептен богати ќе има и ептен сиромаси.
Алкохолот е добар за едни, за други е лош, сексот со една женска на некој му се допаднал на некој не....
Можно е да бидат сите богати, ептен е лесно... Народните банки од сите земји во 00.00 на одреден ден на секој ќе му префрлат по одредена милионска сума, и што тогаш? Имаш милиони? Богат си? НЕ, НЕ СИ !!!! ЌЕ БИДЕШ УШТЕ ПОСИРОМАШЕН !!!

Не е возможно да се сите богати ниту па сите сиромашни, имало класи отсекогаш и ќе има и мора да има...

За капитализмот важи изреката „снајди се па живеј“.
Тоа е вака некако:

Имаш диплома, ама немаш пријател. Глуп си.
Имаш свидетелство. Од петто до осмо. Имаш пријател. Е тогаш си многу снаодлив и луѓето за него ќе речат БРАВОС СЕ СНАЈДЕ ЧОЕКОТ.

Во капитализмот ако имаш Вујко владика ќе бидеш поп.
Според тебе сите што се со дипломи се невработени? Браво, не учи, немој да учиш, и не си учел според ова, него зашто не си работиш и зимаш платичка туку плукаш по форуми?

Оф леле. Со ова сакаш да кажиуш дека не бил убав Социјализмот во СФРЈ а? Демек ако бил убав не ќе се распаднел а?
Се распадна СФРЈ затоа што беше во интерес на САД и Западот. Е беше трн в око Југославија на САД и Западот.
Убав бил социјализмот? Како со 25 години се сеќаваш ти, ај дедо ми да ми кажувал или татко ми да сфатам, ама ти?

Абе види сите сакаат фотелји ама некој морат да работат и физички работи. Не можит сега сите да бидиме директори или службеници.
Друго дали некој директор бирократ што земат 1000 евра плата пружат повеќе труд и мака од некој работник шо земат 100 евра??
Па сите сакаат да бидат директори али никој нејќе да учи, сите сакаат да бидат пеачи или фудбалери ама немаат сите талент...

Убаво ти објасни shapless за тоа како е возможно....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.805
Поени од реакции
12.295
Бегаа затоа што беа политички противници на тој систем, не дека не им чинеше дотолку.
Им прпаше дека ќе бидат пратени на Голи Оток, па правец Америка. Многу добар клип направика К-15 по ова прашање (Џон Крокодиловски).
Не зезај, што ги направи сите, револуционери дисиденти. Колку мои роднини и други што сум ги познавал се отидени...ниту биле ниту се политички активни. Немале со што да издржуваат фамилија, тоа не значи дека си противник.

Претходниот поредок имаше неколку фази, но онаа почетната како дел од некоја соц. филозофија ги отепа луѓето (као и во СССР), заеднички средства за работа, распределба на доброто...со други зборови им ги земаа имотите, дуќаните, куќите и парите криени под перница и си ги разделија меѓусебе. Затоа од тие времиња многумина удбаши добија големи имоти (ден денес некои од нив уживаат во тој благодет).
За другите економски и политички фази не се сеќавам, одамна ги учевме во школо...се насе не излезе како што е замислено од марксистичките филозофии. Народот пак го береше бостанот. Едина предност беше бесплатното здравство.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
зашто не си работиш и зимаш платичка туку плукаш по форуми?
Другар ако те интересира тебе јас работам, како кувар за бедни 7000 денари, а некој од моите колеги работно време имаат по 3-4 часа работат по принципот нишај врата земај плата и земаат по 15000 денари од причини што се роднини на газдата.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776

шо има врска шо твои колеги работат затоа шо се роднини на газдата со капитализмот? :) хехехе
јас би рекол газдата се осеќа ко да е у социјализам :)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Капитализмот...малку е најсна карактеризацијата „добро“ и „зло“ кога се работи за економски системи,но едно е сигурно.Капитализмот е болест од која боледува човештвото и планетата земја и која на крај за неколку децении ќе не доведе до крај на цивилизацијата каква што ја знаеме.Капитализмот ќе се удави во сопствените гомна (и сите нас за жал).Сите аспекти на капитализмот се ефини и мизерни,од било кој аспект да се работи.

Да почекаме некое време нафтата од Мексиканскиот залив да дојде до Голфската струја и сите заедно ќе се радуваме на достигнувањата на капитализмот во сите негови инкарнации...:tapp::tapp:

Џабе се препукувате дали бил подобар капитализмот или комунизмот и едното и другото е болест...

Гледам го игнорирате најдобриот пост на темава...како и обично...

Нормално дека парите ќе завршуваат кај едни исти луѓе кога скоро сите извори се од приватна сопственост и сите се натпреваруваат за нив.И јасно е дека баш тие луѓе ќе ни диктираат што и како да правиме затоа што без нивните средства не би преживеале т.е. зависни сме од нив.
Е сега кој сака да работи ќе си работи,кој не,ќе наоѓа причини да седи дома и да џаболебари. Арно ама и на овие што сакаат да работат не им се дадени еднакви можности па нивниот успех практично зависи од тоа колку богатство ВЕЌЕ поседуваат.

Кога имаш многу средства веројатноста тие да се зголемуваат со тек на време е голема,но кога имаш малку можеш само да ги продадеш на овие првите ако воопшто сакаш да опстанеш.Кога твојот личен труд е се што можеш да понудиш во замена за опстанокот тогаш си присилен да ги продаваш деловите на својот живот.
Луѓето денес не работат за тоа што го сакаат,туку работат за тоа што се најмногу платени,ги менуваат соништата за плата,а слободата за материјални добра.И што? Си изгубил драгоцено време од својот живот за да можеш слободно да им мавташ пред нос на луѓето со платените сметки...И нормално е да те фаќаат депресии,затоа што ниту креативната способност,ниту работната сила веќе не се под твоја контрола.Ти останува само да се одмараш после работа,да си ја обновиш енергијата за наредниот ден,знаејќи дека работиш за тоа што ти наредуваат,а не дека ти сакаш.

А има ретки среќни поединци кои се истакнуваат како доказ дека системот делува и дека ако многу макотрпно работиме еден ден и ние ќе бидеме како нив,само нема место за сите...некој мора да ги работи и “валканите“ работи(затоа што не се трудел доволно,нели?).
Добро еве и да успеам некој ден...под мене пак ќе има куп од несреќни секретарки,пропаднати уметници,чистачки на хотели...секогаш било така и така и ќе остане.
Финтата со капитализмот е што тие кои имаат богатство,го имаат затоа што потрошиле многу енергија за да откријат како да го стекнат од други луѓе.Капитализмот ги вреднува луѓето во однос на тоа кој колку има,а не кој колку работи.
За да нема капитализам во општеството треба да престане трката по богатство и тоа рамноправно да се распредели,затоа што работникот во натпреварувачко стопанство не е платен според извршената работа за да не почне да бара подобро платена работа.Тоа е законот на понудата и побарувачката.

Со капитализмот се поттикнува само материјалната продуктивност-што значи добивка по секоја цена.Затоа не добиваме квалитетни производи туку производи кои е лесно да се продадат и кои влечат најмногу профит.Шо знам...Кока Кола како пијалок ич не ми се свиѓа а сепак,според мене се прават најдобрите реклами и се трошат “грдни“ пари за маркетинг.
Најтрагично е што со вакво работно опкружување сите ќе станеме ладни и бесчувствителни едни према други.
Да се “дрзнеш“ пак да го работиш тоа што го сакаш(макар било од областа на музиката,уметноста или некоја социјална работа) треба да се соочиш со несигурен статус.Нема да успееш да створиш профит и влијанието на тоа што го работиш во општеството ќе биде мало.

Во капиталистичкиот систем сите економски закони владеат над човекот на основа на присила:работи или биди гладен,доминирај или биди подреден,натпреварувај се или нека те снема,продавај ги своите саати од животот за голо преживување или пропаѓај во сиромаштија...
Алтернатива на капитализмот би било договорно општество во кое ќе можеме да одлучуваме индивидуално и колективно,кога ќе биде тоа потребно.

--- надополнето ---

Мал музички поздрав до сите несвесни оддржувачи на сопствената пропаст,сите ноеви со главата во песок...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.805
Поени од реакции
12.295
Капитализмот...малку е најсна карактеризацијата „добро“ и „зло“ кога се работи за економски системи,но едно е сигурно.Капитализмот е болест од која боледува човештвото и планетата земја и која на крај за неколку децении ќе не доведе до крај на цивилизацијата каква што ја знаеме.Капитализмот ќе се удави во сопствените гомна (и сите нас за жал).Сите аспекти на капитализмот се ефини и мизерни,од било кој аспект да се работи.

Да почекаме некое време нафтата од Мексиканскиот залив да дојде до Голфската струја и сите заедно ќе се радуваме на достигнувањата на капитализмот во сите негови инкарнации...:tapp::tapp:

Џабе се препукувате дали бил подобар капитализмот или комунизмот и едното и другото е болест...

Гледам го игнорирате најдобриот пост на темава...како и обично...

--- надополнето ---

Мал музички поздрав до сите несвесни оддржувачи на сопствената пропаст,сите ноеви со главата во песок...
Државата е болест, тоа филозофите многу убаво (не баш со тие зборови, но...имате книги читајте) го имаат објаснето во расправите за едно високосвесно и хумано општество -т.н. комунизам.

Постот од Анабел го немам занемарено, напротив...фино, школски кажано.

Една реченица од нејзиниот пост на која би му обрнал внимание на ЗаптијаСтојков е оваа
Добро еве и да успеам некој ден...под мене пак ќе има куп од несреќни секретарки,пропаднати уметници,чистачки на хотели...секогаш било така и така и ќе остане.
доколку сака да се изјасни што во случај Заптија да си газда со големи пари, а знаеш дека под тебе има еден куп несреќни....и....Дали во тој случај ќе се откажеш од богатството и ќе оставиш разумен дел доволен за комотен живот за себе и се друго ќе дадеш на сиромасите (или вработените ќе ги плаќаш доволно за да живеат лагодно како и ти-во тој случај веќе не би живеел лагодно со голема веројатност да ти банкротира фирмата) или ќе се однесуваш како оние што дотогаш си ги критикувал?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom