Дечко, прво еден совет - не коментирај економски прашања или ако веќе имаш толкава желба претходно едуцирај се. Не дека мене ми е испод чест да дебатирам со неписмени луѓе, туку лично за тебе, да не се срамиш пред другите... што се однесува до темата, очигледно немаш фактографски познавања од факторите поврзани со вреднувањето на работната сила. Интензитетот на работа или како што го нарекуваш труд не е единствен параметар кој ја детерминира висината на наемнината. Прво и основно постои нешто што се вика квалификација на работниците, односно не се еднакво способни некој со два часа физичко и голем одмор меѓу нив и некој магистар. Второ, сопственикот на ентитетот вложува некаков капитал во тоа што го создава. Постои ризик тој капитал да пропадне, а од друга страна за истиот може да добие некака сигурна добивка го банка - тоа ти се нарекува опортунитетен трошок. Што значи, сопственикот мора во добивката да го вкалкулира и ризикот, додека работникот не може да изгуби ништо, на веќе организирана работа, без никаков ризик, неговата задача е само да се појави на работното место и да го заврши она што му било кажано... така да, немој вакви муабети, од чорапи ме вадат... се жалите нонстоп дека нема пари, а еве со милион вакви примери само потврдувате дека не сакате да работите. Епа нема брат веќе социјализам, не работи ништо, земај со секого исто... заврши тоа време...