Зошто национализам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Viki Cheda
  • Време на започнување Време на започнување
Косовските терористи ја нападнаа Македонија во 2001 година, па што. Пола од населението способно да војува кое што требаше да биде регрутирано се кријаше по дупки и користеа тајни лозинки и сигнали за да знаат кому да му ја отворат вратата кога ќе се појави... Што е првото нешто на кое помислуиваме (барем на кое размслува свесниот човек) кога избива војна? Помислува на неговото семејство. Кога имаш роднини и пријатели, жена и деца - те заболело што се случува во Тетово, таму негде в планина или пак дали државата загубила некој дел. Гледаш семејството да ти биде на сигурно. Верувам исто дека би разлислувале и канаѓаните...
Абе мали што се повикуваш на некои бројки и проценти како божем си водел ти лично евиденција кој се пријавил. Ова е најкомуњарското размислувње значи... ако ти и твоите сте се криеле не значи дека некој друг се криел. Напротив се ставил во служба на државата да го одбрани твојот мизерен живот од албанските терористи, а тие кога ќе ти дојдат на врата нема да те прашаат дали си пацифист или не одма ќе те егзекутира и нема око да му трепне и се тоа само поради тоа што зборуваш македонски..
И баш поради тоа дебилно размислување страдаме како народ. Чекаме дома да ни дојде непријателот па да се спротивставиме? За тебе значи твојот брат Македонец што страда во Тетово не значи ништо а? Како ти си подобар човек за разлика од националистот што би го дал животот да го одбрани својот брат во Тетово?
 
Зошто копија, зар со денешното знаење што го имаме не сме способни да создадеме нешто ново? Пр. http://thezeitgeistmovement.com/
Или па сакаш да кажеш дека општеството кое го опиша погоре не е возможно да се создаде? Пробал ли некој да создаде такво општество?

Не е возможно, можеби за 500-1000 години, после некоја нуклеарна војна. Да, хипиците...
 
Зашто национализам?
Како прво балканските земји се најголемите националисти според мене на целиот свет. Таков ни е менталитетот. Исполнет со презир кон останатите земји од балканот заради безбројните војни кои се воделе помеѓу нив, заради алчноста да се дојде до што повеќе територија која расте обратнопропорционално со војната. Зашто национализам? Па можеби затоа што најверојатно некој од твоето семејство загинал во некоја од тие војните. Затоа што секој си го восвишува своето , а омалажува другото. Едноставно тоа е Балканот . Место полно со војни кои во последно време западот најпаметно ги искористува. Во наредните 100 години нема да се исфрли национализмот во Македонија. Затоа што бројот на националисти(според мене ) во моментот е многуууу голем. Инаку мојот татко ме смета за голем националист , а можеби и е во право...
Patriotisam - or you are with us, or you are a terorist



Ако ги сметаш хартиените и тие на интернет националисти тогаш е голем бројот, иначе њама ги.

Зошто национализам? За инает на левичарите .
 
Не, нема ниедна ненационалистичка држава, ниту пак некогаш имало. Државата како држава не би постоела без национализам. Прашањето е - зошто да има држави, зошто не се испробаат алтернативни начини на општествено уредување каде СИТЕ ЛУЃЕ во светот ќе работат за ОПШТОТО добро на целата човечка раса, општо добро за природата. Не смееме да заборавиме дека пред се сме луѓе од исто потекло од религиска, а и научна гледна точка.
Ах зоо, веќе муабетот оди во друга, општа насока :) Збориме значи за некое хуманистичко општество, она што голем број филозофи го опишувале како идеално? Некои утопистички, некои реални основи, воглавно премногу рано да може да се зборува за такво оптество кое би функционирало во реалниот свет. Самите теоретичари го подвлекуваат фактот дека за такво оптштество е потребна многу повисока човекова свест...но теоретски е можно-бескласно и бездржавно општество.

Поради такви причини слободарските комунисти често ја презентираа промената кон потполно комунистичко општество како заземање на простор со време, промена со вметнување на фази после револуцијата. Маркс предложи пониска и повисока фаза на комунизмот. Бакунин го имплицираше истото. Дури и Кропоткин предложи дека ќе бидат потребни одредени фази до потполниот комунизам. Веднаш по револуцијата, Кропоткин индицираше, работоспособните возрасни луѓе ќе треба да работат 5 часа со цел да се добијат пристојни количини на храна, облека и засолништа. Ќе има недостаток од повеќе добра, па ќе мора да се споделуваат во заедницата. Со текот на времето, како што ќе се подобрува производството, економијата ќе се развие до потполн комунизам. Повеќето добра ќе бидат во големи количини и луѓето ќе можат да се оттргнат од полиците на магацините на заедницата. Работата ќе се извршува од општествена свест и желба за активност. Но ова нема да биде возможно веднаш.
Се разбира, ако Маркс го сметаше комунизмот за „пониска“ фаза, а социјализмот - за еден аспект на „повисоката“ фаза (за нејзина самосвест), тоа не значи дека неговата терминологија и концепција (зашто сепак не станува збор само за терминологија!) мораме да ја прифатиме. Но не е ли денес повеќе од кога и да е порано од животна важност за човештвото да ја разликуваме општествената состојба во која е укината приватната сопственост (комунизмот) од хуманата човечка заедница во која човек на човек не му е волк, туку другар (социјализам или уште подобро хуманизам)?
Ова отуѓување од себеси и од другите, оваа алиенација од сè што е човечко, не може да се надмине преку интелектуален напор, преку нешто во умот. Она што е потребно е темелна, револуционерна промена во општеството за да се создадат условите – краток работен ден, рационална употреба на природното богатство на Земјата и природните таленти на луѓето, праведна распределба на плодовите од човековиот труд, нова општествена свест – за расцветување на човечките можности, за скок во слободата каков што никогаш не се случил во историјата.
Се надевам дека мислеше на оваа теоретска хумана заедница и надминување на национализмот, класите и сите ограничувања кои денеска постојат во човековиот ум.
 
МАКА МИ Е!!!!!!!!

Има транспаренти и насекаде реклами НОВ УНИВЕРЗИТЕТ-ВМРО ДПМНЕ-носиме образование.
Второ-Договор за СТРАТЕГИСКО партнерство со САД,ИЗРАЕЛ и ТУРЦИЈА-Вмро ДПМНЕ партија на долгорочни основи....па па..паааа:vozbud: добро бе ќерата толку ли е ГЛУП народов...толку ли не СВАЌА дека ПАРТИЈА НЕ ОТВАРА УНИВЕРЗИТЕТИ и НЕ ПОТПИШУВА СТРАТЕШКИ ДОГОВОРИ(П.С договорот е замена за ветото во Букурешт и е дело на САД и ТУРЦИЈА)....како...како НЕ ИМ Е СРАМ!!!!!!!!!

Ова е навреда!!!!!!!!!

Не ПАРТИЈА драги сограѓани туку ВЛАДА и ПРЕТСЕДАТЕЛ т.е ИНСТИТУЦИИ избрани од народот и истите кога веќе се во влада треба да заборават на ПАРТИЈАТА....ама ете како што гледате НЕ Е ТАКА!!!!

Па ајде да ја оставам пропагандата по ТВ ама сега ја имате и на улица бре...:tapp::tapp:

Знаете одговорот зошто национализам-видете ја ГРЦИЈА како помина со национализмот!!!!
Всушност ние и не ја сакаме грција многу ама гледам.....се надевам дека се ЛАЖАМ-стануваме како НИВ!!!
Се разбира која е целта на национализмот-оттргнување на вниманието на народот од РЕАЛНИТЕ проблеми и стварање имагинарни непријатели,проблеми бла бла...

Патем нели се осеќате НАВРЕДЕНИ ОД ОВА???


Ова е навреда за македонскиот граѓанин...па пичку матер јас и мнозинството граѓани ЗНАЕМЕ КОИ СМЕ...не треба некој да ме потсеќа и НАВРЕДУВА со вакви срања и да ми предава мудрости и ЕТИКА(кога ОНИ не знаат што е етика)....цццц-чиста најподла НАВРЕДА кон СИТЕ ГРАЃАНИ НА Р.МАКЕДОНИЈА без разлика на верска и национална припадност!!!

--- надополнето ---

Зошто копија, зар со денешното знаење што го имаме не сме способни да создадеме нешто ново? Пр. http://thezeitgeistmovement.com/
Или па сакаш да кажеш дека општеството кое го опиша погоре не е возможно да се создаде? Пробал ли некој да создаде такво општество?

.



Јас би посакал да отвориш тема за венус проектот па да ти кажам како зајтгејс мувмент ве ЛОБОТОМИРА на квадрат...па тој торкото вели имало геотермална енергија доволно АМА КРИЕЛЕЕЕЕ!!!!

Знае ли тој шутрак дека за да ја ндобие истата треба дупчење над 30км!!!?!??!

а денес со тешки маки пази со ТЕШКИ МАКИ сме до 11км....заеби зајтгејс-МИСЛИ СО ТВОЈА ГЛАВА!!
 
Смарт-ес... Не знам дали ги имаш гледано предавањата на Жак Фреско, али знам дека го имаш пропуштено делот каде што тој вели "Никогаш не можеме да достигнеме совршенство". Исто така вели дека доколку некој има подобра идеја, веднаш ќе биде прифатена и ќе се започне со имплементирање. Но јас го дадов Зајтгајст движењето како еден пример дека има и други подобри начини како да се живее од овој денес. Не мора тоа да е конкретно според зајтгајст тема...

--- надополнето ---

Знае ли тој шутрак дека за да ја ндобие истата треба дупчење над 30км!!!?!??!

а денес со тешки маки пази со ТЕШКИ МАКИ сме до 11км....заеби зајтгејс-МИСЛИ СО ТВОЈА ГЛАВА!!

Оф-Топик :Корекција - Шутракот вели дека со развитокот на технологијата за некои 20 ГОДИНИ БИ МОЖЕЛЕ не 30 - туку 300 километри дупки да издупчиме. Не кажува дека тоа веднаш тоа ќе се случи. Тоа е алтернативен извор на енергија кој ќе биде користен кога ќе ги снема некој друг (Сонцето) што нема да се случи наредните 5000 години...

--- надополнето ---

Се надевам дека мислеше на оваа теоретска хумана заедница и надминување на национализмот, класите и сите ограничувања кои денеска постојат во човековиот ум.

Точно така Луртз, на тоа мислев... Знам, наизглед утопија... Но, кога би можел да бираш каде да живееш, во таков свет или пак во овој денес (за кој, ете јас сметам дека национализмот и себичноста е она што го поткочува во напредокот) каде би живеел?
 
Цајтгајст е премногу футуристички...заеби...тоа се далечни решенија.
Али и онака темата не е за дијамантските бушалици и геотермална енергија.
Значи соживот не може да постои поради постоење на

1.Држави
2.Сојузи како ЕУ и слично
3.Религии
4.Медиуми
5.Слаткар
 
Прво да разграничиме. Национализам не е исто што и патриотизам, ако авторот ги поистоветува овие два поима тогаш тој е во голема заблуда.
Национализам е просто кажано, мразење на сите други националности освен својата националност, додека патриотизам е гаење на љубов кон својата нација и земја, желба за простеритет на истите, како и почитување на останатите националности кои заслужуваат да бидат почитувани како целина но и како поединци, а мразење на оние националности кои ја мразат или понижуваат на било каков начин твојата националност и земја.
Второ, ако мислите дека ова со споменициве е национализам исто тогаш сте во грешка, тоа е патриотизам, затоа што се градат споменици на кои се претставени значајни личности од Македонската историја, и за кои треба да им се оддаде почит, и еден од начините да се оддаде таа почит е овој начин со поставување на споменици од кои сигурно ке имаме материјална корист. Се што се гради а тоа не е против нас е добро за нас. Сигурно постои подобра опција за економски просперитет, но нешто мора прво да се започне да се гради.
За Ајфеловата кула цела Франција се бунела кога таа била изградена. Но денес кога аке кажете Ајфелова кула, веднаш се потсетувате на градот Париз. Значи таа е симбол на градот и носи многу пари за населението. Исто е и со нашиот град. Од кај знаете каков ефект ке има и колку пари ке носи на долг рок , изградбата на сите тие споменици и згради кои се градат во центарот на Скопје?
И трето, треба да се развиваат и двата термина (патриотизам и наука) во иста мера со иста брзина и континуитет, за да и покрај тоа што сме моќни во едната област т.е во науката, да знаеме кои сме кои се нашите корени, до каде се развиле нашите предци, за да ние можеме да го усовршиме (подобриме) она кое тие го развивале претходно.Една од работите кои тие ја развивале е љубовта спрема својата земја која ја искажувале на секој можен начин во нашата тешка историја и не дозволувале да згасне. Ние таа љубов треба да ја усовршиме и одржуваме.
На пример ја можам да бидам научник од светска класа а да сум патриот кој ја сака својата земја, ја претставува секаде кај што ке отиде, кој ја штити од туѓи провокации или лажни тврдења но ги почитува и другите земји и личности од друга националност доколку заслужиле да бидат почитувани.
Патриотизмот и напредокот не може да се дели како црно и бело, или како ден и ноќ.
На пример ако ти си патриот тогаш не сакаш Македонија да напредува. Ова е шива глупост.
Па баш дека сум патриот и ја сакам својата земја, сакам таа да напредува и еден ден да биде економски најсилна ако може.
Не се до толку раздвоени помеѓу себе тие два термина, и поради тоа што некои луѓе не можат да ги раздвојат и да знаат што точно значат и кога и како се употребуваат им се помешуваат мислите и донесуваат погрешни одлуки и даваат погрешни одговори.
Треба и двете подеднакво да се развиваат, како патриотизмот така и науката.
Поздрав.
 
на иста ваква тема на српски форум има едно добро размислување .
.
.
Nacionalista voli samo svoje,ne mrzi nicije
sovinista voli samo svoje.i mrzi sve tudje,
idioti i kreteni vole samo tudje,a mrze sve svoje...........
to bi bilo najkrace i najpreciznije.............pa gde se nadjes


http://forum.krstarica.com/showthread.php?t=330614&page=2
 
Послушајте националисти

Послушајте националисти,

да ви кажам еден збор

глупи сте колку што сте и тешки

и веза од ништо немате.



Се правите дека сте патриоти.

а вие квислинзи сте,

сите ги мразете

ко што они вас ве мразат



Ех да беше жив сека Че

вас да ви кажеше

што е патриотизам

и борба за државиче



Ова е до сите македонски националисти, за оние на кои им е заматем паметот, за оние кој се мразат народи а немаат леб да јадат, за оние кој тераат виша политика а и мањата им е за нигде.
 
Конструктивен национализам е една од најплеменитите особини која општеството може да ја има. Ако можеш да сакаш свое семејтво и да го посветиш сопствениот живот во борба за негово унапредување и етаблирање, тогаш можеш да си ги прошириш своите видици, да излезеш надвор од ѕидовите на својот дом и да сакаш и нешто повеќе.
Зошто? Национализам е една од етеричните работи за кои нема егзактна научна премиса но токму тоа го става на полица кај сите нешта кои се посебни и имаат врска со чувства.
 
Косовските терористи ја нападнаа Македонија во 2001 година, па што. Пола од населението способно да војува кое што требаше да биде регрутирано се кријаше по дупки и користеа тајни лозинки и сигнали за да знаат кому да му ја отворат вратата кога ќе се појави... Што е првото нешто на кое помислуиваме (барем на кое размслува свесниот човек) кога избива војна? Помислува на неговото семејство. Кога имаш роднини и пријатели, жена и деца - те заболело што се случува во Тетово, таму негде в планина или пак дали државата загубила некој дел. Гледаш семејството да ти биде на сигурно. Верувам исто дека би разлислувале и канаѓаните...

У мое село, семејство не се брани со криење.
 
Артур Ц. Кларк во својата книга Одисеја 2001 прва дава добар осврт за почетокот на цивилизацијата. За тие меѓу вас што не се по книгите погледнете го истоимениот филм на Стенли Кјубрик. Во првите неколку страни од книгата (минути од филмот) е содржана целата историја на човештвото. Пред милиони години мајмуните убиваа мајмуни. Пред 2000 години мајмуните убиваа мајмуни. Пред 100 години мајмуните убиваа мајмуни. Пред 10 години мајмуните убиваа мајмуни. Денес сеуште мајмуните убиваат мајмуни. Се промени само оружјето....мајмуните останаа МАЈМУНИ.
Национализмот, желбата за доминација, расизмот, желбата за натпревар и докажување, уметноста да направиме спор и од безначајната ситница....сето тоа е последица на МАЈМУНОТ во нас. Физички можеби еволуиравме (како што би кажал чичко Дарвин)...но сеуште има многу МАЈМУНИ што се шетаат меѓу нас.
 
Прво да разграничиме. Национализам не е исто што и патриотизам, ако авторот ги поистоветува овие два поима тогаш тој е во голема заблуда.
Национализам е просто кажано, мразење на сите други националности освен својата националност, додека патриотизам е гаење на љубов кон својата нација и земја, желба за простеритет на истите, како и почитување на останатите националности кои заслужуваат да бидат почитувани како целина но и како поединци, а мразење на оние националности кои ја мразат или понижуваат на било каков начин твојата националност и земја.
Второ, ако мислите дека ова со споменициве е национализам исто тогаш сте во грешка, тоа е патриотизам, затоа што се градат споменици на кои се претставени значајни личности од Македонската историја, и за кои треба да им се оддаде почит, и еден од начините да се оддаде таа почит е овој начин со поставување на споменици од кои сигурно ке имаме материјална корист. Се што се гради а тоа не е против нас е добро за нас. Сигурно постои подобра опција за економски просперитет, но нешто мора прво да се започне да се гради.
За Ајфеловата кула цела Франција се бунела кога таа била изградена. Но денес кога аке кажете Ајфелова кула, веднаш се потсетувате на градот Париз. Значи таа е симбол на градот и носи многу пари за населението. Исто е и со нашиот град. Од кај знаете каков ефект ке има и колку пари ке носи на долг рок , изградбата на сите тие споменици и згради кои се градат во центарот на Скопје?
И трето, треба да се развиваат и двата термина (патриотизам и наука) во иста мера со иста брзина и континуитет, за да и покрај тоа што сме моќни во едната област т.е во науката, да знаеме кои сме кои се нашите корени, до каде се развиле нашите предци, за да ние можеме да го усовршиме (подобриме) она кое тие го развивале претходно.Една од работите кои тие ја развивале е љубовта спрема својата земја која ја искажувале на секој можен начин во нашата тешка историја и не дозволувале да згасне. Ние таа љубов треба да ја усовршиме и одржуваме.
На пример ја можам да бидам научник од светска класа а да сум патриот кој ја сака својата земја, ја претставува секаде кај што ке отиде, кој ја штити од туѓи провокации или лажни тврдења но ги почитува и другите земји и личности од друга националност доколку заслужиле да бидат почитувани.
Патриотизмот и напредокот не може да се дели како црно и бело, или како ден и ноќ.
На пример ако ти си патриот тогаш не сакаш Македонија да напредува. Ова е шива глупост.
Па баш дека сум патриот и ја сакам својата земја, сакам таа да напредува и еден ден да биде економски најсилна ако може.
Не се до толку раздвоени помеѓу себе тие два термина, и поради тоа што некои луѓе не можат да ги раздвојат и да знаат што точно значат и кога и како се употребуваат им се помешуваат мислите и донесуваат погрешни одлуки и даваат погрешни одговори.
Треба и двете подеднакво да се развиваат, како патриотизмот така и науката.
Поздрав.

Седи КЕЦ! Си ја утнал/а темата :pos:

НАЦИОНАЛИЗАМ = ПАТРИОТИЗАМ (едното од латински другото од старо грчки). Двете се изведени од именките на латински natio и ст.гр. πατέρας, значи врти сучи тоа е едно исто :toe: Двете значат сакање на својот народ, и не значат мразење на другите народи, значат се она што си го вметнал во патриотизам!

Ако мислиш друг пат да спориш со некого и ако не знаеш нешто или за да си бидеш уште посигурен/а отвори Wikipedia или Google, провери таму што е како е па пиши, бар сега е лесно! Сега има толку многу можности!

--- надополнето ---

Ова е до сите македонски националисти, за оние на кои им е заматем паметот, за оние кој се мразат народи а немаат леб да јадат, за оние кој тераат виша политика а и мањата им е за нигде.

Воопшто не се согласувам со тебе, туку баш напротив. Јас мислам дека светов тоне од таквите `ко тебе што не си ги сакаат својот народ и својата држава. (Коментарот се однесува на песничката која си ја посветил на „националистите“)
 
Конструктивен национализам е една од најплеменитите особини која општеството може да ја има. Ако можеш да сакаш свое семејтво и да го посветиш сопствениот живот во борба за негово унапредување и етаблирање, тогаш можеш да си ги прошириш своите видици, да излезеш надвор од ѕидовите на својот дом и да сакаш и нешто повеќе.
Зошто? Национализам е една од етеричните работи за кои нема егзактна научна премиса но токму тоа го става на полица кај сите нешта кои се посебни и имаат врска со чувства.

Во медицинската литература познат и како мазохизам.
Национализам...религија...сакај некој апсктрактен измислен ентитет кој не може да возврати или да има било каква позитивна интеракција....лоботомија...
Но позади тој апстрактен и измислен ентитен стојат многу конкретни и реални луѓе на кои тоа им носи корист...

Don`t throw away your emotions into garbage.
Love the trees,love the bees,love the whales,love the freakin` snails
If you`re in a dire need to love something,love something...cute at least....:vozbud:

Седи КЕЦ! Си ја утнал/а темата :pos:

НАЦИОНАЛИЗАМ = ПАТРИОТИЗАМ (едното од латински другото од старо грчки). Двете се изведени од именките на латински natio и ст.гр. πατέρας, значи врти сучи тоа е едно исто :toe: Двете значат сакање на својот народ, и не значат мразење на другите народи, значат се она што си го вметнал во патриотизам!

Ако мислиш друг пат да спориш со некого и ако не знаеш нешто или за да си бидеш уште посигурен/а отвори Wikipedia или Google, провери таму што е како е па пиши, бар сега е лесно! Сега има толку многу можности!

--- надополнето ---



Воопшто не се согласувам со тебе, туку баш напротив. Јас мислам дека светов тоне од таквите `ко тебе што не си ги сакаат својот народ и својата држава. (Коментарот се однесува на песничката која си ја посветил на „националистите“)

Ти,Хитлер и Буш...soul mates....:pipi:

be_afriad.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom