@ Bavarec
Црвениот за Леман беше оправдано досуден, но, требаше да биде дадена предност, односно голот да беше признаен а Леман да добиеше црвен така у тој сегмент судијата направи голема грешка која подоцна мислам дека и ја призна. Секој фаул или игра со рака на голман надвор од шеснаестерец се казнува со црвен.
Нејсе тој момент, тој '' осет "' за кој вие зборите е аналоген на превид во некои ситуации, не зборам за црвениот на Горкуф, еве за Кака се утепавме од дискутирање на темата за Бразил, не може удар со лакт во стомак да остане неказнет, тоа ни во лига натпреварите го нема, а не па на СП. Исто и со Клосе, фаул од зад грб со удар во нога е класичен жолт картон, несанкционирањето во една ваква ситуација за некои е '' сенс '' за добар фудбал во остатокот од мечот, за други голем превид, подеднакво вкусовите не можат да бидат задоволени.
На крај краева, и ти ко фан на Баерн знаеш како е да се следат стриктно фудбалските правила зашто ако збориме за '' осет '' на судијата според твоите логики, Рафаел требаше да биде само опоменат во вториот дуел со Баерн, а и тогаш знам пишав на темата за ЛШ, опомена ке беше превид, втор жолт кој и го доби, е стриктно држење до фудбалските правила и затоа тој црвен не смееше да се окарактеризира ко грешка, мислам на Рицоли, не сум сигурен дал тој судеше, не е ни битно.
Мене искрено ми се свиѓа што судиите одат по '' книгата '' и стриктно се држат до правилата во истата, најголем проблем за играчите е тоа што во тој поглед се '' заштитени '' во домашните првенства па и во ЛШ на одредени натпревари. Пример, Кака во Милан ретко кога добиваше жолти картони иако ги заслужуваше, во дербито со Интер во една ситуација го остави Кварезма на терен со преостар старт, помина само со опомена, а на едно вакво натпреварување таков старт под дифолт се казнува со жолт, без разлика чие име стои на дресот.
п.с. Рачунај дека со превиди, и играта е поостра, еве тргни од мечот Бразил - Бреговача Слоновача, судијата се изгуби на терен и голем број од стартоиве можеа да резултираат со повреди на играчите, ко во случајот со Елано.