Група А (Јужна Африка, Мексико, Уругвај, Франција)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Останувам на моето дека Мексико ќе игра со Аргентина и Уругвај со Јужна Кореја.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
На ЈАР им треба уште два гола или па Мексико да прими уште два.

За играта на Франција ноу комент, се е кажано до сега и не сакам да ги бранам ама не можам да поверувам како ноншалантно си делат судииве втори жолти на првенствово... На Србија со Гана, на Клосе со Србија, на Бехрами вчера... уште 2-3 имаше сигурно... тотално без осет е судењево.

Како и да е сега може да стане интересно во групава...
 
В

Вори

Гостин
Ја не дека не ги сакам мексиканциве,ама би сакал црнциве да поминат,не за друго барем ќе се убијат од радување..па и нека има некое изненадување,што...

--- надополнето ---

На ЈАР им треба уште два гола или па Мексико да прими уште два.

За играта на Франција ноу комент, се е кажано до сега и не сакам да ги бранам ама не можам да поверувам како ноншалантно си делат судииве втори жолти на првенствово... На Србија со Гана, на Клосе со Србија, на Бехрами вчера... уште 2-3 имаше сигурно... тотално без осет е судењево.

Како и да е сега може да стане интересно во групава...

Кака завчера...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.753
Поени од реакции
44.067
Очигледно не сте навикнати на стриктно следење на правила без превиди, како што е по првенствава, муабетот '' можеше да прогледа низ прсти '' овде не важи.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Ќе биде интересно во второво полувреме....за Французине немам зборови.....репрезентацијата изгледа скроз им се растури.....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.770
Поени од реакции
71.745
Ми се плаче у пичку материну...
Не рачунав на ЈАР, ама ете се е можно. Слабо игра денес Мексико во одбраната. Жалам што не влезе ударот на Гвардадо, ама тоа е...
И нека го вади веќе Бланко у кураааааааааааааац:mad::mad:
Нека испаднат у пм...
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Очигледно не сте навикнати на стриктно следење на правила без превиди, како што е по првенствава, муабетот '' можеше да прогледа низ прсти '' овде не важи.

Фудбал не е математика. О-С-Е-Т за натпреварот. Ако сакаат „егзактен“ фудбал нека воведат и успорени снимки и нека и ебаат матер на динамиката на играта. Овде судат ко да е балет. Секој контакт не мора да е картон. Ако се суди секој ваков воздушен дуел како на Гуркуф по 2-3 црвени ќе треба да има на секој натпревар.

И Кака го заборавив во листата...

офф топик: се сеќаваш на Барса-Арсенал финалето од пред 4-5 години? Црвен на Леман а поништен гол за Барса место едноставно да продолжи натпреварот. Е тоа е судење без осет исто како и на ова СП.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Толку беше :toe:

Честитки за 1) Уругва и 2) Мексико (во 1/8 стандард против Аргентина дечкиве). Сосема заслужено и за двете.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.770
Поени од реакции
71.745
Не се секирај ќе иде твојот Мексико, ама тогаш можеш да се збогуваш со нив од Светското.:)
Ланското првенство Аргентина мина гзларски, немој сега да мислиш дека ќе ви биде полесно :icon_mrgr
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ланското првенство Аргентина мина гзларски, немој сега да мислиш дека ќе ви биде полесно :icon_mrgr
:smir: Со оглед на тоа што имате слаб напад а јака средина ќе биде добар натпревар ... Но, ние го имаме Меси :pipi:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.753
Поени од реакции
44.067
@ Bavarec
Црвениот за Леман беше оправдано досуден, но, требаше да биде дадена предност, односно голот да беше признаен а Леман да добиеше црвен така у тој сегмент судијата направи голема грешка која подоцна мислам дека и ја призна. Секој фаул или игра со рака на голман надвор од шеснаестерец се казнува со црвен.

Нејсе тој момент, тој '' осет "' за кој вие зборите е аналоген на превид во некои ситуации, не зборам за црвениот на Горкуф, еве за Кака се утепавме од дискутирање на темата за Бразил, не може удар со лакт во стомак да остане неказнет, тоа ни во лига натпреварите го нема, а не па на СП. Исто и со Клосе, фаул од зад грб со удар во нога е класичен жолт картон, несанкционирањето во една ваква ситуација за некои е '' сенс '' за добар фудбал во остатокот од мечот, за други голем превид, подеднакво вкусовите не можат да бидат задоволени.
На крај краева, и ти ко фан на Баерн знаеш како е да се следат стриктно фудбалските правила зашто ако збориме за '' осет '' на судијата според твоите логики, Рафаел требаше да биде само опоменат во вториот дуел со Баерн, а и тогаш знам пишав на темата за ЛШ, опомена ке беше превид, втор жолт кој и го доби, е стриктно држење до фудбалските правила и затоа тој црвен не смееше да се окарактеризира ко грешка, мислам на Рицоли, не сум сигурен дал тој судеше, не е ни битно.

Мене искрено ми се свиѓа што судиите одат по '' книгата '' и стриктно се држат до правилата во истата, најголем проблем за играчите е тоа што во тој поглед се '' заштитени '' во домашните првенства па и во ЛШ на одредени натпревари. Пример, Кака во Милан ретко кога добиваше жолти картони иако ги заслужуваше, во дербито со Интер во една ситуација го остави Кварезма на терен со преостар старт, помина само со опомена, а на едно вакво натпреварување таков старт под дифолт се казнува со жолт, без разлика чие име стои на дресот.

п.с. Рачунај дека со превиди, и играта е поостра, еве тргни од мечот Бразил - Бреговача Слоновача, судијата се изгуби на терен и голем број од стартоиве можеа да резултираат со повреди на играчите, ко во случајот со Елано.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.932
Секоја чест за Франција.Постигнаа почесен гол и сега можат комотно да се пакуват :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom