Група А (Јужна Африка, Мексико, Уругвај, Франција)

Статус
Затворена за нови мислења.

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ние вас, а нас Германија...јбг.:toe:
Се повторува ... Ако го минеме Мексико во 1/4 финале со Германија ... доколку немците освојат 1 место и поминат во 1/8 финалето ...
 
Член од
5 јуни 2010
Мислења
32
Поени од реакции
1
Мексико сеа многу подобри од прошлото првенство така да и нема да им биде баш лесно на Аргентина во Осминафинале! :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Вратете назад во првите страни и видете како го прогнозирав распоредот во оваа група.Само уште 1-2 се согласија со мене.90% од вас ја направија Франција сигурен 1/8 финалист и викаат што ги правите толку јаки Уругвај и Мексико,ЈАР ќе одат понатаму биле домаќини.Сејте бе деца Уругвај и Мексико одсекогаш биле јаки.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
@ Bavarec
Црвениот за Леман беше оправдано досуден, но, требаше да биде дадена предност, односно голот да беше признаен а Леман да добиеше црвен така у тој сегмент судијата направи голема грешка која подоцна мислам дека и ја призна. Секој фаул или игра со рака на голман надвор од шеснаестерец се казнува со црвен.

Нејсе тој момент, тој '' осет "' за кој вие зборите е аналоген на превид во некои ситуации, не зборам за црвениот на Горкуф, еве за Кака се утепавме од дискутирање на темата за Бразил, не може удар со лакт во стомак да остане неказнет, тоа ни во лига натпреварите го нема, а не па на СП. Исто и со Клосе, фаул од зад грб со удар во нога е класичен жолт картон, несанкционирањето во една ваква ситуација за некои е '' сенс '' за добар фудбал во остатокот од мечот, за други голем превид, подеднакво вкусовите не можат да бидат задоволени.
На крај краева, и ти ко фан на Баерн знаеш како е да се следат стриктно фудбалските правила зашто ако збориме за '' осет '' на судијата според твоите логики, Рафаел требаше да биде само опоменат во вториот дуел со Баерн, а и тогаш знам пишав на темата за ЛШ, опомена ке беше превид, втор жолт кој и го доби, е стриктно држење до фудбалските правила и затоа тој црвен не смееше да се окарактеризира ко грешка, мислам на Рицоли, не сум сигурен дал тој судеше, не е ни битно.

Мене искрено ми се свиѓа што судиите одат по '' книгата '' и стриктно се држат до правилата во истата, најголем проблем за играчите е тоа што во тој поглед се '' заштитени '' во домашните првенства па и во ЛШ на одредени натпревари. Пример, Кака во Милан ретко кога добиваше жолти картони иако ги заслужуваше, во дербито со Интер во една ситуација го остави Кварезма на терен со преостар старт, помина само со опомена, а на едно вакво натпреварување таков старт под дифолт се казнува со жолт, без разлика чие име стои на дресот.

п.с. Рачунај дека со превиди, и играта е поостра, еве тргни од мечот Бразил - Бреговача Слоновача, судијата се изгуби на терен и голем број од стартоиве можеа да резултираат со повреди на играчите, ко во случајот со Елано.
БСК-Бразил беше единствениот натпревар кој беше поостар. Швајцарија, Србија, Гана, Германија во нивните дуели не агираа ништо посебно „нервозно“. Со вакви одлуки судииве ги убиваат натпреварите според и директно влијаат на резултатите. Како судија имаш области каде мора дискреционо да одлучуваш - тука треба да се покаже тоа чувство за играта.

Кога сме веќе тука - а Виља синоќа? Тоа беше „поцрвен“ од сите до сега доделени на првенствово. Иста ситуација имаше и на Швајцарија-Чиле кога за иста постапка како Бехрами и еден Чилеанец (не знам кој беше амам во шеснаесетник ко замава еден Швајцарец) не беше исклучен.

Како и да е - фудбалов каков што го имаме денес во одредена мера и „живее“ од некои судиски одлуки. Голот Германија-Англија финале 66та? Уште разговараат за тоа секогаш кога ќе седнат на маса од двете земји. Рафаел? - 70-30% за црвен што не значи дека не може да се дискутира за тоа (Рибери беше во налет при таа акција и имаше реална основа да влезе Баерн во шанса ако овој не влечеше - за разлика од тоа овие втори жолти се даваат без врска за фаули на спротивна половина).

Штом има простор да се дискутира за некоја судиска - значи таа не била „јасна“ и можело и вака и вака да се суди. Затоа после има потреба од „Кајгана-Експертската Јавност“ да ги разјасни ситуациите... Или па може никогаш нема да се разјаснат и секој ќе тегне на своја страна? :smir:

Официјално честитки за Мексико и Уругвај. Позаслужено здравје.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.770
Поени од реакции
71.745
Уф пак мораше густо да мине мечот. На крај сум делумно задоволен. Мексико оди понатаму ама останува тешка работа и најверојатно брзо испаѓање како и секогаш. Но има време до тој меч и се надевам Хавиер Агире ќе се свести за грешките што ги прави.
Па слеп да е да му ебам мамата ќе види дека Бланко одамна ги има поминато своите фудбалски години. Можеби треба да биде тука како мотиватор и да добива некоја минута, но не да стартува и да одигрува цели мечеви. Жалосно е играчи како Барера и гвардадо да ротираат за да игра Бланко. Агире треба конечно еднаш да проба со Барера десно, Гвардадо лево, а Дос Сантос нека го акне напред или па во средниот ред. Нападот тапанарија. Гиљермо Франко тотално ме разочарува. Ќе видиме дали конечно ќе распали на мечот сои Аргентина. Треба да се проба малку и со Хернандез уште од почеток кога веќе нема играчи кои би играле на високи топки.
За денешниот меч излезе најнеповолниот резултат. Околу 40 минута баш им реков дома дека Мексико ќе прими гол и тука ќе биде решен мечот.
И баш се случи тоа. Уругвај победи ама според мене победата беше незаслужена. Едно нерешено ќе беше реален резултат но и тоа ќе беше како пораз за мексико така да нема да се бунам многу. Мечот очекувано почна со напади на Мексико. Агире уште од старт ја имаше утнато работата. Бланко стартер???? Се крстев 5 минути...
Тоа што почнаа отворено остави голема дупка во одбраната од страната каде што е Салсидо кој често идеше напред. Уругвај имаше одлична шанса но за малку не стрелаа за 1-0 по грешка на одбраната на Мексико. Е тогашп на теренот играше само еден тим. Шанси немаше но иницијативата беше кај Мексико. Чиста десетка за мојот омилен играч. Гвардадо изигра маестрално и неможам да сватам зашто го извади од игра освен ако не се работи за повреда или умор поради тоа што Гвардадо пропушти голем дел од мечевите на Депортиво.
Нема да го заборавам прекрасниот удар, момент кој можеше да го реши мечот...
Уругвај немаше никаква игра и се што правеа беше што ја чекаа грешката на Мексико. И тоа и се случи и тоа во најкобно можно време, на истекот на полувремето. Слична акција како и на почетокот и убав гол за 1-0.
Знаев дека тука мечот е готов и дека ништо не го спасува Мексико...
Единствена забелешка што ја имам за првиот дел е еден момент кој се случи уште околу 20-тата минута. Гвардадо влезе од лево нафрли, а еден од Уругвај како хокеар ја собра топката, али судијата не виде пенал. Никој не реагираше, па најверојатно не сум видел убаво што точно се случило...
Вториот дел уште една грешка на Агире. Го остави во игра Бланко., Тоа беше причина Мексико да неможе да организира акција, а Уругвај да створи две шанси.
Но излезе и Бланко, а во игра влезе Хернандез, нешто што мораше да се случи порано. До крајот Мексико подобар, една 100% шанса и на крај пораз...
Криво ми е што после се што прикажа Мексико мора да се задоволи со второто место и меч со Аргентина. Не барам победа на тој меч, само да ги видам Барера, Гвардадо и Дос Сантос искомбионирани во првиот тим...
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
^^ Мислам дека е крајно време еднаш и Мексико да ја помине Аргентина и конечно да се пласира во едно 1/8 финале. Јас гледам од 94та и не се сеќавам да поминале во 1/4 а секогаш имале многу солидно тимче и најчесто заслужувале пласман меѓу осумте. Претходното несреќно испаднаа Макси Родригез мислам беше со еден од најубавите голови на тоа СП во продолжение.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
^^ Мислам дека е крајно време еднаш и Мексико да ја помине Аргентина и конечно да се пласира во едно 1/8 финале. Јас гледам од 94та и не се сеќавам да поминале во 1/4 а секогаш имале многу солидно тимче и најчесто заслужувале пласман меѓу осумте. Претходното несреќно испаднаа Макси Родригез мислам беше со еден од најубавите голови на тоа СП во продолжение.
А ти бе Швабо, се плашиш да не ви вратиме за 2006?:) што поминавте на најшупачки начин што можеше, со тоа копиле Клозе...
 
M

Mario Gómez

Гостин
Германија-Аргентина во 1/4...

Тоа буди убави спомени... пенали+тепачки...:tv:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ќе видиме ќе видиме не брзајте...овој пат според мене германија е посилна од 2006 година но и аргентина има подобри индивидуалци од тогаш но го нема главниот диригент рикелме...дотогаш уживајте во фудбалите кои ви ги нудат!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.770
Поени од реакции
71.745
^^ Мислам дека е крајно време еднаш и Мексико да ја помине Аргентина и конечно да се пласира во едно 1/8 финале. Јас гледам од 94та и не се сеќавам да поминале во 1/4 а секогаш имале многу солидно тимче и најчесто заслужувале пласман меѓу осумте. Претходното несреќно испаднаа Макси Родригез мислам беше со еден од најубавите голови на тоа СП во продолжение.
Немаат поминато...
Во 98-ма загубија од Германија, мислам дека стрелаше Клинсман. Утакмица која беше изедначена, а во мексико царуваа Бланко ( со неговите финти, ќе ја стави топката меѓу нозе и ќе скокне меѓу двајца играчи :)), и Гарсија Аспе, а на голот малиот Кампос беше супер. Тогаш минаа глзарски во групата едвај земајќи бод со Кореја.
Во 2002 ја имаа најголемата шанса. Имаа супер состав и за противник го имаа САД. И кога сите очекуваа голема победа на Мексико предводен од Боргети, Донован им го тури :( 0-2!

Во 2006 истотака солиден состав. Но се падна Аргентина. Маркез даде гол за водство, Аргентина се изнбори за продолженија и тогаш макси Родригез волејот и 1-2...
Не сум голем оптимист ниту сега...
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Сосема очекувано Мексико и Уругвај одат понатаму. Франција не знам зошто воопшто се мачеа да патуваат во ЈАР. Сигурен сум дека Ирска да влезеше место нив (што и требаше да се случи), ќе изиграа многу подобро.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom